Толедо (покраина)

покраина во Шпанија

Толедо - покраина во средишна Шпанија, во западниот дел на автономната заедница Кастиља-Ла Манча. Се граничи со покраините Мадрид, Куенка, Сиудад Реал, Бадахос, Касерес и Авила. Главен град е градот Толедо.

Покраина Толедо
Provincia de Toledo
Покраина
Знаме на Покраина ТоледоГрб на Покраина Толедо
Местоположба на покраината Толедо во Шпанија
Местоположба на покраината Толедо во Шпанија
ДржаваШпанија
Автономна заедницаКастиља-Ла Манча
ПрестолнинаТоледо
Површина
 • Вкупна15.370 км2 (5,930 ми2)
Ранг8.
 • Ранг22.
ПарламентКортес генералес

Демографија

уреди

Од 711.228 лица во покраината (2012), само околу 1/9 живеат во главниот град Толедо, кој исто така е главен град на автономната заедница. Најпоанати општини во покраината се Толедо и Талевера де ла Реина со 83.741 и 83.303 жители за двете (ИНЕ, 2017).

Покраината содржи 204 општини. Најмалата општина во Шпанија, Иљан де Вакас, со население од 8, е во покраината Толедо.

Политика и власт

уреди

Покраинска власт

уреди
 
Седиште на покраинскиот совет.

Владиното тело на покраината е Покраинскиот совет на Толедо. Неговото седиште се наоѓа во Толедо. Членовите на собирот на советот (diputación) индиректно се избираат од редот на општинските советници во покраината, врз основа на резултатите од општинските избори. За возврат, пленарниот парламент го избира претседателот на советот од редот на своите членови.

Претставување во централната власт

уреди

Владата на Шпанија назначува владин под-делегат за покраината, чие седиште е во Толедо. Владиниот делегат што е надлежен за застапување во целата автономна заедница Кастиља-Ла Манча исто така има свое седиште во Толедо.

Грб на покраината Толедо

уреди

Од 2013 година покраината Толедо го користи грбот на градот, империјалниот црн двоглав орел, кој носи штит со грбовите на Кастиља и Леон, party per pale (поделен грб на вертикална половина) со грбот на поранешното Кралство Толедо. Орелот е придружен од двете страни со столбовите на Херакле.[1]

Географија

уреди

Покраината го дели Националниот парк Кабањерос со покраината Сиудад Реал. Корочо де Росидалго, кој се наоѓа на Толедските Планини, е највисоката точка на покраината (1.448 м).[2] Тахо тече низ покраината од североисток кон запад. Некои притоки на десниот брег се Гвадарама, Алберче или Тјетар.

Наводи

уреди
  1. „La Diputación de Toledo presenta su nuevo escudo“ [Канцеларијата на Советот на Покраината Толедо го претставува нејзниниот нов грб.]. ABC.es (шпански). 18 октомври 2013. Посетено на 9 јуни 2020.
  2. „Datos Municipales“. Ayuntamiento de Navalucillos. Архивирано од изворникот на 2020-01-29. Посетено на 2020-06-09.

Библиографија

уреди
  • Mingo Llorente, Adolfo de. „Del Alberche al Río Bravo: ríos toledanos en el cine“. Наводот journal бара |journal= (help)

Надворешни врски

уреди