Теруел (покраина)
Теруел (каталонски:Терол) - покраина во Арагон, на североистокот на Шпанија. Главниот град е Теруел.
Покраина Теруел | |||
---|---|---|---|
Покраина | |||
Сиера Караскоса со карпената формација Гереро Романо близу Бордон | |||
Местоположба на покраината Теруел во Шпанија | |||
Држава | Шпанија | ||
Автономна заедница | Арагон | ||
Престолнина | Теруел | ||
Површина | |||
• Вкупна | 14.809 км2 (5,718 ми2) | ||
Ранг | 10. | ||
2.93% од Шпанија | |||
Население (2018) | |||
• Вкупно | 134,572 | ||
• Ранг | 49. | ||
• Густина | 0,0.091/км2 (0,024/ми2) | ||
Демоним | Turolense; Теруелец |
Таа граничи со покраините Тарагона, Кастељон, Валенсија (вклучувајќи ја и неговата ексклава Ринкон де Адемуз), Куенка, Гвадалахара и Сарагоса. Областа на покраината е 14.809 км2. Нејзиното население е 134.572 (2018), од кои околу една четвртина живеат во главниот град, а густината на нејзината популација е 9,36 / км2. Содржи 236 општини, од кои повеќе од половината се села со под 200 лица.
Теруел е најстудената покраина во Шпанија. Каламоча, е град со најниски забележани температури, со температури до -30 степени
Географија
уредиОваа покраина се наоѓа во планинската област Система Иберико. Главните планински масиви во покраината Теруел се Сиера де ла Вирген, Сиера де Санта Круз, Сиера де Кукалин, Сиера де Сан Хуст, Сиера Караскоса, Сиера Менера, Сиера Паломера, Сиера де Хаваламбре, Сиера де Гудар, Сиера де Албарасин и Монтес Универзалес, меѓу другите.
Административна поделба
уредиСледниве комарки во Арагон се наоѓаат во покраината Теруел:
- Бахо Мартин
- Хилока
- Куенкас Минерас
- Андора-Сиера де Аркос
- Бахо Арагон
- Комунидад де Теруел
- Маестразго
- Сиера де Албарасин Комарка
- Гудар-Хаваламбре
- Матаранија
Познати луѓе
уреди- Луис Буњел, филмски режисер од Каланда
- Гаспар Санц, музички композитор од Каланда
- Антон Гарсија Абрил, музички композитор
- Пабло Серано, вајар од Кривиљен
- Луис Мила, пензиониран фудбалер кој играл за Теруел, Барселона и Реал Мадрид
- Давид Сивера, пејач на лесна музика
- Федерико Хименес Лосантос, автор, новинар и водител на радио
- Мануел Писаро Морено, стопанственик, политичар и правник
Надворешни врски
уреди- Teruel.org Архивирано на 10 април 2021 г.
- Teruel Info. - Caciquismo & desarrollismo - NB Ова мрежно место само со текст е на јапонски јазик. Содржината не е јасна.
- Теруел Дигитал
- Директориум во dmoz.org
- Fundación Amantes de Teruel
- Estado de los embalses de Teruel
- Teruel.com - Туризам
- Deteruel.com - Comunidad virtual de Teruel
- El número de ancianos españoles aumenta un 20% en 13 años