Севиља (покраина)

покраина во Шпанија

Севиља (шпански: Sevilla) — покраина во јужна Шпанија, во западниот дел на автономната заедница Андалусија. Се граничи со покраините Малага, Кадис на југ, Уелва на запад, Бадахос на север и Кордоба исток. Севиља е главен град на покраината, како и на цела Андалусија.[1]

Севиља
Sevilla
покраина
Знаме на СевиљаГрб на Севиља
Покраината во рамките на Шпанија
Покраината во рамките на Шпанија
Земја Шпанија
Автон. заедница Андалусија
СедиштеСевиља
Управа
 • ПретседателФернандо Родригес Виљалобос
Површина
 • Вкупна14.036 км2 (5,419 ми2)
Население (2022)
 • Вкупно1.963.000
 • Густина139,44/км2 (361,1/ми2)
Службени јазицишпански
Мреж. местоdipusevilla.es

Преглед

уреди

Сместен на јужниот брег на реката Гвадалкивир, градот Севиља е најголемиот во Андалусија.[2] Маврите ја поделиле поранешната покраина Андалусија на четири кралства — Севиља, Кордоба, Хаен и Гранада.[3] Севиља има најголем БДП од сите покраини во Андалусија. По неа следат покраините Малага и Кадис.[4] Севиљското пристаниште има големо стопанско значење за покраината.[5]

Покраината зафаќа површина од 14.036 км2. Населението брои 1.963.000 жители (2022), од кои околу 40 % живеат во главниот град, а густината изнесува 139,44 жит./км2. Таа опфаќа 105 општини. Го дели националниот парк „Доњана“ со покраината Уелва. Во неа се наоѓа и природнио парк Сиера Норте де Севиља (177.484 ха), најголемото заштитено подрачје во Андалусија.[2] Реката Гвадалкивир минува низ покраината од исток кон запад. Други поважни реки се Гвадијана, Пинта и Ксенил.[6] Северниот дел е претежно планински.[7][8] Севиља има топла средоземна клима со просечна годишна температура од 18,5 °C. Зимите се благи, а летата се врели. Лете максималната температура надминува 40 °C. Местото Есиха е наречено „Тавата на Андалусија“ for поради жешките лета.[9][10] Во неа се произведуваат големи количества пченка.[6] Туризмот е доста развиен; Севиља е меѓу водечките градови во Андалусија, и зад Барселона и Мадрид на државно ниво. Во 208 г. п.н.е. целото население на населбата на местото на денешна Естепа ги изгорело своите домови и извршило самоубиство пред нападот на Римјаните.[2] Севиља е град со најголема густина на барокни цркви во светот.[11] Од 1982 до 2000 г. во покраината постојано победувала Социјалистичката работничка партија. Во споредба со останатите покраини во Шпанија, Севиља важи за недоволно развиена.[12]

Наводи

уреди
  1. „Province of Sevilla“. Andalucia. Посетено на 29 септември 2014.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Province of Sevilla“. Spain Holiday. Посетено на 29 септември 2014.
  3. The Royal Military Chronicle: Or, British Officers Monthly Register and Mentor. V.1-7, Nov.1810-Apr.1814; New Ser. V.1-6, May 1814-Apr.1817. J. Davis. 1812. стр. 9.
  4. „Anuario Económico La Caixa 2012“ (шпански). La Caixa. Архивирано од изворникот на 20 јуни 2012. Посетено на 29 септември 2014.
  5. Coto-Millán, Pablo; Inglada, Vicente (2007). Essays on Transport Economics. Springer Science & Business Media. стр. 185. ISBN 978-3-7908-1765-2.
  6. 6,0 6,1 Bell 1832, стр. 274.
  7. Bell 1832, стр. 273.
  8. Bell, James (1832). A System of Geography, Popular, and Scientific: Or A Physical, Political, and Statistical Account of the World and Its Various Divisions. A. Fullarton and Company. стр. 273.
  9. Facaros, Dana; Pauls, Michael (2008). Andalucia. New Holland Publishers. стр. 132. ISBN 978-1-86011-389-5.[мртва врска]
  10. Malte-Brun, Conrad (1831). Universal Geography, Or, a Description of All the Parts of the World, on a New Plan: Spain, Portugal, France, Norway, Sweden, Denmark, Belgium, and Holland. A. Black. стр. 106.
  11. Head, Jeremy (2011). Frommer's Seville, Granada and the Best of Andalusia. John Wiley & Sons. стр. 1239. ISBN 978-1-119-99445-9.
  12. Vobolevicius, Vincentas (2007). Politics of State Aid. Electoral Motivations Behind Government Assistance to Industries in Germany, Spain and the United Kingdom. ProQuest. стр. 129. ISBN 978-0-549-58314-1.[мртва врска]

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди