Паленсија (покраина)
Паленсија ― покраина во северна Шпанија, во северниот дел на автономната заедница Кастиља и Леон на северозапад од Пиринејскиот Полуостров. Се граничи со покраините Леон, Кантабрија, Бургос и Ваљадолид.
Покраина Паленсија | |||
---|---|---|---|
Покраина | |||
Карта на Шпанија со Паленсија во црвено | |||
Држава | Шпанија | ||
Автономна заедница | Кастиља и Леон | ||
Главен град | Паленсија | ||
Површина | |||
• Вкупна | 8.052 км2 (3,109 ми2) | ||
Ранг | 29. по ранг | ||
1.6% од Шпанија | |||
Население (2018)[1] | |||
• Вкупно | 161.821 | ||
• Ранг | 46. по ранг | ||
• Густина | 20/км2 (52/ми2) | ||
Службен јазик(ци) | Шпански | ||
Собрание | Собрание на Шпанија | ||
Мреж. место | Покраински совет на Паленсија (шпански) |
Преглед
уредиОд населението од 176.125 (2002), 45% живеат во главниот град Паленсија, кој се наоѓа на Кастиљскиот Канал. Во покраината има 191 општина, од кои повеќе од половина се села со помалку од 200 жители. Главните градови во оваа покраина се: Гуардо, индустриско-рударски град;[2] Агилар де Кампо, бисквитно и туристичко село во северна Паленсија; Eрера де Писуерга, село кое е порта кон планината Паленсине, исто така е познато по своите летни активности и Фестивалот на ракови; Вента де Бањос, важен железнички и индустриски спој јужно од покраината; Виљамурјел де Серато, село јужно од Паленсија кое својот развој го должи на фабриката на Рено[3] и неговата близина до Паленсија; Сервера де Писуерга, во срцето на планините Паленсине; Баруело, рударски град[4] кој бил најнаселен град до 1960-тите. Во средниот век, Визиготите владееле со Паленсија. Базиликата „Св. Јован“, најстарата визиготска црква во Шпанија, била изградена во 661 година во околината на Бањос де Серато.[5] Во текот на тринаесеттиот век во покраината бил основан универзитет. Тој бил првиот универзитет на територијата на денешна Шпанија и еден од првите во светот. Подоцна бил префрлен во Ваљадолид.[6]
Покраината се граничи на север со Кантабрија, на запад со покраината Леон, на исток со покраината Бургос и на југ со покраината Ваљадолид.
Во Паленсија се наоѓаат големи заштитени подрачја како што се природниот парк Фуентес Карионас и Фуенте Кобре-Монтања Паленсија.[7] Поимот историски регион во Паленсија, се однесува на оние региони создадени во XIV век, под името мериндади. Кантабриските планини се наоѓаат во северните делови на покраината. Врвот Куравакас висок 2.520 метри се наоѓа во покраината.[8] Главните комерцијални производи произведени во покраината се јачмен, пченица, шеќерна репка, коноп, ленена и волнена облека, порцелан, кожа, хартија и килими. Преработката на храна и металургијата се главните индустрии.[8] Покраината има три судски области - по еден во Паленсија, Карион де лос Кондес и Сервера де Писуерга.[9]
Поврзано
уреди- Список на општини во Паленсија
- Формацијата Арауз која се наоѓа во Паленсија (Девонијан во Шпанија).[10]
Наводи
уреди- ↑ Општински регистар на Шпанија 2018. Национален статистички институт.
- ↑ Wagner, Robert Herman; García, L. G. Fernández; Eager, R. M. C. (1983). Geology and Palaeontology of the Guardo Coalfield (NE Leon - NW Palencia), Cantabrian Mts. IGME. стр. 7. ISBN 978-84-7474-220-6.
- ↑ Bank of London & South America (1976). Bank of London & South America Review. 10. Lloyds Bank International. стр. 417.
- ↑ Cameron, Rondo E. (2000). France and the Economic Development of Europe, 1800-1914. Psychology Press. стр. 91. ISBN 978-0-415-19011-4.
- ↑ Planet, Lonely (2012). Lonely Planet Valencia: Chapter from Spain Travel Guide. Lonely Planet Publications. стр. 145. ISBN 978-1-74321-263-9.
- ↑ Devine, Mary Elizabeth; Summerfield, Carol (2013), International Dictionary of University Histories, Taylor & Francis, стр. 109, ISBN 978-1-134-26217-5
- ↑ García, Carmelo Conesa; Guevara, Juan Bautista Martínez; Rogel, Yolanda Álvarez (2004), Medio ambiente, recursos y riesgos naturales: análisis mediante tecnologia SIG y teledetección, EDITUM, стр. 84, ISBN 978-84-8371-485-0
- ↑ 8,0 8,1 „Palencia (Province, Spain)“. Encyclopædia Britannica. Посетено на 23 декември 2021.
- ↑ „Judicial Districts“ (шпански). Генерален совет на правобранители на Шпанија. Архивирано од изворникот на 2011-09-12. Посетено на 23 декември 2021.
- ↑ Silur und Devon im Arauz-Gebiet (Prov.
Надворешни врски
уреди- Паленсија (покраина) на Ризницата ?