Алмерија (покраина)
Алмерија (шпански: Provincia de Almería) — покраина во автономната заедница Андалусија, Шпанија. Се граничи со покраините Гранада, Мурсија и Средоземното Море. Седиште е истоимениот град Алмерија.
Алмерија Almería | |||
---|---|---|---|
во рамките на Шпанија | |||
Земја | Шпанија | ||
Автономна заедница | Андалусија | ||
Главен град | Алмерија | ||
Површина | |||
• Вкупна | 8.774,87 км2 (338,800 ми2) | ||
Население (2014) | |||
• Вкупно | 701.688 | ||
• Густина | 80/км2 (200/ми2) | ||
Службен јазик | шпански | ||
Мреж. место | dipalme.org |
Покраината зафаќа површина од 8.774 км2 и брои 701.688 жители (2014). Управно е поделена на 102 општини.
Географија
уредиНајвисок планински венец во покраината е Сиера де Лос Филабрес, долг 50 км. Во покраината се наоѓа најсувото подрачје во Европа — природниот парк „Кабо де Гата-Нихар“. Сушните предели се особено значајни за филмската индустрија, и тука во 1960-тите се снимени разни вестерни, како што се За грст долари, За долар повеќе и Добриот, лошиот и грдиот. Подоцна на ова место се снимени и филмовите 800 куршуми, Конан Варваринот, Индијана Џонс и последниот крстоносен поход, Лоренс од Арабија и Патон.
Најголема река во Алмерија е Андаракс, а најголема водна површина е вештачкото езеро Бенинар, изградено за потребите на стаклениците.
Стопанство
уредиНајважната стопанска гранка е земјоделството, особено градинарски култури во стакленици. Секоја година се извезуваат милиони тони зеленчук во Европа и други континенти. Значајна улога има и туризмот поради сончевото време и привлечните места како Рокетас де Мар, Агвадулсе, Алмеримар, Мохакар, Вера и Кабо де Гата.
Индустрија
уредиНајразвиена индустриска гранка е вадењето и обработката на мермер од каменоломите во подрачјето на планината Сиера де лос Филабрес, и тоа од Макаел Вјехо до Черкос, Лихар и Кобдар, кои даваат преку 1,3 милиони тони. Обработката на мермер е во значаен подем, особено околу Канторија, Финес, Олула дел Рио и Пурчена во долината Алто Алмансора.
Наука
уредиВо Алмерија работи една од најважните астрономски центри во Шпанија — германско шпанската опсерваторииии „Калар-Алто“.
Во Табернас има истражувачки центар за сончева енергија и голем стројтрој од сончеви плочи наречен „Алмериска сончева платформа“ (Plataforma Solar de Almeria).[1]
Во Кабо де Гата работи центар за индустриско истражуввање на француското претпријатие „Мишлен“.
Наводи
уредиПоврзано
уредиНадворешни врски
уреди„Алмерија (покраина)“ на Ризницата ? |
- Управа на покраината Алмерија (шпански)
- Стопанска комора на Алмерија (шпански)
- Страница за „индало“ — симболот на Алмерија (шпански)