Кордоба (шпанска покраина)

покраина во Шпанија

Кордоба — една од 50-те покраини во Шпанија, во северноцентралниот дел на Автономната Заедница Андалусија. Се граничи со андалусиските покраини Малага, Севиља, Хаен и Гранада, екстремадурската покраина Бадахос и покраината Сиудад Реал, која е дел од автономната заедница Кастилја-Ла Манча. Нејзината површина изнесува 13.769 км 2.

Кордоба
Покраина
Знаме на КордобаГрб на Кордоба
Местоположба на Кордоба во Шпанија
Местоположба на Кордоба во Шпанија
ДржаваШпанија
Автономна заедницаАндалусија
Главен градКордоба
Управа
 • ПретседателАнтонио Руиз Круз (PSOE)
Површина
 • Вкупна13.769 км2 (5,316 ми2)
Ранг13.
 2,73% од Шпанија
Население
 • Вкупно800,000
 • Ранг18.
 • Густина58/км2 (150/ми2)
 1,78% од Шпанија
Официјален јазикШпански
ПарламентГенерален кортес
Мреж. местоdipucordoba.es

Историја

уреди

Кралскиот декрет од 30 ноември 1833 година, ја создал покраината Кордоба (заедно со 48 други покраини),[1] која била формирана со приклучување кон градовите на Кралството Кордоба и следните градови кои дотогаш ѝ припаѓале на покраината Бадахос: Белалказар, Фуенте ла Ланча, Хинојоса дел Дуке и Вилануева дел Дуке.

Развој на населението

уреди

Историското движење на населението е дадено на следниот графикон:

Географија

уреди

Преглед

уреди

Покраината е главно поделена на три географски области: Сиера Морена на север, Баетичка Депресија во центарот и Ла Кампиња на југ.[2] Климата е континентална средоземна со температури во главниот град кои се движат од 9,2 °C во јануари до 27,2 °C во јули и август, кои често надминуваат 40 °C. Врнежите во главниот град се движат од 600 до 750 mm годишно. Периодот на врнежи е од октомври до април. Покраината Кордоба е на 11-то место во Шпанија во која целото население е концентрирано во главниот град. Во просек, 31,96% од населението на една шпанска покраина го населува главниот град. Покраината се состои од 75 општини. Тие понатаму се групирани во 8 окрузи.[2]

Населението во Кордоба е 799.402 (2014), од кои повеќе од 40% живеат во главниот град Кордоба, а неговата густина на населеност е 58,06 ж/km 2. Покраината Кордоба содржи 75 општини. Покраината има три природни паркови: Природен парк Сиера де Кардења и Монторо,[3] Природен парк Сиера де Хорначуелос,[4] и Природен парк Сиерас Субетикас.[5] Универзитетот во Кордоба е основан во 1972 година.[6]

Главниот град на покраината е добро позната туристичка дестинација. Мескита е изградена со помош на столбови со нерамна висина.[7] Градот е прогласен за светско наследство во 1984 година.[8]

Окрузи

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Ford, Richard (2011). A Hand-Book for Travellers in Spain, and Readers at Home: Describing the Country and Cities, the Natives and Their Manners. Cambridge University Press. стр. 96. ISBN 978-1-108-03753-2.
  2. 2,0 2,1 „Introduction :Córdoba Province, Andalucia“. Spanish News Today. Посетено на 30 September 2014.
  3. (на шпански) Sierra de Cardeña y Montoro Natural Park
  4. (на шпански) Sierra de Hornachuelos Natural Park
  5. (на шпански) Sierras Subbéticas Natural Park
  6. Piñal, Francisco Aguilar (1991). History of the University of Seville. Universidad de Sevilla. стр. 211. ISBN 978-84-7405-826-0.
  7. Watson, Fiona Flores. „The city of Cordoba“. Andalucia.com. Посетено на 30 September 2014.
  8. Zee, Bibi van der. „Córdoba: the city that changed the world“. The Guardian. Посетено на 30 September 2014.

Надворешни врски

уреди