Оуренсе (покраина)

покраина во Галисија, Шпанија

Оуренсе (галисиски: Ourense, шпански: Orense) ― шпанска покраина, во југоисточниот дел на автономната заедница Галисија. Се граничи со покраините Понтеведра на запад, Луго на север, Леон и Самора, (кои и двете припаѓаат на Кастиља и Леон) на исток и со Португалија на југ. Со површина од 7.278 квадратни километри, таа е единствената покраина во Галисија без излез на море. Главниот град на покраината, Оуренсе, е најголемото средиште со население, а остатокот од покраината е претежно рурален.

Оуренсе
Provincia de Ourense
Покраина
Знаме на ОуренсеГрб на Оуренсе
Држава Шпанија
Автономна заедницаГалисија
Главен градОуренсе
Управа
 • ОрганПокраински совет на Оуренсе
 • ПретседателХосе Мануел Балтар Бланко (НПГ)
Површина
 • Вкупна7,273 км2 (2,808 ми2)
Население (2018)[1]
 • Вкупно309.372
 • Ранг36.
 • Густина43,000/км2 (110,000/ми2)
Демонимourensán (м), ourensá (ж)
ISO 3166ES-OR
Собрание14 пратеници (од 75)
Конгрес4 пратеници (од 25)
Сенат4 сенатори (од 19)
Мреж. местоwww.depourense.es

Зборот Ourense (на галисиски) е службеното име усвоено од Парламентот во Шпанија, според Законот 2/1998 година.[2]

Географија

уреди

Оуренсе е опкружен со планини од сите страни. Овие планини историски ја изолирале покраината од понаселениот галисиски брег. Сè додека не бил изграден автопат во последните години што го поврзува Оуренсе со Виго на запад и Бенавенте на исток, единствениот брз начин за луѓето да влезат или да ја напуштат покраината била железницата.

Главниот речен систем е Мињо-Сил, чии плодни долини произведуваат пченка и грозје за вино. Поради многуте брзаци, овие реки не се пловни, но се искористени за хидроелектрична енергија. Сил тече низ длабок кањон и стана барано туристичко место за крстарењата со реката и глетки.

Реката Лимија започнува северно од Синзо де Лимија и тече јужно кон Португалија. Реката Тамега, друга важна португалска река започнува северно од Верин.

Планинскиот терен и изолацијата ја држат покраината економски предизвик и поттикнал големо иселување во остатокот од Шпанија и во Новиот свет. Има одредено производство на вино долж долината на Мињо и во близина на Верин. Исто така, има значително одгледување свињи и одгледување компири, особено околу областа Синзо де Лимија, во исцеденото езерско корито на Антела, кое до 1960-тите било најголемото слатководно езеро во Шпанија.

Заштитени подрачја

уреди

Покраината има неколку заштитени подрачја и некои природни паркови, вклучувајќи:

  • Баиса Лимија-Сера до Сурес
  • Природен парк да Сера де Енсиња да Ластра
  • О Инвернадеиро

Демографија

уреди

Од населението на покраината од 309.986 (2018), околу три десетини живеат во главниот град Оуренсе со 105.000 жители.[3][4] Во Оуренсе има 92 општини. Освен главниот град, најважни се О Барко де Валдеорас, Верин, Рибадавија, Алариз, А Руа, О Карбаљињо, Вјана до Боло и Синзо де Лимија. Од 2018 година, Оуренсе има најниска стапка на наталитет од која било шпанска покраина, со стапка на раст на населението од -2.993.[5]

Населението на покраината Оуренсе

околу 1900 година

Округ население
Град Оуренсе 15.194
Паланки и села 389.117
Цела покраина (Вкупно): 404.311
(Encyclopædia Britannica, 1911) s:User:Tim Starling/ScanSet PNG демо

Економија

уреди

Индустриите вклучуваат хемиско производство, производство на млеко, полнење вода во шишиња во близина на Верин и производство на облека во близина на главниот град Оуренсе. Во индустриската зона во близина на тој град се наоѓа и една од најголемите стопански друштва за преработка на живина.

Покраината има и четири вински региони, од пет во целиот регион на Галисија. Рибеиро, Рибеира Сакра, Монтереј и Валдеорас.

Иако не е голем туристичко средиште, туризмот донекаде придонесува за економијата.[6] Речните долини привлекуваат туристи, а има и неколку зачувани средновековни градови (Алариз и Рибадавија).

Наводи

уреди
  1. Општински регистар на Шпанија 2018. Национален статистички институт.
  2. „Boletín Oficial del Estado“. Ministerio de la Presidencia. Посетено на 23 декември 2021.
  3. Iglesias, Brais. „Ourense perdió 3.173 habitantes en 2016, la mayor caída de Galicia“. laregion.es. La Region. Посетено на 23 декември 2021.
  4. GALÁN, PABLO. „Ourense, la provincia de España en la que más cayó la población en 40 años“. laregion.es. La Region. Посетено на 23 декември 2021.
  5. Galan, Pablo. „La inmigración suaviza en Ourense la peor cifra de natalidad de la historia“. laregion.es. La Region. Посетено на 23 декември 2021.
  6. Rodriguez, Vicente. „Ourense“. Encyclopædia Britannica. britannica.com. Посетено на 23 декември 2021.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди