Советскиот Сојуз на Олимписките игри

Советскиот Сојуз првпат настапил на Олимписките игри во 1952 г. и оттогаш учествувал на вкупно 18 олимпијади. На шест летни олимпијади, земјата освоила највеќе медали од сите, а на уште две го зазела второто место. Учествувајќи на вкупно 9 зимски олимпијади, СССР имал највеќе медали од сите 7 пати и двапати бил втор.

СССР на Олимписките игри

Знаме на Советскиот Сојуз
МОК-код  URS
НОК Советски олимписки комитет
Олимписка историја
Летни олимпијади
Зимски олимпијади
Други поврзани настапи
Руска Империја (1900–1912)
Естонија (1920–1936, 1992–)
Латвија (1924–1936, 1992–)
Литванија (1924–1928, 1992–)
Обединета екипа (1992)
Ерменија (1994–)
Белорусија (1994–)
Грузија (1994–)
Казахстан (1994–)
Киргистан (1994–)
Молдавија (1994–)
Русија (1994–)
Украина (1994–)
Узбекистан (1994–)
Азербејџан (1996–)
Таџикистан (1996–)
Туркменистан (1996–)

Олимпискиот комитет на СССР е основан на 21 април 1951 г. и признаен од МОК на XLV седница (7 мај 1951).

Првото учество на земјата било на Летните олимписки игри 1952 во Хелсинки, каде го освоила и првиот златен медал со рекордот постигнат од страна на Нина Ромашкова (м. Пономарјова) дисциплината фрлање диск во женска конкуренција (51,42 м).

Советските екипи првпат настапиле на Зимските олимписки игри во 1956 г. одржани во Кортина д'Ампецо, каде го освоиле првиот златен медал со постигнувањето Љубов Козирева во дисциплината скијачко трчање на 10 км во женска конкуренција.

Земјата била домаќин на летната олимпијада во 1980 г., одржана во Москва, која била бојкотирана од голе број земји предводени од САД поради советската инвазија на Авганистан. Како одговор на тоа, СССР и разни други земји вратиле со бојкот на летната олимпијада во 1984 г. одржана во Лос Анџелес.

Иако Советскиот Сојуз се распаднал на 26 декември 1991 г, Олимпискиот комитет на СССР формално продолжил да постои до 12 март 1992 г.

Во 1992 г., 12 од 15-те поранешни републики на СССР се здружиле во Обединета екипа на летните игри во Барселона, каде повторно освоиле највеќе медали. Обединетата екипа се натпреварувала и на зимската олимпијада истата година со 7 од 12 поранешни републики, заземајќи го второто место по број на освоени медали

Сите медали на СССР и оние на Руската Империја ѝ припаднале на Русија, но не се вбројуваат во вкупниот број постигнати медали во име на денешната Руска Федерација.

Приредени олимпијади

уреди

Советскиот Сојуз бил домаќин на една олимпијада.

Олимпијада Домаќин Период Земји Учесници Дисциплини
Летни олимписки игри 1980 Москва 19 јули – 3 август 80 5.179 203

Учество на олимпијади

уреди
Период Репрезентација
1900–1912   Руска Империја (RU1)
1920   Естонија (EST)
1924–1936   Латвија (LAT)   Литванија (LTU)
1952–1988   СССР (URS)
1992–    Обединета екипа (EUN)   Естонија (EST)   Латвија (LAT)   Литванија (LTU)
1994–   Ерменија (ARM)   Белорусија (BLR)   Грузија (GEO)   Казахстан (KAZ)   Киргистан (KGZ)   Молдавија (MDA)   Русија (RUS)   Украина (UKR)   Узбекистан (UZB)
1996–   Азербејџан (AZE)   Таџикистан (TJK)   Туркменистан (TKM)

Освоени медали

уреди
* Црвената обраба значи дека натпреварот е одржан на домашен терен.

Медали на летни олимпијади

уреди
Олимпијада Учесници Златни Сребрени Бронзени Вкупно Место
  Хелсинки 1952 295 22 30 19 71 2
  Мелбурн 1956 283 37 29 32 98 1
  Рим 1960 284 43 29 31 103 1
  Токио 1964 319 30 31 35 96 2
  Мексико 1968 313 29 32 30 91 2
  Минхен 1972 373 50 27 22 99 1
  Монтреал 1976 410 49 41 35 125 1
  Москва 1980 489 80 69 46 195 1
  Лос Анџелес 1984 не учествувала
  Сеул 1988 481 55 31 46 132 1
Вкупно 395 319 296 1010 2

Медали на зимски олимпијади

уреди
Олимпијада Учесници Златни Сребрени Бронзени Вкупно Место
  Кортина д'Ампецо 1956 55 7 3 6 16 1
  Скво Вели 1960 62 7 5 9 21 1
  Инсбрук 1964 69 11 8 6 25 1
  Гренобл 1968 74 5 5 3 13 2
  Сапоро 1972 78 8 5 3 16 1
  Инсбрук 1976 79 13 6 8 27 1
  Лејк Пласид 1980 86 10 6 6 22 1
  Сараево 1984 99 6 10 9 25 2
  Калгари 1988 101 11 9 9 29 1
Вкупно 78 57 59 194 4

Медали по летни спортови

уреди
  Предводник во тој спорт
Спорт Златни Сребрени Бронзени Вкупно
  Гимнастика 73 67 44 184
  Атлетика 65 55 75 195
  Борење 62 31 23 116
  Кревање тегови 39 21 2 62
  Кану 29 13 9 51
  Мечување 18 15 16 49
  Стрелаштво 17 15 17 49
  Бокс 14 19 18 51
  Пливање 13 21 26 60
  Веслање 12 20 10 42
  Велосипедизам 11 4 8 23
  Одбојка 7 4 1 12
  Коњички спорт 6 5 4 15
  Џудо 5 5 13 23
  Современ петобој 4 5 5 14
  Едрење 4 5 3 12
  Кошарка 4 4 4 12
  Ракомет 4 1 1 6
  Скокови во вода 3 4 6 13
  Ватерполо 2 2 3 7
  Фудбал 2 0 3 5
  Стреличарство 1 3 3 7
  Хокеј на трева 0 0 2 2
Вкупно 395 319 296 1010

Медали по зимски спортови

уреди
Спорт Златни Сребрени Бронзени Вкупно
  Скијачко трчање 25 22 21 68
  Брзо лизгање 24 17 19 60
  Уметничко лизгање 10 9 5 24
  Биатлон 9 5 5 19
  Хокеј на мраз 7 1 1 9
  Санкање 1 2 3 6
  Боб 1 0 2 3
  Скијачки скокови 1 0 0 1
  Нордиска комбинација 0 1 2 3
  Алпско скијање 0 0 1 1
Вкупно 78 57 59 194

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  • „The USSR and Olympism“ (PDF). Olympic Review. Меѓународен олимписки комитет (84): 530–557. октомври 1974. Посетено на 2008-03-28.
  • „Олимписки медалисти“. Меѓународен олимписки комитет. Посетено на 2007-10-09.