Алпско скијање на Зимските олимписки игри

Алпското скијање се одржува на секои Зимски олимписки игри од 1936, кога алпската комбинација била одржана на игрите во Гармиш-Партенкирхен, Германија.

Алпско скијање на Зимските олимписки игри
Раководен орган FIS
Дисциплини 10 (мажи: 5; жени: 5)
Игри
1924 1928 1932 1936 1948 1952
1956 1960 1964 1968 1972 1976
1980 1984 1988 1992 1994 1998
2002 2006 2010 2014
Освојувачи на медали

Од 1948 до 1980, Зимските олимписки игри исто така служеле како Светско првенство во алпско скијање во олимписките години. За време на овој период, освојувачите на олимписки медал добивале дополнителен медал со иста боја од страна на Меѓународната скијачка федерација (FIS).

Натпреварите по велеслалом биле воведени на Светското првенство во 1950 година и на игрите во 1952 година; двете програми ја отстраниле алпската комбинација, но оваа дисциплина се вратила на Светското првенство во 1954 година како трка на "хартија", користејќи ги резултатите од слаломот, велеслаломот, и спустот. На игрите од 1956 до 1980, медалите за алпска комбинација ги доделувала Меѓународната скијачка федерација. Како посебна дисциплина (една трка спуст, две трки слалом), алпската комбинација се вратила на игрите во 1988 година, на кои исто така била воведена трката во супервелеслалом. На игрите во 2010 во Ванкувер, на официјалната програмата била воведена супер комбинацијата која се состои од една трка спуст и една трка слалом и се одржува во еден ден.

На врвот на табелата на медали на сите времиња во машка конкуренција се наоѓа норвежанецот Кјетил Андре Омот кој има освоено вкупно осум олимписки медали (од кои четири златни), а во женска конкуренција водач на табелата е хрватката Јаница Костелиќ која има освоено вкупно шест олимписки медали (од кои четири златни).

Домаќини

уреди
Година Град Држава Друго натпреварување
1936 Гармиш-Партенкирхен   Германија
1948 Сент Мориџ   Швајцарија Светско првенство во апско скијање 1948
1952 Осло   Норвешка Светско првенство во апско скијање 1952
1956 Кортина д’Ампецо   Италија Светско првенство во апско скијање 1956
1960 Сква Вали   САД Светско првенство во апско скијање 1960
1964 Инсбурк   Австрија Светско првенство во апско скијање 1964
1968 Гренобл   Франција Светско првенство во апско скијање 1968
1972 Сапоро   Јапонија Светско првенство во апско скијање 1972
1976 Инсбурк   Австрија Светско првенство во апско скијање 1976
1980 Лејк Пласид   САД Светско првенство во апско скијање 1980
1984 Сараево   Југославија
1988 Калгари   Канада
1992 Албервил   Франција
1994 Лилехамер   Норвешка
1998 Нагано   Јапонија
2002 Солт Лејк Сити   САД
2006 Торино   Италија
2010 Ванкувер   Канада
2014 Сочи   Русија

Дисциплини

уреди
Дисциплина 24 28 32 36 48 52 56 60 64 68 72 76 80 84 88 92 94 98 02 06 10 14 Години
Алпска комбинација за мажи                         10
Спуст за мажи         18
Слалом за мажи         18
Велеслалом за мажи           17
Супервелеслалом за мажи                             8
Алпска комбинација за жени                         10
Спуст за жени         18
Слалом за жени         18
Велеслалом за жени           17
Супервелеслалом за жени                             8
Вкупно       2 6 6 6 6 6 6 6 6 6 6 10 10 10 10 10 10 10 10

Табела на медали

уреди

Националните олимписки комитети напишани со коси букви повеќе не се натпреваруваат на Зимските олимписки игри

Место Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1   Австрија (AUT) 34 39 41 114
2   Швајцарија (SUI) 20 19 20 59
3   САД (USA) 16 19 9 44
4   Франција (FRA) 15 15 15 45
5   Италија (ITA) 13 9 8 30
6   Германија (GER) ^ 12 7 7 26
7   Норвешка (NOR) 10 9 10 29
8   Шведска (SWE) 5 2 9 16
9   Хрватска (CRO) 4 6 0 10
10   Канада (CAN) 4 1 6 11
11   Западна Германија (FRG) ^ 3 5 1 9
12   Лихтенштајн (LIE) 2 2 5 9
13   Словенија (SLO) 2 2 3 7
14   Германија (EUA) ^ 2 1 2 5
15   Шпанија (ESP) 1 0 1 2
16   Луксембург (LUX) 0 2 0 2
  Југославија (YUG) 0 2 0 2
18   Финска (FIN) 0 1 0 1
  Јапонија (JPN) 0 1 0 1
  Нов Зеланд (NZL) 0 1 0 1
  Русија (RUS) 0 1 0 1
22   Австралија (AUS) 0 0 1 1
  Чешка (CZE) 0 0 1 1
  Чехословачка (TCH) 0 0 1 1
  СССР (URS) 0 0 1 1
Вкупно 143 144 141 428

^ Германија се натпреварувала на Зимските олимписки игри под различни имиња; сите од нив се истакнати посебно. На Германија и било забрането да настапува на игрите во 1948, а во 1952 настапила како Германија, иако со само натпреварувачи од Западна Германија. Од 1956 до 1964, Западна Германија и Источна Германија се натпреварувале под името Обединета екипа на Германија. Од 1968 до 1988, двете држави настапувале посебно. По обединувањето на Германија во 1990 година, бил возобновен германскиот тим кој обединет се појавил на игрите во 1992 година. До 2014, Германија има освоено вкупно 40 медали во алпско скијање (17 златни, 13 сребрени, 10 бронзени).

Рекорди

уреди

Неколку рекорди во поглед на годините биле поставени на Зимските олимписки игри 2014:

Останати претходно поставени рекорди:

  • Микела Фигини (17) најмлада освојувачка на златен медал во алпско скијање; освоила златен медал во спуст во 1984.
  • Траудл Хехер (16) најмлад освојувач на олимписки медал во алпско скијање; освоил бронзен медал во спуст во 1960.
  • Тони Зајлер (20) најмлад освојувач на златен медал во алпско скијање; освоил златни медали во слалом, велеслалом и спуст во 1956.

Наводи

уреди
  1. „Bode Miller becomes oldest Olympic Alpine skiing medallist with bronze“. The Guardian. Reuters. 16 February 2014.
  2. Holpuch, Amanda (21 February 2014). „USA's Mikaela Shiffrin youngest-ever gold medal winner in slalom“. The Guardian.
  3. 3,0 3,1 Pennington, Bill (22 February 2014). „Slalom Champion Sets an Age Record“. New York Times.

Надворешни врски

уреди