Јован Богослов
Апостол Јован Богослов — еден од дванаесетте апостоли на Исус Христос и е признат за христијански светец, еден од творците на Евангелието.
Свети Јован | |
---|---|
Јован Богослов на икона од XV век | |
Апостол, Евангелист | |
Починал(а) | 1 век, near |
Почитуван(а) во | Римокатоличка црква Православна црква Источнокатоличка црква Англиканска црква Лутеранска црква |
Слава |
Апостол Јован е роден во Палестина. Неговите родители се викале татко Зеведеј и мајка Салома. Јован заедно со својот татко и брат биле рибари. Во Евангелието, браќата се нарекуваат Зеведееви по името на нивниот татко. Тој е еден од првите ученици на Јован Крстител. Заедно со Свети Андреј, прв станал апостол на Исус Христос. Заедно со Свети Јаков и Свети Петар, тој е еден од апостолите на кој Исус најмногу им верувал. По воскреснувањето на Исус, тој останал во Ерусалим заедно со Свети Петар, лечејќи го народот од разни болести.
Во Ерусалим се задржал сè до смртта на Дева Марија, најмногу поради тоа што и самиот Исус Христос на крстот му ја дал оваа задача да се грижи за неговата мајка. Во 60 година проповедал во Мала Азија, станувајќи бискуп и основач на христијанската црква на овие простори. Доживеал длабока старост, починал на 101 година во времето на цар Трајан. Според Библијата, кога Јован наполнил повеќе од сто години, наредил на своите ученици да му ископаат гроб во вид на крст. Потоа тој влегол жив во гробот и бил погребан. Кога подоцна неговите верници го отвориле неговиот гроб, не го пронашле телото во гробот.
Неговото евангелие е напишано за прогонувањето на христијаните. Тој во христијанскиот народ се трудел да ја утврди вербата кон Исус Христос. Творец е на “Откровението“
Негов симбол е орелот. Заштитник е на писателите, издавачите, сликарите, теолозите. Неговото име се честува на 26 септември Споменот на овој голем апостол и евангелист се празнува на 26 септември. А на 8 мај се споменува чудото пројавено на неговиот гроб.