Содома и Гомора (филм од 1962)

Содома и Гомора, познат во САД како Последните денови на Содома и Гомора, е епски филм од 1962 година, делумно заснован на библиската приказна за Содома и Гомора. Филмот е француско-италијанска-американска копродукција направена од Pathé, SGC и Titanus. Режиран е од Роберт Олдрич и продуциран од Маурицио Лоди-Фе, Џофредо Ломбардо и Џозеф Е. Левин. Сценариото е напишано од Џорџо Проспери и Хуго Батлер, а кинематографи се Алфио Контини, Силвано Иполити, Цирил Џ. Ноулс и Марио Монтоури, додека музиката е на Миклош Рожа.

„Содома и Гомора“
РежисерРоберт Олдрич
ПродуцентЏозеф Е. Левин
Маурицио Лоди-Фе
Џофредо Ломбардо
СценаристЏорџо Проспери
Хуго Батлер
Главни улогиСтјуарт Грејнџер
Анук Еме
Пјер Анџели
Стенли Бејкер
Росана Подеста
МузикаМиклош Рожа
КинематографијаАлфио Контини
Силвано Иполити
Цирил Џ. Ноулс
Марио Монтоури
МонтажаМарио Серандреи
Питер Танер
ДистрибутерTwentieth Century-Fox Film Corporation
ПремиераИталија 4 октомври 1962
САД 23 јануари 1963
Времетраење154 минути
ЗемјаИталија/Франција/САД
Јазиканглиски

Филмот трае 155 минути.

Содржина

уреди

Градовите близнаци Содома и Гомора брзо се развиваат поради богатството на сол, кое го копа армија робови. Декадентните граѓани, кои се збогатиле со трговијата на солта, живеат во луксуз и користат робови за насилни игри и забава.