Албрехт Дирер

(Пренасочено од Дирер)

Албрехт Дирер (германски: Albrecht Dürer; Нирнберг, 21 мај 14716 април 1528) — германски сликар, дрворезец, графичар и математичар, исклучителен претставник на германската ренесанса. Најпознат е по неговите серијални дрворези како „Апокалипса“ (1498), два серијала за распетието на Христа, „Големото страдание“ (1498-1510) и „Малото страдание“ (1510-1511) како и многу поединечни графики како „Витез, Смртта и Ѓаволот“ (1513), „Свети Јероним во неговата работна соба“ (1514) и „Меланхолија I“ (1514). Неговото дело „Четирите јавачи на Апокалипсата'“ (1497-1498), дел од серијалот наречен „Апокалипса“ е исто така многу познато. Од посебно значење се и неговите автопортрети.

Албрехт Дирер
Albrecht Dürer
Роден(а)21 мај 1471(1471-05-21)
Нирнберг,
Свето Римско Царство
Починал(а)6 април 1528(1528-04-06) (возр. 56)
Нирнберг,
Свето Римско Царство
НационалностГерманец
Познат(а) пографика, сликарство
Значајни делаВитез, Смртта и Ѓаволот“ (1513)
Свети Јероним во неговата работна соба “ (1514)
Меланхолија I“ (1514)
Диреровиот носорог
Правецвисока ренесанса
ПокровителиМаксимилијан I

Прва посета на Италија

уреди

На 7 јули 1494 г. Дирер се оженил, по договор во негово отсуство, со Агнеса Фреј, ќерка на месен трговец. Нивниот однос не е доволно познат, но се знае дека нејзиниот углед страдал како резултат на навреди од страна на Диреровите пријатели по нејзината смрт. Дирер не останал во Нирнберг за долго; есента 1494 г. допатувал во Италија, оставајќи ја жена си во Нирнберг. Тој отишол во Венеција, и ова го знаеме од неговите тогашни дела кои се во духот на северноиталијанскаите дела на Мантења, Антонио Полајуло, Лоренцо ди Креди и други. Во 1495 г. Дирер морал да се вратил во Нирнберг, каде изгледа живеел и работел во следните 10 години кога ги направил неговите најзначајни графики.

 
Меланхолија I“ (1514), дрворез.

Враќање во Нирнберг

уреди

За време на првите години од 1495 г., па натаму Дирер работел по утврдените германски и северноевропски норми, но бил отворен и за влијанија од ренесансата. Неговите најдобри дела од овој период се 16 дрворези на тема „Апокалипса“, започнати во 1498 г. Истата година ги изработил првите седум сцени од серијалот „Големото страдание“, а малку подоцна серија од 11 гравури на тема Свето семејство и и на тема светци. Околу 1504-5 г. ги изрезбал првите 17 дрворези од збирката на илустрации на животот на Богородица. Овие и „Големото страдание“ биле издадени неколку години подоцна.

Дирер работел и на подробната и поскапа техника бакрорез. Со оваа техника тој не изработувал големи серијали како со дрворезот, но изработил повеќе Богородици, единечни ликови од писанијата на светците, неколку митолошки актови и (понекогаш сатирични) групи на секојдневни луѓе. Венецијанскиот уметник Јакопо де Барбари, кого Дирер го запознал во Венеција, накратко го посетил во Нирнберг во 1500 г. и извршил влијание врз него со тоа што го инструирал во новите подобрувања во перспективата, анатомијата и телесната складност, кои Дирер почнал и сам да ги изучува. Разни постоечки цртежи сведочат за неговите експерименти на овие полиња, достигнувајќи го врвот со познатиот дрворез „Адам и Ева“ (1504) кој укажува на фактот дека неговото длабоко и подробно разбирање на пејзажот добило примена и кај изработката на телесни површини со употреба на најфини алатки. До 1505 г., Дирер изработил уште две-три ремек-дела пред да ја посети Италија по вторпат.

Втора посета на Италија

уреди

Во Италија Дирер почнал да слика, најпрвин во темпера на ленено платно насликал портрети и иконостаси, notably the Паумгартнерскиот иконостас и „Тројцата мудреци“. Во раниот период на 1506 г., се вратил во Венеција и останал таму сѐ до пролетта 1507 г. Таму му било нарачано да слика за германската имигрантска црква Св. Вартоломеј. Сликата била поблиска до италијанскиот стил. Нејзиното име било „Возвишение Богородично“, позната и како „Гозбата на розовите венци“; истата потоа била купена од царот Рудолф II и преместена во Прага. Други слики од венецијанскиот период се „Богородица и Синот Божји со трнарче“, „Христос во расправа со лекарите“ (изработена за само пет дена) и разни помали дела.

Нирнберг и ремек-делата

уреди
 
Портрет на Јакоб Фугер, ок. 1519 г.

И покрај неговиот углед во Венеција, Дирер се вратил во Нирнберг во лето 1507 г. и останал во Германија сè до 1520 г. Неговиото име се расчуло по цела Европа и тој бил пријател со сите европски мајстори во тоа време. Рафаел се сметал за почестен кога си ги разменииле цртежите со Дирер.

Периодот помеѓу враѓањето од Веневија и заминувањето за Холандија се делат по тип на делата со кои се занимавал во дадено време. Првите пет години (1507-1511) се одликуваат со сликање. Во нив, работејќи со огромен број на подготвителни цртежи и студии, Дирер ги извел неговите најдобри сликарски дела - „Адам и Ева“ (1507), „Богородица со перуниката“ (1508), иконостасот „Вознесение Богородично“ (1509), и „Возвишение на Троицата од сите светци“ (1511). Во овој период Дирер завршил и два дрвореза на тема „Големото страдание“ и „Житието на Богородица“ кои ги издал во 1511 заедно со второто идание на серијалот „Апокалипса“.

Од 1511 до 1514 г. Дирер се насочил кон гравурата на дрво и бакар, но особено на бакарот. Главно дело до овој период претставуваат триесет и седумте теми за „Малото страдание“ во дрво, за првпат издадени во 1511 г., и збирка од петнаесет мали бакрорези на истата тема во 1512 г. Во 1513 и 1514 г. се појавиле најпознатите Дирерови бакрорези, „Витез, Смртта и Ѓаволот“ (или само „Витезот“ како што го нарекол делото во 1513 г.), „Меланхолија I“ и „Св. Јероним во неговата работна соба“ (двете во 1514 г.).

Во годините до 1520 г. Дирер извел широк спектар на дела. Потрети во темпера на лен во 1516 г. Гравури на многу теми, експерименти во клише на плочи од железо и цинк како и дел од Триумфалната капија и Триумфалниот марш за царот Максимилијан I. Исто така тој ги изработил и рабните декорации за молитвеникот на царот и портретура во цртеж на самиот цар кратко пред неговата смрт во 1519 г.

Патешествие во Холандија и понатаму

уреди
 
„Св. Јероним во неговата работна соба“

Во летото 1520 г. желбата за обезбедување на покровителство по смртта на цар Максимилијан повторно го навела Дирер на пат. Заедно со неговата жена и нејзината слугинка во јули тргнал за Холандија за да присуствува на крунисувањето на Новиот Свет римски цар Карло V. Тој патувал покрај Рајна до Келн, а потоа до Антверпен каде бил добро примен и каде извел доста дела во графит, креда и дрвен ќумур. Покрај тоа што отишол во Ахен за крунисувањето, тој направил и екскурзии до Келн, Најмвеген, Хертогенбос, Брисел, Брухе, Гент и Зеланд. Конечно се вратил дома во јули 1521 г., боледувајќи од непозната болест која го следела през остатокот на животот.

Последните години во Нирнберг

уреди
 
Насловната страна на Vier Bücher von menschlicher Proportion („Четири книги на човековата сразмерност“, 1528) со неговиот славен потпис

Во Нирнберг, Дирер почнал со серијал од духовни живописи. Во овој дел Дирер бил помалку активен заради здравјето, но и заради неговите опширни технички сликарски студии. Во сликарството забележителни дела од тој период е се „Богородица и Синот Божји“ (1526) и две плочи со Св. Јован со Св. Петар и Св. Павле со Св. Марко во позадината. Во бакрорез Дирер произвел само мал број на потрети како оние на кардиналот-кнез на Мајнц („Великиот крадинал“), Фридрих Мудриот, изборен кнез на Саксонија и неговите пријатели хуманистот Вилибалд Пиркхајмер, Филип Меланхтон и Еразмо Ротердамски.

Дирер, исто така, успеал да заврши две книги за време на неговиот живот. Една на тема геометрија и перспектива („Прирачникот на сликарот“), издадена во Нирнберг во 1525 г., и една на тема тврдини, издадена во 1527 г. Неговото дело за човековите пропорции било издадено накратко по неговата смрт во 1528 г., на ворзаст од 56 години.

Значење и влијание

уреди

Во романот „Старите мајстори. Комедија“, австрискиот писател Томас Бернхард го нарекува Дирер „ужасен“, „нирнбершки каменорезец“ и „одвратен пранацистички нацист... кој ја распнувал на платно природата, па ја убивал“.[1]

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди
  1. Tomas Bernhard, Stari majstori. Komedija. Beograd: LOM, 2019, стр. 39.