Стив Винвуд
Стивен Лоренс Винвуд (англиски: Stephen Lawrence Winwood; роден на 12 мај 1948) ― англиски музичар и текстописец. Иако првенствено е гитарист, клавијатурист и пејач, Винвуд умешно свири на други инструменти, како: тапани, мандолина, бас и саксофон.
Стив Винвуд | |
---|---|
Стив Винвуд во 2009 | |
Животописни податоци | |
Родено име | Стивен Лоренс Винвуд |
Роден(а) | 12 мај 1948 Бирмингем, Англија |
Жанрови | |
Занимања |
|
Инструменти |
|
Период на активност | 1961–денес |
Издавачи | |
Мреж. место | stevewinwood.com |
Винвуд својата слава ја стекнал во текот на 1960-тите и 1970-тите како член на три популарни групи: Spencer Davis Group (1964-1967), Traffic (1967-1969 и 1970-1974) и Blind Faith (1969). Во текот на 1980-тите имал многу успешна соло-кариера при што објавил многу хит-синглови, како: „While You See a Chance“ (1980) и „Valerie “ (1982). Неговиот албум „Back in the High Life“ од 1986 година го одбележал неговиот зенит во кариерата, со хит-синглови како „Back in the High Life Again“, „The Finer Things“ и песната на прво место на американскиот Billboard Hot 100 „Higher Love“.
Во 2004 година, Винвуд како член на Traffic бил примен во Куќата на славните на рокенролот. Добил две Греми награди, награда Ајвор Новело и е прогласен за икона на БМИ. Во 2008 година, Ролинг Стоун го рангирал Винвуд на 33-то место на листата на 100 најдобри пејачи на сите времиња.
Живот и кариера
уредиСтив Винвуд е роден на 12 мај 1948 година[1] во Бирмингем.[2] [3] Неговиот татко Лоренс бил леар, но исто така бил и полупрофесионален музичар (кларинет и саксофон). Винвуд почнал да свири пијано на четиригодишна возраст, а набрзо почнал да свири гитара и да тропа на тапани.
Почетоци на кариерата
уредиУште додека бил на училиште, Винвуд се стекнал со слава меѓу блуз-рок музичарите во Бирмингем. За време на британските турнеи свирел песни на блуз и рок легенди како Мади Вотерс, Џон Ли Хукер, Хаулин Волф, Би Би Кинг., Чак Бери и Бо Дидли. Винвуд го моделирал своето пеење по Реј Чарлс.[4]
The Spencer Davis Group
уредиНа 14-годишна возраст, Винвуд (тогаш познат како „Стиви“ Винвуд) станал пејач и клавијатурист на Spencer Davis Group.[5] Покрај него, во групата членувале: гитаристот Спенсер Дејвис, тапанарот Пит Јорк и басистот Маф Винвуд (постар брат на Стив).
Во 1964 година, Spencer Davis Group потпишала договор за снимање со Island Records. Првиот сингл на групата „Damps“ бил објавен 10 дена по 16-тиот роденден на Винвуд.[6] Винвуд ги напишал песните со кои групата стекнала популарност во Америка: „Gimme Some Lovin“ и „I'm a Man“.[7] [8] [9] Винвуд ја напуштил групата во април 1967 година.
Traffic и Blind Faith
уредиВо април 1967 година Винвуд формирал нова група наречена Traffic, во која покрај него членувале: тапанарот Џим Капалди, гитаристот Дејвид Мејсон и мултиинструменталистот Крис Вуд.[10] Првиот сингл на групата, „Paper Sun“, напишан од Капалди и Винвуд, бил издаден на 19 мај 1967 година и веднаш станал хит (5-то место) во Велика Британија и во Канада (4-то место).
За време на постоењето на групата Винвуд најчесто бил главен пејач, а исто така свирел на клавијатури и гитари (свирел на гитари по заминувањето на Мејсон во 1968 година). Traffic се распаднале на почетокот од 1969 година откако претходно објавиле два албума: Mr. Fantasy (1967) и Traffic (1968). Третиот албум, Last Exit, бил издаден подоцна истата година.
По распаѓањето на Трафик, Винвуд ја формирал супергрупата Blind Faith, заедно со поранешните членови од Cream, Ерик Клептон (гитара) и Џинџер Бејкер (тапани) и поранешниот член од групата Family Рик Греч (бас).[11] Групата објавила само еден албум (кој стигнал до прво место во ОК и во САД), на набрзо се распаднала поради тоа што Клептон бил повеќе заинтересиран за предгрупата на Blind Faith, Delaney & Bonnie & Friends; по завршувањето на турнејата Клептон ја напуштил групата и таа се распаднала.
Во 1970 година, Винвуд се вратил во студио со намера да сними прв соло-албум, пробно насловен како Mad Shadows. Снимил две нумери: „Stranger to Himself“ и „Every Mother's Son“. Сепак, Винвуд на крајот ги повикал поранешните колеги од Traffic, Џим Капалди и Крис Вуд да му помогнат, при што снимањето завршило со повторно обединување на Traffic и нивниот нов албум, John Barleycorn Must Die.[12] Traffic потоа објавиле уште пет албуми: Welcome to the Canteen (1971), The Low Spark of High Heeled Boys (1971), Shoot Out at the Fantasy Factory (1973), On the Road (1973) and When the Eagle Flies (1974). Напорните турнеи и снимање биле причина Винвуд да го растури Трафик во 1974 година и да се повлече од снимање музика неколку години. [13]
Соло кариера
уредиВо 1977 година Винвуд ја започнал неговата соло-кариера. Неговиот прв истоимен соло-албум (1977) поминал во голема мера незабележано, но вториот албум Arc of a Diver бил комерцијално многу успешен.
Во 1982 година го објавил албумот Talking Back to the Night, на кој се наоѓа песната „Valerie“, која ќе стане хит-сингл по повторното објавување во 1987 година. Arc of a Diver и Talking Back to the Night биле снимени во неговиот дом во Глостершир, а Винвуд свирел на сите инструменти.
Во 1986 година, Винвуд заминал за Њујорк за да го сними неговиот следен албум. Таму, тој побарал помош од неколку ѕвезди за да го сними Back in the High Life. Албумот станал тројно платинест во САД, а неговиот прв сингл „Higher Love“ стигнал до прво место на Billboard Hot 100. Винвуд добил Греми награда за Запис на годината и за Најдобра машка поп вокална изведба.
Со исклучок на периодот поминат во Blind Faith во 1969 година, Винвуд уште од 1964 година бил под Island Records. Но, на врвот на неговиот комерцијален успех, Винвуд се преселил во Virgin Records и ги издал албумите Roll with It (1988) и Refugees of the Heart (1990).[14]
Обединување на Traffic и подоцнежни дела
уредиВо 1994 година, Винвуд се здружил со Капалди и го издале албумот Far From Home под името Traffic, кој официјално се смета за осми и последен албум на групата.
Во 2003 година, Винвуд објавил нов студиски албум, About Time, со неговата нова издавачка куќа, Wincraft Music. Во 2004 година, Ерик Прајз зел семпл од песната на Винвуд од 1982 година „Валери“ за песната „Call on Me“. Ремиксот поминал пет недели на првото место на топ-листата за синглови во Велика Британија. [15]
На 7 мај 2023 година, Винвуд настапил како дел од концертот по повод на крунисувањето на кралот во замокот Виндзор, каде што ја испеал „Higher Love“.[16] </link>[ подобро извор потребно ] [17] </link>
Наследство
уредиВинвуд бил примен во Куќата на славните на рокенролот како член на Traffic во 2004 година.[18] [19] Во 2005 година, Винвуд бил прогласен за икона на BMI за неговото „трајно влијание врз генерациите на музичките продуценти“.[20] [21] Во 2008 година, Ролинг Стоун го рангирал Винвуд на 33-то место на листата на 100 најдобри пејачи на сите времиња.[22] Винвуд добил две Греми награди.[23] [24] [25] Двапати бил номиниран за наградата Брит за најдобар британски машки уметник: 1988 и 1989 година. Во 2011 година, од Британската академија на текстописци, композитори и автори ја добил наградата Ivor Novello за извонредна колекција песни.[26] [27]
Личен живот
уредиОд 1978 до 1986 година, Винвуд бил оженет со Никол Вир (починала 2005), која пеела придружни вокали на некои од неговите први соло-песни.[28]
Примарната резиденција на Винвуд е велепоседнички дом стар 300 години во Котсволдс, Англија, каде што има и студио за снимање. Винвуд, исто така, има дом во Нешвил, Тенеси, каде живее со неговата сопруга Јуџинија Крафтон, со која се оженил во 1987 година. Имаат четири деца. [29] [30] [31]
Дискографија
уредиСоло
уреди- Steve Winwood (1977)
- Arc of a Diver (1980)
- Talking Back to the Night (1982)
- Back in the High Life (1986)
- Roll with It (1988)
- Refugees of the Heart (1990)
- Junction Seven (1997)
- About Time (2003)
- Nine Lives (2008)
- Greatest Hits Live (2017)
Spencer Davis Group
уреди- Their First LP (1965)
- The Second Album (1966)
- Autumn '66 (1966)
Traffic
уреди- Mr. Fantasy (1967)
- Traffic (1968)
- Last Exit (1969)
- John Barleycorn Must Die (1970)
- Welcome to the Canteen (1971)
- The Low Spark of High Heeled Boys (1971)
- Shoot Out at the Fantasy Factory (1973)
- On the Road (1973)
- When the Eagle Flies (1974)
- Far from Home (1994)
Blind Faith
уреди- Blind Faith (1969)
Наводи
уреди- ↑ DeCurtis, Anthony (1 December 1988). „Steve Winwood: From Mr. Fantasy to Mr. Entertainment“. Rolling Stone. Архивирано од изворникот на 2 May 2019. Посетено на 2 May 2019.
- ↑ „Spencer Davis Group“. Brumbeat.net. Архивирано од изворникот на 27 December 2017. Посетено на 10 January 2018.
- ↑ „The 15 famous faces from Handsworth, Birmingham | BirminghamWorld“.
- ↑ „"Steve Winwood: English Soul," BBC4, broadcast 25 February 2011“. BBC. Архивирано од изворникот на 15 October 2014. Посетено на 29 September 2014.
- ↑ „It's 'About Time' for Steve Winwood“. BBC. Архивирано од изворникот на 29 December 2007. Посетено на 19 August 2007.
- ↑ „The Spencer Davis Group Discography - UK“. 45cat.com. Архивирано од изворникот на 20 February 2020. Посетено на 18 April 2020.
- ↑ Roberts, David (2006). British Hit Singles & Albums (19th. изд.). London: Guinness World Records Limited. стр. 143. ISBN 1-904994-10-5.
- ↑ Whitburn, Joel (1991). Joel Whitburn's Top Pop Singles 1955–1990. Menomonee Falls, Wisconsin: Record Research. ISBN 0-89820-089-X.
- ↑ „Official Singles Chart Results Matching: I'm a Man“. Official Charts Company.
- ↑ Traffic Biography AllMusic
- ↑ „Steve's still winning nine lives later“. Herald.ie. Архивирано од изворникот на 13 February 2012. Посетено на 29 September 2014.
- ↑ Perciaccante, Mike (20 April 2017). „Steve Winwood“. Madhouse Magazine. Архивирано од изворникот на 24 June 2018. Посетено на 24 June 2018.
- ↑ „"Steve Winwood: English Soul", BBC4, broadcast 25 February 2011“. bbc.co.uk. Посетено на 2011-09-13.
- ↑ „Steve Winwood - interview 1987“. YouTube.
- ↑ „Eric Prydz“. The Argus. Архивирано од изворникот на 24 October 2017. Посетено на 24 October 2017.
- ↑ Live, On Location. „Official Site“. Steve Winwood (англиски). Посетено на 2023-06-02.
- ↑ „Details of staging released ahead of Coronation Concert“. www.bbc.com (англиски). Посетено на 2023-06-02.[мртва врска]
- ↑ Walker, Donna Isbell (May 2, 2017). „Seven facts about Steve Winwood“. The Greenville News.
- ↑ „Traffic“. Rockhall.com. Архивирано од изворникот на 2 August 2014. Посетено на 29 September 2014.
- ↑ „BMI Honors Top European Writers, Publishers at 2005 London Awards; Steve Winwood Named a BMI Icon“. Bmi.com. 28 November 2005. Архивирано од изворникот на 14 January 2009. Посетено на 15 September 2010.
- ↑ Brandle, Lars (29 November 2005). „Hollis' 'Life' Honored At BMI London Awards“. Billboard.com.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ „Steve Winwood“. grammy.com.
- ↑ „Steve Winwood's 10 greatest songs, ranked“. Smooth.com. May 5, 2023.
- ↑ Mogle, Danny (24 May 2020). „May 24: Grammy Awards give Steve Winwood, Tyler's Will Jennings some 'Love' in 1987“. TylerPaper.com.
- ↑ Topping, Alexandra (19 May 2011). „Plan B aka Ben Drew takes top honours at Ivor Novello awards“. The Guardian.
- ↑ "Ivors 2011: Steve Winwood" Архивирано на 7 ноември 2016 г.. The Ivors. Retrieved 28 December 2017
- ↑ „"No Hiding Place", Mojo Magazine, May 1997“. Winwoodfans.com. 24 October 1998. Архивирано од изворникот на 25 June 2013. Посетено на 7 April 2013.
- ↑ Ayers, Tia. „Steve Winwood & Eugenia Crafton“. proposalmagazine. Архивирано од изворникот на 25 June 2013. Посетено на 31 July 2012. Archived version
- ↑ „"True Brit", In Style, October 1997“. 22 October 1997. Архивирано од изворникот на 18 April 2009. Посетено на 31 July 2012.
- ↑ Benjamin, Scott (11 February 2009). „A Rock Legend Living The High Life“. CBS News. Архивирано од изворникот на 11 February 2012. Посетено на 31 July 2012.
Надворешни врски
уреди- Официјална веб страна
- Албуми на кои Винвуд гостувал и/или ги продуцирал
- Стив Винвуд и Ерик Клептон во живо@ Букурешт (преглед) Архивирано на {{{2}}}. </link>
- Steve Winwood — AllMusic (англиски)
- Steve Winwood на Семрежната филмска база на податоци (англиски)