Енио Мориконе
Енио Мориконе ОМРИ[1]; 10 ноември 1928 во Рим – 6 јули 2020 Рим) — италијански композитор, добитник на престижната филмска награда Оскар и Медал за заслуги за Македонија.[2]
Енио Мориконе | |
---|---|
Енио Мориконе во 2012 година | |
Животописни податоци | |
Познат(а) и како | Маестро, Дан Савио, Лео Николс |
Роден(а) | 10 ноември 1928 Рим, Кралство Италија |
Починал(а) | 6 јули 2020 Рим, Италија | (возр. 91)
Жанрови | |
Занимања |
|
Инструменти |
|
Период на активност | 1946–2020 |
Мреж. место | http://www.enniomorricone.org/ |
Енио Мориконе е роден во Рим на 10 ноември 1928 година. Познат по своите бројни филмски музички теми, напишал повеќе од 500 во целокупната своја кариера, од кои 30 напишал за вестерн филмовите. Сепак, најмногу познат е токму по нив. Неговиот карактеристичен и мошне имитиран стил на компонирање за овој жанр на филмови може да се долови преку музиката за филмот Добриот, лошиот и грдиот на режисерот Серџо Леоне со кого Енио Мориконе имал долга и плодна соработка.
Музичкото творештво на Мориконе вбројува исто така и голем број композиции кои не се направени за филмови и кои можат да се класифицираат во жанрот на современата музика: театарски опери, симфониски дела како и дела за оркестар и солисти, хорски композиции, камерна музика итн.
Енио Мориконе е академик и член на Националната академија Санта Чечилија како и долгогодишен член на престижното здружение Нова Хармонија која во Италија игра важна улога во ширењето и продукцијата на современата музика. Мориконе продал повеќе од 40 милони дискови.
Животопис
уредиПочетоци
уредиПо потекло од Арпино (провинција на Фрозиноне) но роден во Рим, своето музичко образование го стекнал во Конзерваториумот Санта Чечилија, каде се стекнал со диплома по труба (со оцена 7/10) и компонирање (оцена 9,50/10 со Гофредо Петраси). Исто така изучувал и хорска музика и хорско диригирање. Истовремено работел како трубач во многу римски оркестри, стекнувајќи на тој начин еден значаен практичен дух и создавајќи мрежа на пријателства во сценскиот свет. Започнал да пишува филмска музика во 1955 година, паралелно работејќи како аранжер на забавна музика за разни оркестри и за плочите на италијанската радиотелевизија - РАИ. Сепак, Мориконе и понатаму продолжува да се смета за „учен“ композитор и да пишува современа класична музика: дефиницијата на „волшебник на филмска музика“ е редуцирана. Во 1956 год. се оженил со Марија Травија и од тој брак се родиле четири деца. Во 1958 год. се вработил како музички асистент во РАИ но истиот ден дал отказ веднаш штом сфатил дека таму нема да може да гради кариера и дека, по експлицитно барање на тогашниот генерален директор на РАИ, Филиберто Гуала, сосем било забрането емитувањето на програми со музиката напишана од страна на вработените во јавната радиотелевизија.
Соработката со Серџо Леоне
уредиМориконе и Леоне биле школски другари уште од основно училиште и во 1964 год. започнале заедно да соработуваат. Во истиот период Мориконе започнал да соработува и со Бернардо Бертолучи. Првата филмска музичка тема која ја напишал за Леоне била за филмот „За грст долари“ во 1964 год., продолжувајќи со работата на една цела серија шпагети-вестерн филмови режирани од римскиот режисер (За некој долар повеќе, ”Добриот, лошиот и грдиот, Беше еднаш на Западот, Долу главата, Моето име е никој), соработка која траела сè до последниот филм на Серџо Леоне, гангстерскиот Беше еднаш во Америка, пишувајќи едни од неговите најпознати музички теми. За Серџо Леоне, Мориконе пишува едни од своите најдобри музички филмски теми, музика која придонела во тоа филмовите на Леоне да станат вистински ремек дела. На своите концерти Енио Мориконе секогаш му посветува еден дел на познатиот режисер Серџо Леоне.
Едно корисно уметничко пријателство
уредиСè до почетокот на шеесеттите години од XX век, Мориконе живеел со сопругата Марија и со децата во познатиот римски кварт Трастевере. Веднаш над неговиот стан живеела сликарката Ева Фишер, важна женска фигура на римската уметност од послевоениот период. Токму со неа Мориконе имал интензивна културна размена која кулминирала во 1992 год. со објавувањето на компакт дискот насловен како „На Ева Фишер Сликарот“ како прилог на една книга со репродукциите на сликарските дела на Ева Фишер кои биле инспирирани од музиката на пријателот Енио.
Првите официјални признанија
уредиЈа добива својата прва награда Сребрена Лента (итал. Nastro d'Argento) во 1965 год. (година во која започнал да работи како предавач по компонирање во престижниот Конзерваториум Личинио Рефиче во Фрозиноне во чие основање самиот зел активно учество) благодарени на музиката за филмот Metti, una sera a cena, и втората награда веднаш следната година за филмот Sacco e Vanzetti. Првата номинација за наградата Оскар пристигнала во 1979 год. за музиката за филмот Денови на Рајот (англ.Days of Heaven), по што следи и онаа во 1986 год. за филмот Мисија (англ.The Mission) кој сепак ќе ја освои наградата од Британската Академија за Филм и Телевизиска Уметност (БАФТА) како и Златен Глобус, потоа во 1987 год. за филмот Недопирливи (англ. The Untouchables) кој ќе добие Сребрена Лента, Награда од Британската Академија, Златен Глобус и Греми Награда, во 1992 год. за филмот Багзи (англ.Bugsy) и во 2001 год. за филмот Малена (итал. Malèna).
Во 1984 год. освојува уште една друга награда од БАФТА за музиката за филмот Беше еднаш во Америка, последниот филм на Серџо Леоне.
Наградата Оскар
уредиНа 25 февруари 2007 год. по пет ненаградени номинации, му е доделена со долгоминутни овации од многубројната публика, наградата Оскар за животно дело, „за неговите извонредни и разни придонеси во полето на уметноста на филмската музика“.
Наградата Оскар му ја додели глумецот Клинт Иствуд, икона на вестерн филмовите од Серџо Леоне.
Паралелно со овој настан во продажба бил пуштен албумот чија реализација отпочнала уште во 2006 год. од страна на издавачката музичка куќа Сони: на компакт дискот насловен како „Ние сите го сакаме Енио Мориконе“ (англ. We All Love Ennio Morricone), кој ги содржи најголемите и најуспешни дела на маестро Мориконе изведувани од страна на пејачи и уметници со светска слава: Металика, Селин Дион, Андреја Бочели, Брус Спрингстин и многу други.
Селин Дион, во чест на композиторот, за време на доделувањето на наградата Оскар ја испеа песната „Знаев дека те сакам“ (англ. I Knew I Loved You) која е дел од дискот и која е инспирирана од музиката од филмот Беше еднаш во Америка.
Наводи
уреди- ↑ „Morricone Sig. Ennio“. www.quirinale.it. 27 December 2017. Посетено на 17 October 2018.
- ↑ Указ бр.1, 06.07.2009: Енио Мориконе — Добитник на Медалот за заслуги за Македонија Архивирано на 2 ноември 2013 г. — Претседател на РМ
Надворешни врски
уреди„Енио Мориконе“ на Ризницата ? |
- Официјално мрежно место
- Официјално мрежно место на Warner Music Архивирано на 14 јули 2009 г.
- Ennio Morricone Fanpage[мртва врска] (англиски) (германски)
- Ennio Morricone Unofficial Fans Club Архивирано на 29 октомври 2009 г.
- Forum fans amatoriale in italiano
- The Ennio Morricone Online Community (англиски)