Пиштар Лутфиу
Пиштар Лутфиу (албански: Pishtar Lutfiu; Дебар, 17 март 1986) — македонски политичар, член на ДУИ. Бил Министер за образование и наука во периодот од 5 април 2016 до 1 јуни 2017 година.
Пиштар Лутфиу | |
---|---|
Министер за образование и наука | |
На должноста 5 април 2016 – 1 јуни 2017 | |
Премиер | Емил Димитриев |
Претходник | Абдилаќим Адеми |
Наследник | Рената Дескоска |
Лични податоци | |
Роден(а) | 17 март 1986 Дебар, СР Македонија, СФРЈ |
Националност | Албанец |
Партија | ДУИ |
Животопис
уредиПиштар Лутфиу е роден на 17 март 1986 година во Дебар. Средно образование завршил во Тетово. Во 2009 година дипломирал на Универзитетот на Југоисточна Европа по „Јавна администрација и политички науки“ додека во 2012 година на истиот универзитет станал Магистер по политички науки. Во периодот од 2011 до 2013 година бил генерален секретар на Институтот за политички и меѓународни студии во Скопје. Во 2013 година работел во Секретаријатот за спроведување на Охридскиот рамковен договор во секторот за меѓународни односи. Во 2014 година станал претаседател во „Клуб Алпбах Македонија“[1].
Во периодот од 5 април 2016 до 1 јуни 2017 година ја извршувал функцијата Министер за образование и наука.
Наводи
уреди- ↑ „Биографија на vlada.mk“. Архивирано од изворникот на 2016-04-16. Посетено на 2017-06-01.
Политички функции | ||
---|---|---|
Претходник Абдилаќим Адеми |
Министер за образование и наука 5 април 2016 - 1 јуни 2017 |
Наследник Рената Дескоска |