Отвори го главното мени

Матица Македонска

Логото на Матица Македонска

Матица Македонска, позната и како Клуб Матица е македонска издавачка куќа, со седиште во Скопје.

ИсторијатУреди

Ова книгоиздавателство е основано во почетокот на 90-тите години на XX век од страна на поетот Раде Силјан, кој потоа бил и негов директор. Со текот на времето, „Матица македонска“ прераснала во една од најголемите издавачки куќи во Македонија. Во склоп на издаваштвото, функционира и продавница, која се наоѓа на бул. Климент Охридски во Скопје, но книгите од оваа издавачка куќа се застапени во голем број други книжарници низ земјата.

 
Специјално дизајнираното лого по повод 20-годишниот јубилеј на издаваштвото

Издавачка дејностУреди

Каталогот на „Матица македонска“ содржи поголем број наслови, како:

Други активностиУреди

„Матица Македонска“ организира многубројни манифестации поврзани со литературата, од кои најпознати се двата нивни фестивали на книгата, односно Саемот на книги, кој се оддржува редовно во последните николку години во текот на февруари, како и летниот фестивал, наречен Со книга на плажа, кој, исто така, е од традиционален карактер. Овие два фестивали се многу попуарни меѓу целото македонското население, бидејќи има големо намаление на речиси целиот асортиман во книжарницата, а истовремено се случуваат и промоции на нови наслови како од македонски автори, така и преводи на познати странски дела.[8]

НаводиУреди

  1. Рената Тренеска, Сепа. Скопје: Матица македонска, 1996.
  2. Меша Селимовиќ, Дервишот и смртта. Скопје: АЕА издавачи, Матица македонска, 2000.
  3. Виктор Иго, Клетници. Скопје: Матица македонска, 2003.
  4. Роберт Алаѓозовски, „Кога розевото ќе зацрвени до мрак“, Економија и бизнис, година 18, број 217/218, јули/август 2016, стр. 101-103.
  5. Ана Бунтеска, Стави лајк на сопствениот живот. Скопје: Матица Македонска, 2015.
  6. Ана Бунтеска, Колку е потребно за среќа. Скопје: Матица Македонска, 2016.
  7. Ана Бунтеска, Да му се насмееш на животот. Скопје: Матица Македонска, 2017.
  8. Матица Македонска

Надворешни врскиУреди