Прва влада на Зоран Заев
(Пренасочено од Влада на Македонија од 2017)
30. влада на Македонија — орган на извршната власт во Република Македонија избран по предвремените парламентарни избори од 11 декември 2016. Водачот на СДСМ Зоран Заев добил мандат за состав на владата од претседателот Ѓорге Иванов како предводник на најголемата партија од парламентарното мнозинство.[1] Собранието на Република Македонија на 31 мај 2017 со 62 гласа „за“ 44 „против“ и 5 „воздржан“ ја изгласало владата на Заев. Освен СДСМ во владата учествувале албанските партии ДУИ со шест министри и АА со двајца министри.[2] Партијата ВМРО-ДПМНЕ по 11 години на власт заминала во опозиција.[3]
Прва влада на Зоран Заев Заев I | |
---|---|
30. влада на Македонија | |
2017-2020 | |
Заев во 2017 | |
Конституирана | 31 мај 2017 |
Распуштена | 3 јануари 2020 |
Организација | |
Претседател | Ѓорѓе Иванов (до мај 2019) Стево Пендаровски (од мај 2019) |
Премиер | Зоран Заев |
Вкупно членови | 25 |
Статус во собрание | Коалициска влада |
Историја | |
Избори | 2016 |
Претходен кабинет | Димитриев |
Следен кабинет | Спасовски |
Состав на владата
уредиСоставот на владата на Македонија од 2017 година е следен:[4]
- Зоран Заев (СДСМ) – претседател на владата
- Кочо Анѓушев (независен) – вицепремиер за економски прашања
- Хазби Лика (ДУИ) – вицепремиер за спроведување на Рамковниот договор
- Бујар Османи (ДУИ) – вицепремиер за евроинтеграции
- Никола Димитров (независен) – министер за надворешни работи
- Оливер Спасовски (СДСМ) – министер за внатрешни работи
- Радмила Шекеринска (СДСМ) – министер за одбрана
- Драган Тевдовски (СДСМ) – министер за финансии
- Мила Царовска (СДСМ) – министер за труд и социјална политика
- Горан Сугарески (СДСМ) – министер за транспорт и врски
- Љупчо Николовски (СДСМ) – министер за земјоделство, шумарство и водостопанство
- Роберт Алаѓозовски (СДСМ) – министер за култура
- Рената Дескоска (СДСМ) – министер за образование и наука
- Дамјан Манчевски (СДСМ) – министер за информатичко општество и администрација
- Едмонд Адеми (СДСМ) – министер без ресор
- Роберт Поповски (СДСМ) – министер без ресор
- Зорица Апостолска (НСДП) – министер без ресор
- Зоран Шапуриќ (ЛДП) – министер без ресор
- Аднан Ќахил (ПДТ) – министер без ресор
- Самка Ибраимовски (ПЦЕР) – министер без ресор
- Билен Салиу (ДУИ) – министер за правда
- Крешник Бектеши (ДУИ) – министер за економија
- Садула Дураку (ДУИ) – министер за животна средина и просторно планирање
- Рамиз Мерко (ДУИ) – министер без ресор
- Арбен Таравари (АА) – министер за здравство
- Сухејл Фазлиу (АА) – министер за локална самоуправа
Наводи
уреди- ↑ „Иванов ќе му врачи на Заев мандат за формирање Влада“. Вечер. 17 мај 2017. Архивирано од изворникот на 2017-05-21. Посетено на 28 мај 2017.
- ↑ „Македонија со нова Влада“. Вечер. 1 јуни 2017. Архивирано од изворникот на 2017-06-06. Посетено на 1 јуни 2017.
- ↑ „11 години владеење – што остави власта на ВМРО-ДПМНЕ“. 24 Вести. 31 мај 2017. Посетено на 31 мај 2017.
- ↑ „Владата на Зоран Заев влезе во Собранието“. 24 Вести. 28 мај 2017. Посетено на 28 мај 2017.
Надворешни врски
уреди- Влада на Република Македонија Архивирано на 11 април 2011 г.