Политички систем
Политички систем е систем на политика и управување. Обично се споредува со правниот систем, економски ситем, културен систем и други општествени системи. Тој е различен од нив, и општо се дефинира со скептар од лево, т.е. комунизам и социјализам, до десно, т.е. фашизам. Меѓутоа, ниеден систем не е крајно позициониран, па така највеќето се поблиску до средината. Австралија е добар пример за центро-деснистичка земја.
Преглед
уредиПостојат неколку дефиниции за поимот „политички систем“:
- Политички систем е целосен збир на институции, групи на интерес (како партии, синдикати, лоби-групи), соодносот помеѓу тие институции и политичките норми и правила по кои тие се водат (устав, изборно право).
- Еден политички систем е составен од членовите на некоја општествена организација (група) која е на власт.
- Политичкиот систем е систем кој има две неопходни својства: збир меѓузависни компоненти и ограничувања на околината со која тој е во сооднос.
- Политичкиот систем е концепт во теорија е начин на управување кој води политика и огранизира раководење.
- Политички систем е тоа што го обезбедува одржувањето на редот и поредокот во општеството, кое истовремено им овозможува и на другите институции да ги поднесуваат своите жалби и поплаки.
Заеднички елементи на политичките системи:
- Меѓузависни делови
- Државјани
- Управување (Влада)
- Ограничувања
- Државјанство
- Територија
- Сопственост
Основни облици на политички системи
уредиПоврзано
уреди- Државно уредување, сроден, но засебен поим
- Список на државни уредувања
- Изборен систем
Наводи
уреди- Almond, Gabriel A. и др. Comparative Politics Today: A World View (Седмо издание). 2000. ISBN 0-316-03497-5