Лотосова метаморфоза

Лотосова метаморфоза е збирка поезија на македонската поетеса Рената Тренеска, објавена во 1991 година од НИО „Студентски збор“.

Технички податоци

уреди

Книгата е објавена во рамките на библиотеката „Современа македонска поезија“. Рецензенти биле Љупчо Димитровски и Санде Стојчевски. Ликовно-графичкото уредување е дело на Никола Симовски, а нацртот на корицата и илустрациите ги направила Сања Тренеска. Книгата била финансиски поддржана од Републичката СИЗ за култура, а била отпечатена во универзитетската печатница „Кирил и Методиј“ во Скопје, во тираж од 1 000 примероци. Книгата има 37 страници, со димензии од 22 сантиметри и е каталогизирана во Народната и универзитетска библиотекаКлимент Охридски“, Скопје.[1]

Содржина

уреди

Збирката се состои од 26 песни, собрани во два циклуса: „Небесни соништа“ и „Будење“. Првиот циклус ги содржи песните: „Лотос“, „Вљубена светулка, „Љубов, „Светлина, „Бдение, „Мечтаења, „Траума на љубовта“, „Страствени пориви“, „(Од)брана“, „Корења“, „Препород“, „Без здив“ и „Стерилни соништа“. Во вториот циклус се поместени следниве песни: „Жена“, „Плодотвор“, „Периодична маефтика“, „Распродажба на љубовта“, „Бледи спомени“, „Потрага“, „Уште една потрага“, „Враќање“, „Егзибиционист“, „Фантазија“, „Марш“, „Едипов комплекс“ и „И после сè: игра“.[2] На крајот од книгата се ставени извадоци од рецензиите, а на задната корица е дадена куса биографија на авторката.

Наводи

уреди
  1. Рената Тренеска, Лотосова метаморфоза, Студентски збор, Скопје, 1991.
  2. Рената Тренеска, Лотосова метаморфоза, Студентски збор, Скопје, 1991.