Сепа е новела од македонската писателка Рената Тренеска, објавена во 1996 година во издание на „Матица македонска“.

Технички податоци

уреди

Книгата е објавена во рамките на библиотеката „Современа проза“. Ликовно-графичкото уредување е дело на Нико П. Този, јазичната редакција и коректурата ги извршил Дејан Павлески, компјутерската обработка ја извршила фирмата „ТЕ-ЈАН“ од Скопје, а книгата била испечатена во печатницата „Де & Јо“ од Скопје. Книгата има 81 страница, со димензии од 20 сантиметри. Таа е каталогизирана во Народната и универзитетска библиотекаКлимент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 9989-48-068-0.[1]

Содржина

уреди

Новелата има 10 глави, а дејството се одвива во Охрид, во 2016 година.[2]

Наводи

уреди
  1. Рената Тренеска, Сепа, Матица македонска, Скопје, 1996.
  2. Рената Тренеска, Сепа, Матица македонска, Скопје, 1996.