Георги Скрижовски

Георги Скрижовски (1882 - 25 февруари 1925) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и раководител на Македонската револуционерна организација, приврзаник на Серската група, деец на Привременото претставништво на бившата ВМРО и разлошки вовјода.

Георги Скрижовски
Роден 1882
Скрижово, Егејска Македонија
Починал 25 февруари 1925
Свиленград, Бугарија

Животопис

уреди

Георги Скрижовски е роден во село Скрижово, Зихненско. Вистинското име му е Георги Радев Иванов, а презименската форма ја зема подоцна, како ознака за местото од каде потекнува.

Учи во педагошкото училиште во Сер, каде зема учество во револуционерниот кружок во училиштето, а потоа е учител во Демирхисарско.

Влегува во четата на Димитар Гоштанов. Во 1902 г. е во четата на Јане Сандански како секретар. Учесник во Илинденското востание, член на Серскиот револуционерен комитет.

После востанието формира чета, со која дејствува во Разлошко. Зема активно учество во борбите со врховистите. За време на Младотурската револуција учествува во одредот на Сандански и походот кон Цариград.

По Балканските војни и Првата светска војна, како приврзаник на серската група, тој е член на Привременото претставништво на бившата ВМРО и потписник на Апелот од 9 март 1919 до Париската мировна конференција.

По конечната поделба на Македонија се повлекува од македонските борби и живее со семејството во Свиленград. Но и таму поддржува врски со Димо Хаџи Димов.

Во продолжение на горноџумајските крвави настани од септември 1924 година, Скрижовски е убиен во Свиленград на 25 февруари 1925 година од екзекутор на ВМРО (Автономистичка).[1]

Наводи

уреди
  1. Енциклопедия България, том 6, Издателство на БАН, София, 1988.