Разговор за Википедија:Инкубатор

Избрани статии уреди

Повеќето избрани статии би требало да се вклучат во оваа селекција на квалитетни статии, без оглед што се веќе избрани. Поздрав, --Црноризец (разговор) 00:59, 9 март 2009 (UTC)

Добро, ама изборот на избрани статии од овој портал не е основната цел. Иницијативата се покрена на 1 февруари и вклучувањето на статии е само за оние кои се проширени по оваа дата. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 01:03, 9 март 2009 (UTC)

Предлог уреди

Оваа листа на статии се навистина добри и има од различни области. Мој предлог е тие статии да се распоредат за избрани, односно секоја седмица да има по една од овие статии од различно области. Во меѓу време ќе го надополнуваме овој портал. Така, моментално има 65 квалитетни статии а тоа значи дека имаме избрани статии за 65 седмици. Дали се согласувате со ваков начин на работа, ако да тогаш да ги распоредиме. Поздрав--MacedonianBoy 14:16, 9 април 2009 (UTC)

Начинот на кој ќе се прават шаблоните/ статиите би бил следниот: Википедија:Избрана статија/2009/XX

Мој предлог за распоред на избрани статии:

Период Статија
27 април- 03 мај Хари Потер и Каменот на мудроста (филм)
04 мај- 10 мај Таблица на вистинитост
11 мај- 17 мај Гилгамеш (еп)
18 мај- 24 мај Повеќеѕвезден систем
25 мај- 31 мај Улан Батор
01 јуни- 07 јуни Леопард
08 јуни- 14 јуни Баскиски јазик
15 јуни- 21 јуни Леонард Ојлер
22 јуни- 28 јуни Ала
29 јуни- 05 јули Вистински Крст
06 јули- 12 јули Галија
13 јули- 19 јули Шагринска кожа
20 јули- 26 јули Гинисови рекорди
27 јули- 02 август Француска одбрана
03 август- 09 август Носорог
10 август- 16 август Битка кај Хатин
17 август- 23 август Владимир Крамник
24 август- 30 август Херцшпрунг-Раселов дијаграм
03 август- 09 август Струга
31 август- 06 септември Природен логаритам
07 септември- 13 септември Јавански носорог
14 септември- 20 септември Географија на Индија
21 септември- 27 септември Адолф Хитлер
28 септември- 04 октомври Паштунски јазик
05 октомври - 11 октомври Макемаке
12 октомври - 18 октомври Мат (шах)
19 октомври - 25 октомври Просек
26 октомври - 01 ноември Лаос
02 ноември - 08 ноември Снежен леопард
09 ноември - 15 ноември Пи
16 ноември - 22 ноември Шпанска партија
23 ноември - 29 ноември Лаоски јазик
30 ноември - 06 декември Исус Христос
07 декември - 13 декември Куритиба
14 декември - 20 декември Американски алигатор
21 декември - 27 декември Варијанса
28 декември - 03 јануари (2010) Сан Марино
04 јануари (2010) - 10 јануари (2010) Животна средина
11 јануари (2010) - 17 јануари (2010) Виетнамски јазик
18 јануари (2010) - 24 јануари (2010) Стандардно отстапување
25 јануари (2010) - 31 јануари (2010) Велес

Статии кои треба да се додадат на листава, а не се ставени поради повторување на областа и недостаток на статии од останати теми:

Биологија: Бел носорог  · Суматрански носорог  · Индиски носорог  · Јагуар
Географија:Кратово  · Гевгелија  · Берово  · Боливија  · Перу  · Еквадор  · Парагвај
Јазик:Јапонски јазик  • Урду јазик  • Тонгански јазик  • Фиџиски јазик

Критика уреди

Навистина мислам само добро за енциклопедијава и знам дека веќе сум здодевен со моите забелешки, кои не ми носат ништо добро, но морам нешто да прокоментирам. Овој прокет - со 500 избрани статии е прекрасна идеја, но статиите не се ИЗБРАНИ тие се КАТАСТРОФА. Се разбира не сите, тие што веќе биле на главната страница се донекаде одлични, да речеме немам замерки, но останатите речиси сите се катастрофа. Прво, статијата за Бијонсе Ноулс нема ниту една, повторувам НИТУ ЕДНА вики врска, а исто така нема ниту една референца. Статијата може да преживее без вики врски но БЕЗ референци, навистина е апсурдно, како сакате некој да ја чита содржината за која тврдиме дека е проверлива, а не е. Второ статијата за Турска кујна го има употребено зборот ПАТЛИЏАН. И тоа не еднаш во една реченица каде може да се поправи, туку во целата статија, од која една секција е дури и насловена така. Статијата за Џек Бауер е целосно во In-Universe стил. Нешто што повеќето од вас можеби го немаат ниту слушнато до сега. Прво затоа што статиите за измислени ликови најчесто се сметаат за глупости и за полни со непотребна содржина. Но, не тие се навистина потребно нешто дури и најпотребното нешто за една енциклопедија се разбира единствено ако не се пишувани во горе наведениот стил.

Тој стил кажува дека во статијата се раскажува како пишувачот да бил сведок на настаните и влегува во измислениот свет на ликовите и го пишува секој детаљ поврзан со нив, како и со користење на зборови несоодветни за енциклопедиска содржина. Статиите за измислени ликови треба да бидат разработени на тој начин што читателот ќе може да види како бил создаден ликот, како се развивал, што мисли публиката за него, како е прифатен од актерот или друг интерпретирач и сл. Статија која ќе биде полна со прекрасни анализи за ликот, а не со информации што се случувало со него во книгата, серијата или филмот итн.

Знам дека мислите дека претерувам и ќе речете зашто не фатам сам да ги средам сиве овие работи, но не е така бидејќи не можам јас се да средам, сам, без ничија помош. Моите испади и молби кон сите вас, како и на многу други уредувачи се често занемарувани и кога ќе дојде до ваков момент, да уредувачот исфрли се од себе сите ќе мислат дека ова е најпрво побуна. Потоа ќе ми речете дека и јас имам правено некои од горенаведените грешки. Да, но јас сум сè уште уредувач кој учи и се надоградува, а не сум администратор, така што имам прво на грешки. Не ме сфаќајте погрешно не дека администраторите немаат право на грешки, туку само велам дека ако јас бев администатор а ги правев овие грешки самиот би се повлекол од функцијата.

Ова е молба до сите вас, ова не е навреда или мој испад на нервоза и сега ве навредувам сите. Тоа е порблемот кај сите нас ако некој каже нешто вакво, сите го сфаќаат како навреда или нешто слично, а не е. Морав на некој начин да ги посочам сиве овие работи, бидејќи сите ние сме тим кој треба да соработува и мислам дека сега е времето кога треба тимски да започнеме со соработка. И како лојален и добар корисник мислам дека ова е најдобриот начин за да се искажам и за да сите ние воочиме на грешките. Значи, никој ама баш никој од вас не го сметам за виновен за ова, никој од вас не е виновен за ништо, едноставно само сите ние несвесно правиме грешки кои подоцна ги воочуваме, и мислам дека сега е моментот да ги воочиме.

Ова е само молба до тоа да се реорганизираме еднаш за секогаш и воведеме построги мерки. На англиската википедија за да една статија стане GA (good article) треба да помине низ безброј процедури со кои ќе се воочат сите грешки, ќе се поправат и потоа ќе се размислува дали статијата треба да се награди со тој статус. Истото мислам дека треба и ние да го примениме, со што ќе добиеме квалитет. Иако знам дека кај нас проблем е и малиот број на корисници, поради кои ако станеме многу построги како што предложувам тогаш новите корисници ќе се „плашат“ да уредат нешто. Поради тоа како тим да најдеме консензус. Благодарам на сите тие што не се изморија читајќи го овој голем (добро, огромен) текст и што ќе ја сфатат забелешкава како добра. :) --Макс(разговор) 18:00, 30 јуни 2009 (UTC)

Ми потроши пет минути од мојот живот читајќи го овој реферат :), а не сватив што е твоето барање, низ цел реферат бараш нешто од корисниците и од админите, но сепак не сватив што, ај позз -- dav(разговор) 19:57, 30 јуни 2009 (UTC)
Сега кога малку подобро го прочитав ова, видов дека го вреѓаш и Џек Бауер. Јас не ја започнав таа статија, но кога ке ја споредиш со англиската верзија, тие се исти. И за другите твои забелешки би можел да ги демантирам ако се потрудам, но за Џек Бауер, јас придонесов доволно во таа статија, и ја знам на памет. Ти би можел да се жалиш за недовршеноста или несреденоста, но не за ин-јуниврз стилот, бидејќи тој е копиран од англиската вики, а според тебе (ќе те цитирам - ама не баш до збор), Англичаните секогаш имаат најдобри статии во светот, и ако копираме од некој, тоа би требало да биде од нив -- dav(разговор) 20:13, 30 јуни 2009 (UTC)
Го прочитав твојот коментар Макс и како иницијатор на целата работа, ја пеземам одговорноста за додавањето на „лоши“ статии во порталот на „избрани“ статии. Од активностите на другите корисници поврзани со изборот на избрани статии, имам забележано дека една статија се рецензира само доколку е предложена за избрана. Што значи дека овие статии, без оглед на тоа какви се, ќе бидат рецензирани и „дотерани“ за на главната страница, само доколку се предложени за избрани.
Целта на оваа иницијатива и создавањето на овој „склад на статии“ беше да се подобри квалитетот во уредувањето, паралелно со уредувањето на нови статии и да се обезбеди контрола во изборот на статии на главната страница. Имено, затоа и така е именувана иницијативата. Откако во месец февруари, порталот добро се пополни (50 статии за еден месец; можеби најквалитетните статии), во продолжение (март и април), целата работа замре. На почетокот на мај дури во порталот имаше и статии, кои немаа содржина, а беа додавани, при што корисниците кои тоа го направија се правдаа дека божем не знаеле точно за што е оваа иницијатива и за што служи порталот. Мислам дека сè е убаво објаснето во воведниот дел од порталот и дека некој што сака да додава статија, добро би било пред тоа да прочита што пишува таму. Очигледно е дека нив тоа ги мрзело и се воделе по некоја интуитивна претпоставка. Згора на тоа, добив и критики за отстранувањето на статиите од порталот што мислам дека беше многу неодговорно од нивна страна.
Во контекст на ова, минатата година, започна со работа ВикиПроектот Рецензија. Јас и корисникот Brainmachine планиравме да утврдиме критериуми за повеќе степени на квалитет на статиите. Но, кога утврдивме дека сепак е прерано за тоа (немаме доволно корисници, а би губеле и многу време), решивме на рецензија да се предложуваат само статиите кои се предложени за избрани на главната страница. Претпоставувам дека знаете што се случи. Беа рецензирани само првите 5-6 статии, кои беа избрани, а понатаму, се чини се заборави на рецензијата. Сепак, ми се допаѓа фактот што иаако рецензијата не функционира, барем предложените статии за избрани и понатаму се рецензирани.
Макс, навистина морам да признаам дека ти си еден од најискрените корисници на Википедија. Твоите придонеси и твојот однос кон Википедија на македонски јазик ми остава впечаток на одговорна личност, која знае што е вредно, а што не, која има цел, страст и обврска и со целосен ентузијазам се обидува да направи нешто повеќе. После сево ова, твојот коментар ме разубеди да предложам нешто што сите средени Википедии веќе го прават, но само ние по „англискиот памет“ не го правиме. Имено, на другите јазични изданија најпрвин се доделува статус избрана статија и се знае дека односната статија ќе се најде на главата страница. Кај нас е обратно, прво се избира па откако статијата веќе е на главната страница, на истата и се доделува овој статус. Во оваа прилика, јас предлагам ова да го спроведеме и ние. Тоа не треба да значи дека овој портал нема значење, туку напротив, овој портал и понатаму ќе продолжи да биде алатка за наредните избрани статии, со тоа што мислам дека од него ќе црпиме избрани статии, ќе им доделиме статус, а отпосле ќе одредиме за кој временски период. Мене воопшто не ми се допаѓа, тоа што се предложуваат статии за избрани без врска, без никаква симболика. Зошто веќе кога работевме по „англискиот памет“ не го сработивме и изборот на статии на главната страница со симболика, односно поклопување на временската рамка со времснкиот период на главната страница. Ваков чекор, минатата година успешно спроведуваше корисникот Rasomk. Исто така, сакам да предложам да се воведе и губење на статусот на избрана статија. Секоја избрана статија не може да го задржи својот статус засекогаш, како што не може одличниот ученик, ако еднаш добил 5, без да знае до крајот на годината да ја задржи оцената. Истото е и со „избраните статии“, кои се подложни на голем број на промени по нивниот избор на главната страница. Некои корисници, за жал си мислат дека статијата станува избрана кога ќе биде поставена на главната страница и таму ќе седи една седмица.
Поконкретно идејата ми беше да се издвои посебна листа на избрани статии, кои нема да бидат распределени по временски периоди, а избраните статии на главната страница ќе се додаваат според некоја симболика. Се разбира, ќе има и исклучоци, но во најголем дел е добро да се залагаме за вакво нешто.
Се извинувам за долгиот коментар. Нема да се лутам доколку не издржите да го прочитате до крај, но сепак мислам дека со речениците кои ги напишав со задебелени букви ќе ја разберете суштината на моето излагање.--Kiril Simeonovski (разговор) 20:46, 30 јуни 2009 (UTC)
Кога се разбудив утрово размислив за тоа што горе го посочив и се реков дека би било најдобро да ја повлечам молбата бидејќи навистина беше само еден мал испад (поради консултации со великодушниот корисник Дав). Но, кога ја прочитав пораката од корсникот Кирил, едноставно останав во место. Прво Кирил длабоко ти се заблагодарувам за убавите зборови и за подршката, не можев да очекувам нешто подобро од тебе. Благодарам уште еднаш! Се надевам дека тоа што е горе напишано ќе се примени и сите ќе го сфатат ова како вистинска молба и ќе се приклучат во инцијативава да ја уредиме како што треба нашава Википедија. Предложувам да го пренесеме разговоров на селската чешма бидејќи веќе отиде подалеку од проблемот со порталов. Уште еднаш благодарам на убавите зборови.
Инаку, што се однесува до коментарот на корисникот Дав, мислам дека е јасно дека не знаел како да одговори на мојата молба пред некој друг да одговори, мислејќи дека сите ќе одговорите „лошо“. Но, еве очигледно згрешил. Што се однесува до мојот цитат, тоа му го имам него речено на МСН а не на википедијава и како што споменав погоре и јас имам правено грешки. Под што кажувам дека на почетокот на мојата работа статиите конкретно за ликови од Вовед во анатомија беа полни со ин-јуниверз стил внесен од мене. Но, по големата пауза на корисникот Дав јас поминав и се уште поминувам долго време на англиската википедија каде започнав два извонредни уредувачи на иста тематика како мојата, кои ми помогнаа да се усовршам до тој степен да го сфатам тој ин-јуниверз стил. Да не должам, само ќе кажам дека тоа што всушност не е мој вистински цитат „цитатот“ наведен погоре, сака да каже дека поради неискусноста на некои корисници подобро да преведуваме од англиската Википедија отколку да пишуваме сами бидејќи НАЈЧЕСТО статиите таму се добри. Поради тоа јас лично станав активен корисник на англиската и започнав соработка како што споменав со некои корисници за да подобриме некои статии за да подоцна можам да ги преведам тука. Мислам дека се изјаснив! Благодарам уште еднаш на се и се надевам дека ќе постигнеме консенсуз. Макс(разговор) 14:21, 1 јули 2009 (UTC)
Назад на проектната страница „Инкубатор“.