Карл Прибрам
Карл Прибрам (германски: Karl H. Pribram; 25 февруари 1919 - 19 јануари 2015) — истакнат австриско-американски невронаучник, професор на универзитетот Џорџтаун и професор во пензија по психологија и психијатрија на Стенфорскиот универзитет и Редфордскиот универзитет. Во 1940-те години, Прибрам направил пионерска работа со лимбичниот систем како неврохирург, подрачје на мозокот што е поврзано со чувствата и однесувањето.
Карл Прибрам Karl H. Pribram | |
---|---|
Прибрам во Кеплеровиот музеј во Прага, 2010 г. | |
Роден(а) | 25 февруари 1919 Виена, Австрија |
Починал(а) | 19 јануари 2015 Вирџинија, САД | (возр. 95)
Полиња | невронаука |
Образование | Чикашки универзитет (наука, 1938) Чикашки универзитет (доктор по медицина, 1941) |
Познат по | холономска теорија за мозокот |
Влијание од | Чарлс Скот Шерингтон, Карл Лешли, Денис Габор |
Сопружник | Кетрин Невил |
Истражувања
уредиПрибрам е роден во Виена, Австрија. На самиот почеток на својата кариера Прибрам се соочил со тест на карактерот. Во 1935 година, португалскиот невролог Егаз Мониз, смислил нешто за што се верувало дека е совршен начин за лечење на менталните болести: хируршко дупчење на черепот и отсекување на префронталниот кортекс од остатокот на мозокот, со што и најнемирните пациенти се претворале во послушни. Постапката ја нарекол префронтална лоботомија, која станала многу популарна во Америка, а на Мониз му донела Нобелова награда. Тоа било времето кога Прибрам стапил на медицинската сцена, и веднаш застанал на позициите дека е погрешно на таков начин да се манипулира со мозокот на луѓето. Еден ден не дозволил да се вршат лоботомии на оделот за неврохирургија во Џексонвил, Флорида. Подоцна, на Јејл, останал на истиот став, а неговите радикални идеи го чинеле отпуштање од работа.
Во 1946 година, Прибрам отишол да работи со тогаш големиот невропсихолог Карл Лешли, во лабораторијата за биологија, во Оринџ Парк на Флорида. Експериментите кои тие двајца ги вршеле врз глувци имале за цел да се откријат тајните механизми на сеќавањето и складирањето на помнењето во мозокот. Но она што го откриле било дека што и да направат со мозокот на експерименталните глувци, сеќавањата упорно останувале недопрени. Прибрам дошол до заклучок дека сеќавањата не се сместени на одредено место во мозокот, како што се книгите во блиблиотека. Проблемот бил во тоа што науката дотогаш не познавала никаков механизам или процес што може да ја објасни таа појава.
Холографија
уредиКон средината на 1950-те години, Прибрам се сретнал со статија објавена во едно научно списание, во која се опишувал холограмот, и веднаш сфатил дека концептот на холограмот нудел решение на загонетката со која се мачел: како функционира мозокот. Додека бил на Јејл, осмислил редица експерименти кои ги вршел наредните седум години, а при кои ја мерел електричната активност на мозокот на мајмуните додека изведуваат различни задачи.
Холографскиот модел на мозокот нуди одговор на многу загонетки за кои науката нема објаснување. Тука спаѓаат:
- Огромното помнење - математичарот Џон вон Неуман пресметал дека во текот на еден просечен човечки живот мозокот може да складира околу 2,8х10²° (280.000.000.000.000.000.000.) битови информации.
- Асоцијативното присетување - миризба или колаче што нè потсетуваат на некој настан од детството, или слично.
- Способноста да ги препознаеме познатите предмети - на пример, во гужва од стотици луѓе веднаш го препознаваме познатото (или саканото) лице. Иако на прв поглед не изгледа необична, сепак оваа способност е многу сложена за да се објасни.
- Фотографско памтење - наречено и „ејдетско памтење“.
- Пренос на научени вештини - т.е. способноста да `пишуваме` на пример со нога, иако не сме го учеле тоа никогаш.
- Чувствување на фантомските (отсечени) екстремитети - т.е. способноста на мозокот некои искуства да ги сместува вон физичките граници на телото.[1]
Реакции на научната заедница
уредиИ покрај сите докази во полза на холографскиот модел на мозокот, повеќето научници не се убедени во аргументите на Прибрам. Сепак, постојат и бројни истражувачи кои со своите експерименти ја потврдиле теоријата на Прибрам.
Библиографија
уредиСвојата прва статија за холографската природа на мозокот Прибрам ја објавил во 1966 година. Потоа следуваат редица наслови, дадени овде во оригинал:
- Miller, George; Galanter, Eugene, & Pribram, Karl (1960). Plans and the structure of behavior. New York: Holt, Rinehart and Winston. ISBN 0030100755.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- Pribram, Karl H. (1969). Brain and behaviour. Hammondsworth: Penguin Books. ISBN 0140805214.
- Pribram, Karl (1971). Languages of the brain; experimental paradoxes and principles in neuropsychology. Englewood Cliffs, New Jersey: Prentice-Hall. ISBN 0135227305.
- Pribram, Karl; Gill, Morton M. (1976). Freud's "Project" re-assessed: preface to contemporary cognitive theory and neuropsychology. New York: Basic Books. ISBN 0465025692.
- Pribram, Karl (1991). Brain and perception: holonomy and structure in figural processing. Hillsdale, New Jersey: Lawrence Erlbaum Associates. ISBN 0898599954.
- Globus, Gordon G; Pribram, Karl H., & Vitiello, Giuseppe (2004-09-30). Brain And Being: At The Boundary Between Science, Philosophy, Language, And Arts (Advances in Consciousness Research, 58). John Benjamins Publishing Co. ISBN 158811550X. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) - Pribram, Karl (ed.) (1969). On the biology of learning. New York City: Harcourt Brace & World. ISBN 0155675206.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
- Pribram, Karl, & Broadbent, Donald (eds.) (1970). Biology of memory. New York City: Academic Press. ISBN 0125643500.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
- Pribram, K. H., & Luria, A. R. (eds.) (1973). Psychophysiology of the frontal lobes. New York: Academic Press. ISBN 0125643403.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
- Pribram, Karl, & Isaacson, Robert L. (eds.) (1975). The Hippocampus. New York: Plenum Press. ISBN 0306375354.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
- Pribram, Karl (ed.) (1993). Rethinking neural networks: quantum fields and biological data. Hillsdale, New Jersey: Erlbaum. ISBN 0805814663.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
- Pribram, Karl (ed.) (1994). Origins: brain and self organization. Hillsdale, New Jersey: Lawrence Erlbaum Associates. ISBN 0805817867.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
- King, Joseph, & Pribram, Karl (eds.) (1995). Scale in conscious experience: Is the brain too important to be left to the specialists to study?. Mahwah, New Jersey: Lawrence Erlbaum Associates. ISBN 0805821783.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
- Pribram, Karl, &K ing, Joseph (eds.) (1996). Learning as self-organization. Mahwah, New Jersey: L. Erlbaum Associates. ISBN 080582586X.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
- Pribram, Karl (ed.) (1998). Brain and values: is a biological science of values possible. Mahwah, New Jersey: Lawrence Erlbaum Associates. ISBN 0805831541.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
- Pribram, Karl (2004). „Brain and Mathematics“. Pari Center for New Learning. Архивирано од изворникот на 2007-11-09. Посетено на 2007-10-25.
- „Like Bohm, Karl Pribram sees the holographic nature of reality“. The Ground of Faith. 2003. Архивирано од изворникот на 2008-02-07. Посетено на 2007-10-25.
- Mishlove, Jeffrey (1998). „The Holographic Brain with Karl Pribram, MA; Ph.D.“. TWM.co.nz. Архивирано од изворникот на 2007-10-12. Посетено на 2007-10-25.
Наводи
уреди- ↑ Мајкл Талбот, „Холографски универзум“, Аквариус Пет, Скопје, 2009, стр. 26-33. ISBN 978-608-4502-18-0
Надворешни врски
уреди- „Холографскиот мозок“ Архивирано на 18 мај 2006 г. - Интервју со Карл Прибрам
- „Споредба на теоријата за холографскиот мозок и конвенционалните модели на невронска пресметка“ – документи за работата на Прибрам
- „Прибрам и наградата за неговата работа во неврологијата“ Архивирано на 7 август 2008 г. – вести
- Интервју Архивирано на 1 февруари 2010 г. (видео)