Разговор за Википедија:Односи со јавноста
Press release, Ноември 2008
уредиДостигнавме бројка од 20.000 статии, па не е лошо да пуштиме едно соопштение до останатите медиуми по овој повод, како што имаме направено за бројката од 10.000 и 15.000 статии. Давајте предлози што би требало да стои во ова соопштение. Еве една ревизија на последното соопштение.--brest (разговор) 19:21, 14 ноември 2008 (UTC)
|
Статистики превземени од:
- http://wikistics.falsikon.de/200811/wikipedia/mk/
- http://meta.wikimedia.org/wiki/List_of_Wikipedias
- Статистики
Планирано да се дистрибуира соопштението до медиумите на 16/17 ноември 2008 година.--brest (разговор) 09:35, 15 ноември 2008 (UTC)
Press release, Февруари 2008
уредиЕве јас го подготвив ова :) Мислам дека понеделнички ќе стасаме до бројката 15.000 па може да го пратиме текстот, заедно со логото, ќе го личи во медиуми :) Дополнително мислам дека треба да им го испратиме пресот и на кајгана, идивиди, он.нет, точка, 365, МИА, МАКФАКС, блогерите (Јанко ќе помогне мислам) итн... Поздрав па да се надеваме на мал бум после медиумската кампања :) Патем речено, имаме ли некој генерален маил од кадешто ќе се испраќа ова? Ако ви требаат адреси од медиуми, кажете да дадам :) LBakraceski 13:54, 10 февруари 2008 (UTC)
Почитувани,
Ни претставува огромно задоволство да ве известиме дека проектот Википедија на Македонски јазик во февруари ја достигна бројката од 15.000 страници. Со ова Википедија претставува единствена енциклопедија на Македонски јазик, поставена на интернет со волку голем број на податоци достапни на корисниците од нашата земја и дијаспората.
Во моментов нашата Википедија има повеќе од 39.000 различни извори на информации во кои спаѓаат и мултимедијалните содржини кои го надополнуваат знаењето на корисниците. Википедија на Македонски јазик од својот почеток во 2005 година па до денес има околу 2900 корисници, кои работат на достапност на светското знаење на Македонски јазик. Дополнително Википедија има развиено и 10 тематски портали, кадешто корисниците се фокусираат на одредена проблематика.
Во Македонија во моментов не постои општа енциклопедија на Македонски јазик издадена во било која форма, затоа значењето на овој проект е огромно со оглед на фактот дека на новите генерации им е потребен пристап до глобалното знаење на нив мајчин јазик. Во година кога Република Македонија се обидува да се етаблира како земја на информатичари, повеќе од секогаш е потребно информациите да им бидат достапни на корисниците.
Википедија е единствената слободна и бесплатна светска енциклопедија која е достапна на повеќе од 250 јазици. Матичната верзија на Англиски јазик во моментов брои повеќе од 2.218.000 натписи, од сите сфери на животот. За жал иако корисниците на интернет во Македонија растат експоненцијално, македонската Википедија каска позади останатите верзии од регионот. За споредба: Бугарската верзија брои повеќе од 50.000 статии, Српската верзија има повеќе од 59.000 статии, Босанската над 22.000 статии, Хрватската над 40.000 статии и Албанската над 18.000 статии.
Затоа ги повикуваме корисниците на интернет во Македонија да се приклучат кон проектот Википедија на Македонски јазик, и да придонесат кон градењето на подобро знаење за идните генерации со своите придонеси. Ова може да се направи преку пристапување на страницата: www.mk.wikipedia.org
Со почит,
Тимот на Википедија на Македонски јазик
Јас сметам дека не е потребна реченицата:
За жал иако корисниците на интернет во Македонија растат експоненцијално, македонската Википедија каска позади останатите верзии од регионот. За споредба: Бугарската верзија брои повеќе од 50.000 статии, Српската верзија има повеќе од 59.000 статии, Босанската над 22.000 статии, Хрватската над 40.000 статии и Албанската над 18.000 статии.
Во најблага форма треба да се исфрли оваа реченица или да се замени со некој друг текст. Листата на медиуми каде ќе се прати оваа соопштение добро би било да биде предложена овде, како би можела евентуално да се надополни.
Еве ги моите корекции:
- Ни претставува огромно задоволство да ве известиме дека проектот Википедија на македонски јазик ја надмина бројката од 15.000 статии. Википедија претставува единствена енциклопедија на македонски јазик достапна на интернет за корисниците ширум светот.
- Википедија на македонски јазик има околу 2900 регистрирани корисници и десет администратори, кои заедно со останатите нерегистрирани корисници работат на достапност на светското знаење на македонски јазик. Википедија има развиено и тематски портали од различни области, како што се порталите за: Класична музика, Математика, Уметност, Географија, Европа, Историја, Технологија, и Археологија, како и повеќе портали во фаза на конструкција, преку кои корисниците можат побрзо да стигнат до бараната информација.
- Со оглед на тоа што во Македонија сеуште не постои општа енциклопедија на Македонски јазик издадена во било која форма, значењето на овој проект е огромно со оглед на фактот дека на новите генерации им е потребен пристап до глобалното знаење на нивен мајчин јазик.
- Википедија е единствената слободна и бесплатна светска енциклопедија достапна на повеќе од 250 јазици. Верзија на англиски јазик брои повеќе од два милиона статии, додека постојат петнаесетина други јазични изданија со над 100.000 статии од сите сфери на животот. Изданието на Википедија на македонски јазик го завзема своето место на листата јазични изданија силно промовирајќи го македонскиот јазик на светската мапа на јазици.
- Ги повикуваме сите љубители на знаењето корисниците на интернет да го посетат нашиот веб сајт http://mk.wikipedia.org каде што ќе можат да ги прошират своите знаења а можеби и ќе помогнат во креирањето на една подобра енциклопедија со своето активно учество. Пристапот до содржините на Википедија е бесплатен и не е потребна никаква регистрација.
- Со почит,
- Тимот на Википедија на македонски јазик
--brest 23:06, 10 февруари 2008 (UTC)
- Ок вака има една работа во ПР професијата кога се пишува press release, да се вметне локал-социјален тизер за кој се фаќаат новинарите. Народот е секогаш жеден за интригантни информации. Во ваква форма од Брест е чиста информација. Во контекст на она што се случува во моментов во Македонија тешко и дека ќе пројде, читателот ќе го игнорира. Да карикирам: „е ако де убаво, што имаат толку статии“. Според мое мислење праќаме известување до медиумите со цел да извршиме популаризација. Во петокот ги гледав статистиките на посетеност на сајтови, изненадувачки или не ВЕСТ е најпосетен со околу 4.000.000 прегледи во текот на 1 месец. Значи јасно е каква содржина бара Македонецот :) Оттука нема штета и малку да се зачини press release-от, за да удри на психа. Ако нешто му е карактеристика на Македонецот, тоа е да прави нешто од инает на останатите :) Затоа и постои делот со споредбата со другите википедии од регионов. Може тука супер да се испровоцираат новинарите да дадат на значење. Ајде да не се лажеме, ни треба популаризација, зошто нема повеќе од 10 активни корисници во моментов кои работат на статии, ако продолжи овој тренд 50.000 ќе достигнеме за 4 години :) Оки ова е мое стручно мислење од PR аспект, вие сте администратори правете како што мислите дека е најдобро :). Поздрав LBakraceski 00:08, 11 февруари 2008 (UTC)
- Популаризација секако дека треба. Правење од инает не води кон позитивна работна атмосфера. Тоа што ќе се споредиме со комшиските иданија на википедија воопшто нема да не направи подобри. Потребно е да извршиме влијание врз масите, ако можеме, за да ги прифатат принципите на википедија. Јас сум за тоа да почекаме на реакциите на останатите уредувачи па после да одиме со press release. --brest 10:14, 11 февруари 2008 (UTC)
- Еве маил адреси од медиуми:
Информативни агенции
уреди- mia@mia.com.mk,
- makfax@makfax.com.mk,
веб простор
уреди- editor@on.net.mk,
- editor@aber.net.mk,
- editor@kajgana.com,
- kontakt@tocka.com.mk,
- jadiburek@gmail.com,
- femgerila@yahoo.com,
- urednik@taratur.com,
- За идивиди и за 365 треба да се користи линкот за испраќање порака кај нив на сајт. Плус може да се додадат маил адреси од повидните блогери овде да стават кај нив на сајт.'
ТВ медиуми
уреди- desk95@a1.com.mk,
- informativna@sitel.com.mk,
- desk@kanal5.com.mk,
- info@kanal5.com.mk,
- Емисија ЕНТЕР на овој линк
Печатени медиуми
уредиДневни весници
уреди- spic@spic.com.mk,
- vreme@vreme.com.mk,
- dnevnik@dnevnik.com.mk,
- contact@utrinski.com.mk,
- aneta.paunovska@vecer.com.mk,
- penev@vecer.com.mk,
Седмични изданија
уреди- info@forum.com.mk,
- mail@globusmagazin.com.mk
Поими
уредиБи сакал да се користи поимот „статии“, а не „натписи“ или „стории“. Натпис значи неколку збора кои опишуват нешто и се составен дел од него (на пр. натпис на надгробен споменик), додека сторија е секогаш новинарска статија, многу поразлична по карактер и содржина од нашата „википедиска“ статија. --Б. Јанкулоскиразговор 22:43, 10 февруари 2008 (UTC)