Разговор со корисник:Kiril Simeonovski/Архива 11

„Без извори“

уреди

Да Кирил, ама има еден куп страници каде нема потреба од извори (како наведувања кај годините, датумите, настаните и сл.). Таму не се наведуваат извори (види ги истите страници на англиската). Значи ботот однапред требало некако да се наштелува да нема таков буквалистички приод, т.е. да не ги обележува сите можни страници каде нема извори, кај треба и кај не треба. Тоа треба да важи само за статии per se. Не знам како тоа би се решило. Знам дека ботот може лесно да се намести да избегнува страници со префикси (од типот „Шаблон:“, „Категорија:“, „Специјална страница:“, „Википедија:“ и тн.), но не знам како да направиме да избегнува други страници. Еве, да речеме, ако може да се направи да не става шаблони на страници чии наслови содржат датуми и зборови како „листа“ и сл. --Б. Јанкулоски (разговор) 01:51, 11 октомври 2009 (UTC)

Слика на денот и поимник

уреди

Ја заменив „Појадок на трева“ со оваа слика откако увидов дека е заменета на самата Ризница како слика за тој ден.

Друга работа која ја зборував со Рашо е Поимникот на информатички поими кој е веќе излезен, и се прашував дали да ги внесеме овие поими тука како стандардни (со извесни измени) и да бараме да се следат. Мислев да се напише посебна страница за помош за нив кадешто би ги имало во азбучник, а врската до таа страница да стои и на главната кај напатствијата, но и во сите шаблони за `добредојде`. Не велам дека сите до еден треба да се следат, но сепак ако ова е веќе нешто официјално, мислам дека имаме повеќе авторитативно право да бараме да се користат на Википедија. Погледај го и кажи ми што мислиш, и по можност, би било убаво ако се отвори тема на чешмата и сл. по ова прашање. Поздрав --Б. Јанкулоски (разговор) 19:37, 20 октомври 2009 (UTC)

Со Brest имаме лично разговарано за вој поимник и заклучивме дека голем дел од овие поими, сепак се несоодветни. Можеби е добро да се отвори тема околу ова, но сепак ќе видиме дали овој поимник ќе биде прифатен и додаден во речникот. Тоа е конечната одлука, која мора да ја почитуваме.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:15, 20 октомври 2009 (UTC)

za grbot

уреди

zdravo, ako mozete kratko samo da mi odgovorete na specijalnata strana za administratori sto ke prezememe vo vrska so slucajov. Golem pozdrav93.219.216.77 (разговор) 23:58, 21 октомври 2009 (UTC)

zdr kiril. izvini sto ne mozev da odgovoram nekolku dena na temata za grbot, no sega ja prodolzivme diskusijata i dadov mislenje i nekoi linkovi. ako mozes pisi. pozdrav, stiven Mkber (разговор) 00:34, 3 ноември 2009 (UTC)

Економист vs. стопанственик

уреди

Велија е економост поради тоа што учел економија е веројатно е експерт во тоа, а стопанственик е поради тоа што е газда, односто стопан, т.е. стопанисува со определини добра. Мислам дека не е исто. --Р ашо  19:33, 3 ноември 2009 (UTC)

Поимите „економија“ и „стопанство“ се исти во македнската литература. А ако се мисли во овој контекст, тогаш треба да биде стопан, бидејќи стопанственик е човек кој се занимава со стопанство, но ова е премногу архаично. Сепак, мислам дека ако е газда на нешто, премногу е грубо да се додава во статијата.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:36, 3 ноември 2009 (UTC)
Незнам зошто би ти било архаично, тоа е нашиот јазик. Коренот на зборот е изведен од тоа. Пр. "ЈП за стопанисување со стамбен и деловен имот", А тој што учи стопанство сепак е економист. Тоа е моето мислење. Позз--Р ашо  19:44, 3 ноември 2009 (UTC)
Ок. Ми беше чудно. Сепак, секако е подобро од странското „бизнисмен“.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:45, 3 ноември 2009 (UTC)
Не заборавај да додадеш и медиумски магнат...  :) --Р ашо  19:46, 3 ноември 2009 (UTC)

Почитаеми г-не Симеоновски,

уреди

Вие определено сте най-начетения и толерантен администратор на Македонската Википедия. Не Ви ли се струва, че цензурата тук има размери непознати никъде другаде в Европа, освен може би в Беларус. Подобни действия на администратор, цензуриращи критика, базирана на източници от Оксфорд, Кембридж и македонски издания, като я обявява за българска гледна точка, говорят за безпомощност. Бършенето на критичната гледна точка, каквато имат и доста македонски интелектуалци в момента относно т.нар. антиквизация е средновековен акт на ограничение на свободната човешка мисъл. Още повече тези текстове са в унисон с английския вариант на енциклопедията. Такова поведение е в разрез с европейските практики и не кореспондира с другите Wikipedia-проекти. Мисля си, дека бихте могли да обсъдите това на администраторски съвет и да промените политиката си.

С поздрав! Jingiby (разговор) 12:13, 6 ноември 2009 (UTC)

Почитуван г-дин Jingiby, обидете се да напишете некоја статија на Википедијава на македонски јазик која нема врска со историја или статија во прилог на посебноста на македонската посебност и на македонската нација. Со тоа ќе докажете дека јас сум лош, а вие сте добар. Тоа што деновиве го правите се нарекува тролување. Во знак на добра волја ве советувам да ги прочитате моите последни пораки на вашата страница за разговор и се надевам дека ќе најдете ми одговорите, ќе најдете време да напишете некој збор за Стефка Костадинова, и за некои други великани на бугарскиот спорт. Таквите статии ќе ни помогнат во меѓусебното зближување. Одбивањето на давање на било каков коментар (овде) на ваквите мои предлози не можам да го сфатам за добронамерност. Отсуството на добронамерност и на одбивањето диртектно да ми одговорите на прашањата и предлозите нема врска ниту со демокатија, ниту со Европа, ниту со XXI век, туку има врска само со отсуство на добра волја. Поздрав, --Wikimk (разговор) 13:34, 6 ноември 2009 (UTC)

Околу соработката со ИМ

уреди

Здраво Кирил, јас бев на факултет и разговарав со шефот на Институтот за математика и можам со задоволство да кажам дека професорот е заинтересиран за соработка. Се договоривме најпрво да одржиме едно воведно предавање за студентите по математика во кое ќе ги изложиме основните факти за Википедија и останатите проекти на фондацијата Викимедија. Опциони термини за предавањето се: сабота во 12 ч., понеделник во 14 ч. или вторник во 14 ч. За сега би требало само да ги заинтересираме студентите, зашто не прецизирав со професорот околу формално вклучување на овие (евентуални) уредувања во наставната програма. Од негова страна беше особено истакната загриженоста околу точноста и исправноста на уредувањата, за коешто јас преземав лична одговорност во врска со „проверката“ на уредувањата. Ме информираше и дека им стигнал допис од министерството за информатичко општество во кое (колку што јас разбрав) било побарано професор од ИМ да биде вклучен во некаков тим кој ќе се формира/се формирал во рамките на министерството, а кој ќе работи на проширувањето и афирмацијата на Википедија. Најверојатно професорот со кој разговарав ќе членува во овој тим.

Сега останува да се договориме околу:

  1. терминот за презентација (итно, по можност уште денес зашто добив задача најдоцна задутре да објавам соопштенија на огласните табли на Институтот во врска со одржувањето на презентацијата);
  2. концепт на презентацијата, односно на што поконкретно ќе се осврнеме во неа;
  3. да формираме тим на уредувачи кои се заинтересирани да учествуваат во презентирањето;
  4. да разгледаме други начини/опции на кои можеме да побараме помош од Институтот.

Штом ќе го прочиташ ова те молам одговори во најкус можен рок за да ги уточниме овие работи. Поздрав! --Фичо (разговор) 15:53, 9 ноември 2009 (UTC)

Ок. Ова е одлично. Мене најмногу ми одговара тоа да биде сабота, бидејќи во работна недела навистина имам големи обврски. Инаку за ова ќе им соопштам и на другите, па би требало да се договориме. Јас побарав снимањето на видео записите да се одложи, па ова предавање всушност би можело да биде нешто како Вики-работилница. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:53, 9 ноември 2009 (UTC)

Села во АЛ

уреди

Види го ова. Ова е категоријата на албанската Вики за сите села во Албанија. Шаблоните им се пополнети со основни информации. Можеме да ги направиме, ќе го преведам шаблонот на МК, информациите ги имаме и информации ќе додадавем спред тоа. Што мислиш за ова? Јас за Егејска ги направив тие што беа на листата. Поз--Никола Стоіаноски 12:20, 20 ноември 2009 (UTC)

Супер. Јас сум да се направат овие статии што е можно побрзо, со цел побрзо да го надминеме бројот од 40.000 статии. Јас вчера започнав со уредување на страниците за разговор, но го замолив Brest да ги доврши со ботот. Инаку деновиве немам време, бидејќи ми следува колоквиумска, а во понеделник полагам многу тежок испит, па ќе видам како ќе стојам со време. Сепак ветувам дека ќе учествувам во уердувањето на овие статии. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:23, 20 ноември 2009 (UTC)
Јас ставам интервики и на ал вики. Видов дека ти не ставаш, дали ќе става бот или? Јас сега легнувам па ќе продолжам утре. Инаку селото е Макеларе ако го сретнеш пак (на ал е Maqellara). Поз--Никола Стоіаноски 00:37, 22 ноември 2009 (UTC)
Би требало бот да ги додаде на статиите на албански. Тоа веќе е нивна работа. Не ги ставај повеќе.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:39, 22 ноември 2009 (UTC)
P.S.И употребувај „список“, а не „листа“.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:40, 22 ноември 2009 (UTC)

novi sliki vo statija

уреди

pozdrav kiril te molam kazi mi kako da vmetnam novi sliki vo nekoja moja nova statija Zezli

Формат на слика

уреди

Здраво Кирил, како си? Може да ми кажеш зошто не работи сликата на оваа статија, за разлика на англиската. Значи се работи за шаблон или...--Астрион (разговор) 21:35, 26 ноември 2009 (UTC) Ок, поздрав--Астрион (разговор) 22:35, 26 ноември 2009 (UTC)

За Ријана

уреди

Здраво Кирил! Како си? Би сакал да те замолам да ја погледнеш статијата „Rated R“ или четвртиот студиски албум на Ријана и да ми кажеш што уште би требал да направам за да ги исполни стандардите за избрана статија на Македонската википедија. Исто така би сакал да те замолам ако можеш да направиш нешто за шаблонот за синглови, затоа што не функционира, не знам од кои причини, а навистина е потребен за албумите. Очекувам одговор! Поззз 1111tomica (разговор) 19:28, 7 декември 2009 (UTC)1111tomica1111tomica (разговор) 19:28, 7 декември 2009 (UTC)

Ќе можеш да ми дадеш пример кои зборови би требал да ги заменам и дали ќе можеш да превземеш нешто за шаблонот синглови!? Позззз 1111tomica (разговор) 23:50, 7 декември 2009 (UTC)1111tomica1111tomica (разговор) 23:50, 7 декември 2009 (UTC)

Список

уреди

Ок, нема проблем ќе се поправам. дали да ја избришам и категоријата или... А за статијата на Исус, шо знам сакам оваа недела да ги досредам статиите за Истанбул бидејќи главната има многу црвени празни наименувања... --Астрион (разговор) 22:21, 24 декември 2009 (UTC)

Предлог

уреди

Тејк а лук ет дис :) --Никола Стоіаноски 19:08, 28 декември 2009 (UTC)

Одлично. Треба само да се седне да се уредува. Јас во меѓувреме се вратив на земјите-учеснички на Олимписките игри, а и тоа би требало да биде актуелно во наредниот период.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:10, 28 декември 2009 (UTC)
Готови се казашките окрузи. Спремни се за уредување.--Никола Стоіаноски 20:40, 28 декември 2009 (UTC)
Плус, првиот округ го направив па ако си заинтересиран можеш по тој принцип да правиш, всушност така и на англиската се.--Никола Стоіаноски 21:05, 28 декември 2009 (UTC)

Здраво

уреди

Како си? Само да ти кажам ако веќе и самиот не си видел дека нашиот западен сосед нашата држава на википедија ја именува како БЈРМ sq:Ish Republika Jugosllave e Maqedonisë еве го доказот. Ако е така мислам дека е добро да го возвратиме ударот, па да покажеме малку заби кон Косово и да се свртиме кон српската страна или пак да кажеме во скоро сите артикли дека Албанците во Македонија се нарекуваат Шиптари!!! Мој предлог затоа што ова стварно ја преминува границата, а освен тоа и македонскиот јазик на албанската википедија е наречен славо-македонски. Поздрав 1111tomica (разговор) 15:06, 10 јануари 2010 (UTC)1111tomica1111tomica (разговор) 15:06, 10 јануари 2010 (UTC)

За референцата БЈРМ, незгодно е, но мислам дека не претставува голем проблем, бидејќи сепак ова име пренасочува кон „Република Македонија“, а за јазикот мислам дека е добро од Ваша страна што се побунивте на страницата за разговор. На Википедија на македонски јазик, референцата БЈРМ пренасочува кон статијата Спор за името помеѓу Македонија и Грција, па доколку ваква статија постои на Википедија на албански, мислам дека би било добро да побараме истата да пренасочува таму. Добро би било да проверите, кој е авторот на страницата со наслов БЈРМ, односно пренасочувањето и да контактирате со него. Инаку, мислам дека нема да има некој голем ефект доколку постапиме пристрасно и извршиме промени во статијата Косово, бидејќи со тоа може да покажеме само неспособност да го заштитме она што сметаме дека не треба да биде повредено. Ако, овој чекор претставува провокација, мислам дека треба да се потрудиме истата да престане со тоа што ќе ги браниме нашите ставови во врска со Македонија и македонскиот јазик. Постапувањето со контра удари според мене претставува провокација и од наша страна и не води никаде.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:43, 10 јануари 2010 (UTC)
P.S. На Википедија на македнски, „Шиптари“ пренасочува кон Албанци, „Шиптарија“ кон Албанија и „шиптарски јазик“ кон албански јазик. Можеби тоа ги навредило, па постапиле на овој начин.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:46, 10 јануари 2010 (UTC)
Можеби си и во право за ова со провокацијава ама многу ме нервира што вака се однесуваат. А кога станува збор за Шиптари и сево ова, тоа е и така нема што да се бунат, затоа што тие и самите така си се нарекуваат. Ќе се обидеме да видиме што можеме да направиме со јазикот, но ако не успееме да најдеме некое решение ќе се обидеме на Meta Wikipedia. 1111tomica (разговор) 18:31, 10 јануари 2010 (UTC)1111tomica1111tomica (разговор) 18:31, 10 јануари 2010 (UTC)
Мислам дека најдобро би било да започнеме со барање на страницата за разговор на статијата на Википедија на албански, па потоа постепено да се буниме на повисоко ниво. Барањето на помош од стјуард на Мета, може да биде комплицирано, доколку истото не е добро основано и може непријатно да се одразува. Всушност, таму и треба да ја бараме правдата, но за да стигнеме дотаму треба да бидеме трпеливи и да одиме чекор по чекор, доколку барањето не ни се исполни. Позз.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:53, 10 јануари 2010 (UTC)
Завршено е ова.

Нови статии

уреди

Еднаш спомна да започнеме пак со правење статии ама тебе никаде те нема. Дај да ги завршиме селава во Албанија и окрузите во Казахстан, за да се зафатиме со нови теми. Јас продолжив со нови статии за села во Албанија и ок оди. Поз. --Никола Стоіаноски 13:07, 13 јануари 2010 (UTC)

Деновиве планирам да средам неколку квалитетни статии и да ги предложам за избрани, а исто така ќе досредам и неколку од инкубаторот. До крајот на неделата би требало да бидам готов, а потао ќе се вратам на уредувањето на нови статии. Ќе се потрудам тоа да бидат никулци, но со соодветна содржина (барем да има полна инфокутија). Не знам до каде се Brest и Arwena со статиите за археолошки наоѓалишта, но во секој случај би требало наскоро доста да го зголемиме бројот на статии.--Kiril Simeonovski (разговор) 15:55, 13 јануари 2010 (UTC)
P.S.Добро би било ако отвораме нова тема да се фатиме со населените места во Франција, како на пример ова. Ми се допаѓа што има содржина во статијата, а и лесно се уредува.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:02, 13 јануари 2010 (UTC)
ОК, јас завршив со селата во Албанија, ќе гледам за окрузите во Казахстан да уредувам за кои се нафати и Томица. Поз--Никола Стоіаноски 17:02, 13 јануари 2010 (UTC)

Заклучена статија

уреди

Здраво Кирил, како си? Сакам да те прашам, како требаше да напишам на англиската википедија доколку статијата е заклучена, за да се додаде и македонски вики. Еве оваа станува збор. Поздрав--Тиверополник (разговор) 22:40, 14 јануари 2010 (UTC)

Кажи ми конкретно за која статија мислиш, бидејќи од врската можам да заклучам само дека станува збор за статијата Polish–Lithuanian Commonwealth. Инаку, од искуство, имам забележано дека е потребно да додаваме Вики врски кон Википедија ан англиски јазик во нашите статии, а врски кон нашата Википедија од статиите на Википедија на англиски ќе додадат ботовите. Ако не веднаш, за неколку дена. Позз.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:47, 14 јануари 2010 (UTC)
Добро, ако ботот додаде, нема проблем. Те прашав оти мислам оти имаше еден шаблон кој се ставаше на англиската страница за разговор, но ако е така, добро. Поздрав.--Тиверополник (разговор) 22:54, 14 јануари 2010 (UTC)

Портал:Вести

уреди

Ако можеш, види ја тука идеата за Портал:Вести. Поздрав --Никола Стоіаноски 16:52, 28 јануари 2010 (UTC)

Извини! Поради технички проблеми не можев да ти одговорам веднаш. За ова мислам дека имаше доста идеи претходно. Беше договорено, во исто време да се започне со Викимедија проектот Викивести и оттаму да се црпат информации за порталот. Го основавме проектот на Википедија, но за жал не почна со работа. За ова, повеќе од мене беа ангажирани Brainmachine и Brest. Во план беше, со бот да се внесуваат најновите вести. Јас можам технички да го дотерам порталот, но во секој случај бара многу работа. Позз.--Kiril Simeonovski (разговор) 10:16, 29 јануари 2010 (UTC)

Заклучок и гласање

уреди

Имаме заклучок и гласање за вестите на главната страница. --Б. Јанкулоски (разговор) 01:40, 30 јануари 2010 (UTC)

Базилика

уреди

Здраво Кирил како е. Гледам се зафаќаш со Базилика Свети Петар. Сакав јас малку да ја проширам, па ако не ти пречи би го ставил шаблонот за изработка. Поздрав--Тиверополник (разговор) 15:12, 2 февруари 2010 (UTC)

Немав во план да ја проширам, туку само малце ја дотерав за да може статијата да ја поставам на порталот архитектура, како избрана градба за месец февруари. Имам уште доста работа со одржувањето на порталите, а за некои дури треба и да уредувам нови статии. Се надевам дека деновиве сè ќе се заврши, па може да се започне една голема иницијатива за довршување на статиите за земјите учеснички на Олимписките игри. Овие статии сигурно ќе бидат целна мета за време на Олимпијадата, а има над 1000 статии и сметам дека за кратко време ќе се приближиме до бројката од 40.000 статии. Поздрав.:))--Kiril Simeonovski (разговор) 15:26, 2 февруари 2010 (UTC)
Јас се зафатив со црквите, ги имам уште околу 100-тина на број, но ако се организираме може да создадеме многу никулци за кратко време. Види го ова. Шаблони за шпански општини... Сосема кратки статии. Поздрав--Тиверополник (разговор) 16:34, 2 февруари 2010 (UTC)
Хммм. Ова се никулци, но од видот на „празни статии“. Мислам дека кратката содржина во нив не е ни интересна за некои читатели. Во последно време се обидувам да уредувам никулци за кратко време кои сепак содржат инфокутии, табели и секции со интересни информации. Едно време започнавме со земјите-учеснички на Олимписките игри, па сега кога следува Олимпијада, мислам дека е добро да ги доуредиме.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:40, 2 февруари 2010 (UTC)

Hello Kiril, do you only want blue links in the "died in 2010" part of that page? Or do you need a source to be sure that no fake entries are done? [1] -- Greetings, Aspiriniks (разговор) 15:11, 7 февруари 2010 (UTC)

I will revert to your edit, but I do not see Mihailo Marković so notable to be added in the article. Best regards.--Kiril Simeonovski (разговор) 15:21, 7 февруари 2010 (UTC)
Thank you! He was well known in Yugoslavia as well as in western Europe during the 1970s.
For the German Wikipedia I am preparing an article about Шаип Јусуф from Skopje, who was author of grammar and teaching books for the Romani language, and died 29th January, in his case I am not sure if he would be considered important enough for the macedonian wikipedia. In the German wikipedia, on an avarage day 7 persons are added to the "died in 2010" page (de:Nekrolog 2010), but I will add Šaip Jusuf there only after finishing the article about him, as otherwise it might be unclear to others if he is important enough for that list.
As you can see on my German user page de:Benutzer:Aspiriniks I have alredy written a number of articles on people from Macedonia, which I have visited once in 2002 (Skopje, Kumanovo and Kriva Palanka). Greetings, Aspiriniks (разговор) 17:48, 7 февруари 2010 (UTC)

Re: Бришење

уреди

Здраво Кирил, За де не биде ептен веднаш бришењето згодно е прво (со шаблонот) да му се посочи на корисникот дека статијата нема енциклопедиско значење, па после некое време да се избрише. Во спротивно може да демотивираш некој потенцијален уредувач. Јас сум слушал и коментари од типот „ама што ако напишам нешто кога админите веднаш ќе го избришат.“ Тоа е моето мислење. Поздрав, --Wikimk (разговор) 17:53, 7 февруари 2010 (UTC)

Слики

уреди

Сликите за олимписките игри кои се неискористени и не се слободни за да стоіат така, дали ти требаат или да ги бришам? Мислам дека не е убаво да стоіат логоа како неискористени, а при тоа знаеме дека не се слободни за дистрибуирање, па мислев да те прашам ако ги користиш да ги оставам ако не да ги бришам. Поздрав--Никола Стоіаноски 23:12, 8 февруари 2010 (UTC)

Чекај сега. Не ги бриши. Гледаш дека ги уредувам статиите. Ќе ги средам сите до петок, па после од шаблонот. Ти можеш да започнеш да ги уредуваш шаблоните. Работиме по ист принцип.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:30, 8 февруари 2010 (UTC)
P.S. Сликите ге преземав од Википедија на српски, а таму се преземени од Википедија на англиски. Иако се неслободни, со ова позјмување на изворите се употребуваат на сите јазични изданија. Не може да се подигнат во ризницата само поради тоа што се неслободни. Знам дека се загрижуваш да не се наполниме со неслободни слики, но не се секирај, бидејќи ова не е таков случај.--Kiril Simeonovski (разговор) 01:56, 9 февруари 2010 (UTC)
Одлично завршена работа. Нормално дека ако забележам нешто ќе чепнам дури и вчера сакав да направам статија за грузиецот, но ти не претекна :) Инаку сега најдов материјали за македонистиката и имам доволно материјали да направам статии за некои македонисти, особено тие од МК така да и тука има статии од квантитативна гледна точка. Се надевам сè ќе ни оди како што треба. поздрав--Никола Стоіаноски 23:49, 13 февруари 2010 (UTC)
Супер. Македонистиката е одлична тема. Добро ќе ни дојдат тие содржини.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:55, 13 февруари 2010 (UTC)

Интервики

уреди

Здравствуйте, Кирил! Благодарю Вас за создание статей о городах Казахстана в македонской Википедии! Хотел бы попросить Вас внимательнее просматривать в русской википедии аналогичные статьи для связки интервиками. Например, Каскелен имел всего одну интервику на английский en:Kaskelen, хотя есть аналогичные статьи и в русской, и украинской и в польской википедиях - сегодня я проставил на них интервики. Пишите, если со своей стороны могу чем-то помочь! Искренне, --Ds02006 (разговор) 17:29, 21 февруари 2010 (UTC) (тысячу раз извиняюсь - македонский язык я не знаю, только русский и английский....)

Еден Македонец

уреди

Ок. незнаев.... поздрав

Европа по тема

уреди

Здраво Кирил, како си? Како се користи шаблонот:Европа по тема и Азија. Сакам да го искористам во статијата за Руска култура. Поздрав--Тиверополник (разговор) 22:32, 23 февруари 2010 (UTC)

„во“ кај годините

уреди

Да, сосема се согласувам дека е правилно, но досега бев приморан така да правам заради постоечкиот систем. Значи од сега да кој формат да го следам поточно: „Родени во 1455“ или „Родени во 1455 година“? Не знам зошто зборчето „во“ ви изгледа на сврзник кога тоа е меѓу најкласичните примери за прилог :) Поздрав и фала за напомената --Б. Јанкулоски (разговор) 10:48, 1 март 2010 (UTC)

Назад на корисничката страница на „Kiril Simeonovski/Архива 11“.