Разговор со корисник:Kiril Simeonovski/Архива 5
Нов корисник / добредојде
уредиЗдраво Кирил, Само што креирав бот која на сите корисници кои до сега немале шаблон новкорисник и добредојде автоматски ги додава. Така да можеш да престанеш рачно да ги средуваш овие работи. Само имам една забелешка во врска со шаблонот добредојде/2, бидејќи доколку се работи за корисник кој не го познава македонскиот јазик, оваа порака е некорисна за него. Порано имаше двојазично, на македонски и англиски ама не можам да го најдам тој шаблон. Ако го најдеш кажи ми, па него да го вметнува ботот. Поздрав.--brest (разговор) 13:00, 6 февруари 2009 (UTC)
- Нема потреба од друг шаблон. Ќе вметнеме англиски текст во постоечкиот. Може така?--MacedonianBoy (разговор) 13:37, 6 февруари 2009 (UTC)
- do it asap, please.--brest (разговор) 13:48, 6 февруари 2009 (UTC)
- Already done it.--MacedonianBoy (разговор) 13:50, 6 февруари 2009 (UTC)
- It's ok now. Start delivering. --Kiril Simeonovski (разговор) 13:52, 6 февруари 2009 (UTC)
- Еј, чекајте малце! Каде брзате? А, наместо да им додаваме двојно поголеми пораки на сите корисници на македонската Википедија, нема ли да биде покорисно да додадаме само 1 реченица на крајот од пораката за добредојде од типот на: „Don't speak Macedonian? See this and this. (селската чешма за странски јазици, на пример?!)“? И плус, која е поентата на преведување на текст на англиски само ако е полн со врски до ресурси кои не се на англиски, туку на македонски? Јас предлагам да ги вратиме шаблоните со истата содржина, но со ваква модификација. --Brainmachinewtf? 16:13, 6 февруари 2009 (UTC)
- It's ok now. Start delivering. --Kiril Simeonovski (разговор) 13:52, 6 февруари 2009 (UTC)
- Already done it.--MacedonianBoy (разговор) 13:50, 6 февруари 2009 (UTC)
- Лесно се решава со бришење, нека си седат и на англиски, што има врска тоа? Не гледам разумна причина јас за враќање на старите, зошто имам многу странски корисници тука.--MacedonianBoy (разговор) 17:42, 6 февруари 2009 (UTC)
- do it asap, please.--brest (разговор) 13:48, 6 февруари 2009 (UTC)
- И јас размислував за ова, но од друг аспект. википедија на македонски јазик е за да се говори на македонски јазик, а не како Зоки којшто, сепак има право дека ги насочуваме корисниците до страници на македонски јазик. Се согласувам дека добро би било да се стави само една речениоца, која ќе води до селската чешма на англиски јазик, но сепак и вака не ми смета. Најважно, во секој случај е овие шаблони да им се испратат на сите регистрирани уредувачи како што е на англиската. Има некои што се пријавуваат, сакаат да помогнат, но се плашат да не расипшат нешто, па се откажуваат. Па, така немаат уредување, а со тоа и придонеси и ние не им ги ставаме шаблоните. Вака мислам дека со секое регистрирање, тие уште веднаш ќе имаат водич кој ќе ги води до најважниоте работи. --Kiril Simeonovski (разговор) 17:44, 6 февруари 2009 (UTC)
Боја кај инфокутијата за книга!
уредиЕј, Кирил ај да те замолам нешто! Тек сега забележив дека кај сите статии каде што има инфокутија за книга горе не се покажува боја позади насловот. Знаеш, нели насловот стои на врвот на инфокутијата и јас позади него најчесто ставав бои, но сега едноставно не се појавуваат ај види што е! --Макс(разговор) 17:51, 6 февруари 2009 (UTC)
Портал:Бразил
уредиВо врска со идејата се согласувам но за бразил иако има доста статии треба уште многу да се пишува, ајде да направиме портал и да направиме група на корисници кои што ќе се вклучат во проект бразил со цел побрзо довршување на статиите затоа што во моментов работам само јас таму.--Раптор (разговор) 20:20, 6 февруари 2009 (UTC)
Greetings from Turkish Wiki
уредиIm sorry but i dont know macedonian. Im a Turkish user and while i was surfing i clicked a page of macedonian wiki and because of i have merge account, wiki made me a user of macedonian wiki :) so i dont know what you wrote about me but i think they are good things :P Good luck with Macedonian wiki,--Onurkayabasi (разговор) 02:06, 8 февруари 2009 (UTC)
Година на изградба...
уредиЗдраво Kiril Simeonovski, гледам бајаги ги прошируваш статиите. само напред. Сега имам едно прашање кое одамна сакав да го поставам. Гледам на другите википедии р.е. на англиската има категории за градба според годината, векот или слично во која била изградена. Што велиш за нашата википедија да го направиме или направам тоа, а и како полесно да ми биде.--Астрион (разговор) 22:38, 7 февруари 2009 (UTC)
- Баш сега разгледував, тоа ќе ми одзема можеби недела време... Затоа здравје понатаму. Извини и поздрав
Избрани статии на fo.вики
уредиЗдраво Кирил, Те молам да ми кажеш ако знаеш што значи ова: Избрани статии на fo.вики. Дали можеби треба да се тргне како категорија или?
Го има, на пример, помеѓу категориите на Хемија (при дното на страницата).
Благодарам. Поздрав, Wikimk (разговор) 16:13, 8 февруари 2009 (UTC)
Excuse me, but unfortunately, I do not speak your language
уредиExcuse me, but unfortunately, I do not speak your language.
Could you write me in english?
I suspect that your message is likely to talk about the subject (controversial) of the name of your country, included in my user page on wikipedia. Then you will forgive me, but you should know that I have not chosen the name. I used a template that automatically inserts the flag and country name. Therefore, if your message is a complaint in this regard, you should contact the person responsible for template and not with me. HombreDHojalata (разговор) 19:57, 8 февруари 2009 (UTC)
Конвенции за именување.
уредиТе молам види го ова! [1] --Макс(разговор) 14:05, 9 февруари 2009 (UTC)
За филмовите.
уредиЗдраво Кирил. Веќе сум доста време на Википедијава и до вчера упорно се нарекував „само почетик“, но веќе мислам дека доста сум скромен и дека сум и повеќе од тоа. Затоа мислам дека е глупаво да помислиш дека не сум помислил на тоа. Тоа е доста практично и одлично е, но има проблем. Ние освен тоа што сакаме да привлечеме читатели сакаме да привлечеме и нови корисници, а тие се неискусни. Имаме еден голем проблем со новите корисници и ти тоа го знаеш. Проблемот е во тоа што, кога тие отвораат статија не ги преведуваат филмовите, глумците итн. Бидејќи мислат дека така е правилно, и јас лично мислев дека така е правилно кога почнав со работа. И тие ќе ги остават така и ќе им стават вики врска и кога ќе видат дека таа врска е сина, ќе помислат дека направиле точно, а всушност не е точно. Затоа со месеци размислувам на оваа тематика и се обидувам да пронајдам решение, но решението не е возможно. Јас сум единствениот моментално кој пишува такви статии, за кои знам дека не се од голема важност, но треба сите да сфатат дека правам одлична работа без разлика на кое поле работам. И кога јас не сум уклучен на википедијава кој и да е од вас (без навреда) кога ќе види во скорешните промени статија за филм веднаш ја отфрлате. Ако сакате да ставам пренасочувања на таквите статии тогаш треба внимателно да ги проучувате сите ново отворени статии, а за да го направите тоа потребни ни се ВикиПроекти надлежни за тоа, а ние сосема случајно имаме ТРИ такви, но ниеден од нив не работи добро. Зборувам за проектите, рецензија, нови статии и квалитетни статии. Тоа беше жива глупост кога ги отворивме тие проекти, бидејќи тие се од голема важност но никој не работи на нив а можеме барем по малку да им се посветиме. Затоа јас целосно те разбирам и да знаеш дека те почитувам и не ти се лутам за ништо, туку едноставно ти ги кажувам работите такви какви што се и ти убаво знаеш дека тие се такви но ништо немаме превземано досега.
Затоа имам еден предлог. Сериозно отвори тема на селската чешма да разговараме за проектите на нашава википедија. Да ставаиме барања сите да се ре-активираат под што мислам дека иако сме малку корисници, немора да работиме активно на проектите од типот на филм, географија, спорт итн. Туку само да бидат тие во употреба и да поставиме коордниатори на секој од проектите. Тој коордниатор само ќе се посвети многу добро на проектот и од време на време ќе става некои работи на страните за разговор и сите членови нека дадат свое мислење ништо повеќе не се бара, немора да бидат тие проекти многу активни. Но затоа проектите Оддржување, рецензија и сл. да бидат и таму сериозно секој ден да разговараме колку можеме толку никој не не брза. Имам идеја да на пример да одредиме, денес јас да го надгледувам проектот Нови Статии и да внимавам кога некоја статија е отворена, веднаш да ја поправам ако може, да ја оценам со википроектот рецензија и да кажам дали е квалитетна со Квалитетни Статии. Утре ти, задутре некој друг, ме разбираш. Се разбира кој кога може, јас сам ќе кажам кој денови сум слободен да останам подолго време да надгледувам и така. Ако некој ден никој не може тогаш добро не губиме ништо. Поздрав и извини за „рефератов“. П.С. Провери тоа за инфокутијата книга. --Макс(разговор) 14:09, 10 февруари 2009 (UTC)
Молба
уредиАко сакаш ај заштити ја статијата Беломорска Македонија, некој корисник постојано брише називи и ја вандализира. Заклучи ја, те молам, додека не се изнајде решение за неговото вандализирање.--MacedonianBoy 12:11, 11 февруари 2009 (UTC)
- MacedonianBoy не чита добро што пишува во статиjата. Во првото изречение се наведува дека Егеjска Македониjа е дел од "Република Македониjа" (види дека сочи линкот "етничка Македонија"). Поради тоа што во Република Македониjа се приема дека Етничка Македониjа е истото со Македониjа (како исторско-географски регион) мислам дека требе "е дел од етничка Македонија и" да се избрише. Два исти поима се използувани во една иста реченица, и сочат кон различни страници. Тоа сакаше да го направи грчкиот википедианец, но поради тоа што не зборува ни збор македонски не може да го искаже. Поздрав! --Стан (разговор) 12:22, 11 февруари 2009 (UTC)
- Егеjска Македониjа е позната и како "Грчка Македониja", како Пиринска е позната како Бугарска Македониjа - во македонската историография. Не мислам дека човекот напиша нешто, кое не е вистина или е пропаганда и т.н. за да биде заштитена статиjата. Во моментот уште првата реченица е голема глупост, наведуваjки дека Егеjска е дел од Република Македониjа. Поздрав! --Стан (разговор) 12:38, 11 февруари 2009 (UTC)
- Toa poznata e samo vo Bugarija i Grcija, vo Makedonija imame i koristime posebni termini uste od pamti vek. Ne pravete drama od opsto poznata rabota. Tie ureduvanja moze na grckata Vikipedija da gi pravi.--MacedonianBoy 13:01, 11 февруари 2009 (UTC)
- Не ме интересира како ги викате деловите, ние си ги викаме со имињата вековни, тие називи не само што се влезени во литература, народни песни и слично туку врежани во сржта на секој македонец. А тоа што денес случајно се наоѓаат во рамките на други држави не дава право да им ги смениме инињата со кои со векови сме ги викале. Ова е мизерна дискусија нема потреба од ова. Дајте да разговараме за проширување на Википедија и нејзино подобрување а не ова.--MacedonianBoy 13:31, 11 февруари 2009 (UTC)
- Тое е грешка. Сега ќе поправиме.--MacedonianBoy 13:44, 11 февруари 2009 (UTC)
- Егеjска Македониjа е позната и како "Грчка Македониja", како Пиринска е позната како Бугарска Македониjа - во македонската историография. Не мислам дека човекот напиша нешто, кое не е вистина или е пропаганда и т.н. за да биде заштитена статиjата. Во моментот уште првата реченица е голема глупост, наведуваjки дека Егеjска е дел од Република Македониjа. Поздрав! --Стан (разговор) 12:38, 11 февруари 2009 (UTC)
- Поимот "Грчка Македониja": Wiki Books ([2]), Утрински ([3]), Нова Македониja ([4]). Дневник ([5]), Wiki Source ([6]), Macedonian Human Rights Movement International ([7]), Матица на иселниците од Македониja ([8]) и таку натаму. Поимот е утврден, не видувам некаков проблем да се наведе во статиjата како alias на Егеjска Македониjа. --Стан (разговор) 13:46, 11 февруари 2009 (UTC)
- Доста со ова. Етничка Македонија пренасочува во регионот Македонија а ако не прочита (а убаво би било) ќе видиш дека во статијата пишува како во Грција ја викаат Егејска Македонија. --MacedonianBoy 13:48, 11 февруари 2009 (UTC)
- Браво за пренасочуването, со ова се почна оваа дискусиjа. Сега ако ми кажеш со какво се разлекува "етничка Македониjа" од "Македониja" - во првата реченица ги има и двата поима со врски кон една и иста страница. Мислам дека самата реченица не е добра. Ама тое не е голем проблем, важно е дека поне проблемот со РМ=>Етн.М. се реши... фала. --Стан (разговор) 13:56, 11 февруари 2009 (UTC)
- Едно да разјасниме, Стан. Терминот „Етничка Македонија“ не е исто што и „Република Македонија“. Во „Етничка Македонија“ спаѓаат, покрај Република Македонија и Егејска и Пиринска Македонија. Што автоматски значи дека Егејска Македонија ако е дел од Етничка Македонија (Македонија) не значи дека е дел од Република Македонија. Во македонскиот јазик се употребува терминот „Етничка Македионија“ како најсоодветен. Тоа што во бугарскиот јазик се употребуваат соодветни термини како „Бугарска Македонија“ за Пиринска или „Грчка Македонија“ за Егејска, тоа си е ваше мислење. Со ова разговорот околу ова прашање од моја страна е затворен. Мислам дека бев доволно јасен. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:17, 11 февруари 2009 (UTC)
- Ова jас го знам и точно тоа кажав, но статиjата "Етничка Македониjа" (како кажав во првиот коментар) пренасочуваше кон "Република Македониjа" (MacedonianBoy го исправи веке) - и со тоа се наведуваше дека Егеjска е дел од РМ. Види ми првиот коментар, да не се повторувам. Поздрав! --Стан (разговор) 14:26, 11 февруари 2009 (UTC)
Molia
уредиNe razbira Makedonski :-( I had reverted the introduction to Егејска Македонија to an earlier version that had been agreed by Macedonian editors. I think they had agreed that it was a Greek province and therefore this had to be made clear. I do not understand the present version. Fala. Politis (разговор) 12:29, 11 февруари 2009 (UTC)
Цар
уреди„Јас добив мејл од Џимбо“ барнстар | ||
Кирил, ти дефинитивно си цар на Википедија, оти успеа да кореспондираш со the Џимбо Вејлс (!!!) и успеа да го кажеш како тоа да е било каква секојдневна работа. Цар! --Brainmachinewtf? 22:48, 11 февруари 2009 (UTC) |
Е добро де. На Википедија можеш со секој да кореспондираш. Нека не те чуди. Сепак стануваше збор за работа. Сепак ти благодарам за наградата. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:58, 11 февруари 2009 (UTC)
За шаблонот Херцшпрунг-Раселов дијаграм
уредиИма една грешка, имено кај терминот `џуџиња`, се појавува грешен линк - џвезда џуџе. Поправи го, јас не знам како да го поправам... Поздрав --Виолетова (разговор) 16:28, 12 февруари 2009 (UTC)
- Средено.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:46, 12 февруари 2009 (UTC)
Прашање
уредиОвој корисник вели дека не може да ја уредува неговата страна. Дали му е заклучена, блокирана или бог знае што, види. Поздрав--MacedonianBoy 16:49, 12 февруари 2009 (UTC)
- Не знам. Јас се одјавив, па и како анонимен можев даја уредувам. А, за блокиран не е. Позз.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:53, 12 февруари 2009 (UTC)
- П.С.Можеби станува збор за моментни проблеми, кои подоцна нема да му се појавуваат.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:54, 12 февруари 2009 (UTC)
- ОК нема врска. Така тој вели, незнам што му е.--MacedonianBoy 16:55, 12 февруари 2009 (UTC)
ОДЛИЧНО.
уредиМногу ми е мило, што ме поддржуваш. Важи од сега ќе продолжам со таквата работа и ќе додавам статии од сите области. Поздрав! --Макс(разговор) 11:32, 15 февруари 2009 (UTC)
За олимпијадата
уредиНе знаев дали да ти одговорам кај мене или тука, па еве реков тука. Значи обично кога можам и имам време да ги „поправам“ статиите тоа и го правам, само што во моментов немам асолен интернет и така ја ставив во набљудувани страници статијата, па кога ќе можам ќе ја уредам во некоја поприфатлива форма. Имаше нешто за тимот на Индија кој ја одбранил титулата, а не пишува во кој спорт, а имаше и други некои ситници кои не можев да ги разгледам. Сепак во меѓувреме подобро е да има шаблон 'внимание' да се знае дека нешто не е во ред (во случај некој да ја прочита), отколку некој да ја прочита и да си помисли 'леле македонската википедија е цела без врска'... не дека статијата е без врска, туку општо тие што имаат таг внимание се некако не-во-ред. Се надевам ме сфати, па кога ќе се стабилизира интернетот, бидејќи нерви кинам, ќе ја уредам, како и другите статии. --√ гитардэмон √ говори со мной √ 20:52, 15 февруари 2009 (UTC)
Проблем со категории и шаблони.
уредиЕј, Кирил имам еден проблем ако можеш да го средиш малку. Вака, значи создадов некои категории за подобра организираност. Тоа се категориите: Категорија:Телевизиски серии со почеток во 2008 година, Категорија:Телевизиски серии со почеток во 2007 година, Категорија:Телевизиски серии со почеток во 2006 година, Категорија:Телевизиски серии со почеток во 2005 година... Овие категории одговараат на горе наведените категории: en:Category:2008 television series debuts, en:Category:2007 television series debuts, en:Category:2006 television series debuts, en:Category:2005 television series debuts... Toa, television series debuts го преведов како телевизиски серии со почеток во (годината) година. Малку е долг преводот но мислам дека е идеален. Е сега проблемот ми е тоа што решив горе да им додадам еден вид навигационен шаблон. Тоа е шаблонот ТВгд или TVyr. Значи го ставив јас горе тој шаблон и кога одеднаш забележувам дека тој не покажува ги покажува викиврските како треба. Кога ќе стиснеш на некоја од годините ќе те однесе на категорија со име Телевизиски серии со почеток од, а мене ми треба да ме носи на категорија со име Телевизиски серии со почеток во (годината) година. Значи не Телевизиски серии со почеток од туку Телевизиски серии со почеток во (годината) година. Значи проблемот е или во шаблонот или во моето составување на името на категоријата. Можеби е точно Телевизиски серии со почеток од 2007. Без тоа година на крај и тоа во заменето со од. Тоа е се. Всушност оваа категорија кажува за телевизиските серии од одредената година. Значи ако некоја серија започнала во 2007 велиме дека таа серија е од 2007 или пак дека таа серија е со почеток во 2007. Јас го одбрав „со почеток од“ бидејќи има и такви категории (кај не се уште направени, но ќе ги направам наскоро) кој се викаат (годината) television series endings, а нашите би се викале телевизиски серии со крај во (годината). Те молам ако можеш ова да го погледнеш би ти бил благодарен.
И веќе по кој знае пат те молам, а тоа е да ја разгледаш инфокутијата за книга. Не покажува повеќе боја. Горе на врвот на инфокутијата каде што треба да стои насловот на инфокутијата/книгата, може да стои и боја позади него, но веќе таа боја не се покажува! Поздрав!--Макс(разговор) 18:36, 16 февруари 2009 (UTC)
Мултимедијална содржина на главната страница
уредиГласањето во Портал/Идеи за избрана мултимедијална содржина на денот на главната страница заврши во предвидениот рок, со 10 гласа , ниту еден против или воздржан глас. Соодветните измени на главната страница се направени, така да сега нашата главна страница како што можете да забележите е збогатена и со оваа содржина, благодарност до Bjankuloski06 кој активно работи на commons за да имаме извонредни преводи на описот на содржините во оваа секција, благодарност за вашата подршка на оваа идеја. Можете да помогнете со превод на соодветните страници на Commons:Медија на денот. Поздрав. --brest (разговор) 20:43, 16 февруари 2009 (UTC)
Re: Пиратство
уредиЗдраво Кирил. Делумно се сложувам со тоа што го кажа за врските. Со оглед на тоа што поврзувањето е битен дел од интернетот реков ај да поврзам што може... за годините мислам дека не мора да се прави освен ако не се поврзани со настан. Инаку, примарната цел ми е корекција на (во најголема мерка) печатни грешки. Поздрав, Wikimk (разговор) 21:57, 17 февруари 2009 (UTC)
За италијанските провинции
уредиЗдраво! Сакам да ти посочам на неколку работи за статиите за италијанските провинции. Бидејќи видов дека имаш направено неколку грешки во предавањето на имињата од италијански на македонски, сакав да ти дадам неколку совети, а не сакам да звучам грубо или навредливо, но не знам дали имаш познавања од италијанскиот јазик па затоа и вака. Значи, s се предава како з, а ss како с. Ова ти го велам бидејќи видов статијата си ја именувал Аполоса, а правилно на македонски би било (според изговорот) Аполоза. Инаку исто биди внимателен со zz бидејќи некаде се предава како ѕ а некаде како з. Ако ти треба помош, само види го руското интервики, ќе видиш таму како се предадени (бидејќи на латиница се оригиналите како на италијански па не се од помош). И една друга работа, обиди се да го додаваш и англиското интервики, мислам дека ботовите најмногу оттаму работат. Јас ќе го средам шаблонот да го има и натписот на македонски, не само на италијански. Поздрав! -{админинстратор}- гитардемон 21:46, 20 февруари 2009 (UTC)
- P.S. Ќе го отстранам тоа за демонимот од шаблонот, бидејќи појма немам како се предаваат тие на македонски, меѓутоа не е така како што си ги превел (веројатно и нема на наше). Пример некој од Аморози на македонски не е Аморосино, туку поверојатно Аморозец... Но ние не можеме да измислуваме демоними, но сигурен сум дека не е вака, бидејќи Milanese не е на македонски ни Миланезе ни Миланис, веројатно Миланец или нешто така. -{админинстратор}- гитардемон 22:00, 20 февруари 2009 (UTC)
- Јас веќе го расгледав руското интервики, па оттаму се водев, инаку како што имам познавања од италијанскиот јазик zz секогаш се транскриптира во ц, а никогаш во з или ѕ (потврдено од правопис). Инаку за буквата ѕ ја признавам грешката, знам дека треба з, па ќе го поправам. А за денонимите не сум баш најсигурен дали да ге преведувам. Можеби тебе преводот ти посочил дека е погрешно, па нема да ги преведувам, не поради тоа што така е точно, туку поради тоа што и соодветен превод е тешко да се најде. И на руската не се преведени, па и нема големо значење тоа. Инаку и на кирилица мислам дека не е погрешно.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:33, 20 февруари 2009 (UTC)
- Не знам што да направиме со инфокутијата. Има неколку работи што не може нуикако да се преведат (градоначални, светец), но има и некои што може (провинција, дата). За името на градоначалникот мислам дека и не мора да стои во инфокутијата, бидејќи еден ден ќе се смени, а не верувам дека некој за општина во Италија ќе води евиденција да го менува, а и освен тоа за таков човек нема статија на Википедија. Е, сега за светците е друго, па мислам дека мора да стојат во инфокутијата. Таму нашата литература се соочува со многу други проблеми. Некаде „свети“ се пишува во овој облик, а некаде со латинското „санто“. Затоа нека не те чуди, што за најпознатите светци користам свети, бидејќи така се кај нас познати, а за католичките, особено италијанските санто. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:39, 20 февруари 2009 (UTC)
- За zz зависи дали на југ или север. Земи го за пример azzuro, и аѕуро и азуро се предава, а како што рече ти и ацуро, само зависи каде си. Како и да е, за кирилицата не реков дека е грешно, туку баш напротив на кирилица точно можеш да видиш како се транскрибира, бидејќи википедиите што користат латинична азбука немаат транскрипција на поимите, туку исто како што е на италијански го пишуваат, па ако не си сигурен не ти е од помош ;) А инфокутијата не ја видов за светците и за градоначалниците, но ќе ја разгледам и за тоа. Инаку не можам грбот да го направам како што треба да седи, не е проблем шаблонот, нешто е во поставките за цела наша Википедија, го имавме овој проблем и порано, само некако го поправија не знам како, некој од другите администратори. -{админинстратор}- гитардемон 11:29, 21 февруари 2009 (UTC)
Re:Статии
уредиЗдраво, па супер доколку стигнеме до 25 000, но што се однесува до мене незнам колку ќе можам да го дадам максимумот бидејќи сум презафатен со работа и семејни работи... Но колку може ќе се напише... Поздрав и пријатна работа--Астрион (разговор) 21:04, 22 февруари 2009 (UTC)†
- Хахахах, цар или император сум... Ќе уредуваме,само дај помогни ми како да го скријам шаблонот да не излегуваат сите императори туку само Римски императори. Мислам оти ме разбра--Астрион (разговор) 18:59, 24 февруари 2009 (UTC)
- Не, не, не, не ме разбра. Сакам шаблонот да биде како српскиот http://sr.wikipedia.org/wiki/%D0%A8%D0%B0%D0%B1%D0%BB%D0%BE%D0%BD:%D0%A0%D0%B8%D0%BC%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D1%86%D0%B0%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%B8, т.е. да не се менува содржината туку само изгледот... Она сокриј каде шо пишува
- Хахахах, цар или император сум... Ќе уредуваме,само дај помогни ми како да го скријам шаблонот да не излегуваат сите императори туку само Римски императори. Мислам оти ме разбра--Астрион (разговор) 18:59, 24 февруари 2009 (UTC)
Тоа значи дека треба да ги поправам од император во цар....?
Бугарски владетели
уредиОва е последното од brest:
- Ревизија од 10:03, 16 април 2008 "има доволно факти наведено од Stanprog и треба да се направат соодветни измени" [9]
Преди тоа Виктор Jовановски на неколко пати
- Ревизија од 17:57, 28 јануари 2008 "(Отстрането уредувањето на Filipgd, вратено на последната верзија на StanProg)" [10]
- Ревизија од 09:35, 28 јануари 2008 [11]
- Ревизија од 02:30, 30 септември 2007 "Обид да се постигне НГТ" [12]
Од "Резиме"-то има само еден извор од книга издадена од МНИ, авторот е руснак ru:Селищев, Афанасий Матвеевич, бил во БАН
- „Славянское население в Албании“ от Афанасий Селищев (1931) Издание Македонского Научного Института
Кои од изворите во Резиме-то не постоjат или се бугарски (како изклучим горниот)? --Стан (разговор) 21:28, 24 февруари 2009 (UTC)
- 1. По овоj проблем веке има одлука од двама администратори. Требе ли да има одлука од секоj нов администратор?
- 2. Не се "некои историчари" туку 99% од светските историчари, и сум навел десетки извори
- 3. Нема ни еден наведен независен извор дека, Комитипулите не биле бугарски владетели
- Цитат "Не гледам прекршување на правилото, бидејќи во статијата јасно си пишува дека некои историчари ги додаваат владетелите на Самоиловото царство."
- 4. Правилото е 3RR - more than 3 reverts, не е што и како пишело.
- 5. Странизата за разговор е точно за извори. Што сакате? Да дам 100 извора на страницата на статиjата? Ако тоа го сакате точно 100 извора ке додам.
- . Цитат: "Вашите докази кои ми ги наведовте беа минати уредувања на страницата, а само едно беше од историчар, а во страницата за разговор се посочени повеќе, но сепак тоа е доволно за да може да се каже некои историчари."
- 6. Пак прашам. Коклу независни извори се надведени дека тие не биле бугарски владетели? 0?
- Само еден от тие е историчар? Само коj точно според вас е историчар?
- „Стратегикон“ од Кекавмен
- „Epitome historiarum“ од Зонара (Zonarae, op. cit., III)
- „Летопис“ од Якъя Антиохийски (X - XI век)
- „Хроника“ од Јоан Скилица (XI век)
- „Българска апокрифна летопис“ (XI век)
- Барон Розен, пос. съч..
- „Славянское население в Албании“ от Афанасий Селищев (1931) Издание Македонского Научного Института
- „История Болгарии“ от Николай Державин (1948) издадена от Академии Наук СССР
- „Everyman's Dictionary of Dates“ by Charles Arnold-Baker, Anthony Dent (1954) published by E.P. Dutton
- „Большая Советская Энциклопедия“ - 3-тое издание (1969-1978)
- „Kievan Russia“ by George Vernadsky (1973) published by Yale University Press
- „Chronology of World History: A Calendar of Principal Events“ by G. S. P. Freeman-Grenville (1975) published by Collings
- „The Byzantine Empire - Rome of the East“ by Merle Severy (1983) published by National Geographic
- „The National Question in Yugoslavia: Origins, History, Politics“ by Ivo Banac (1988) published by Cornell University Press
- „Fury of the Northmen: Time Frame, Ad 800-1000“ by Time Life Books (1988) published by Time-Life Books
- „The Encyclopedia of World History - Ancient, Medieval, and Modern“ by Peter N. Stearns (1991) published by Houghton Mifflin
- „Byzantium and Venice: A Study in Diplomatic and Cultural Relations“ by Donald M. Nicol (1992) published by Cambridge University Press
- „Byzantium and the Slavs“ by Dimitri Obolensky (1994) published by St Vladimir's Seminary Press
- „The Origins of the Rumanians: The Early History of the Rumanian Languages“ by André Du Nay (1996) published by Matthias Corvinus Publishing
- „Самуилова држава. Обим и карактер“ by Срђан Пириватриђ (1997) published by Византолошки институт, САНУ
- „Historical Dictionary of Bulgaria“ by Raymond Detrez (1997) published by The Scarecrow Press, Inc
- „A History of the Byzantine State and Society“ by Warren Treadgold (1997) Stanford University Press
- „Byzantium's Balkan Frontier“ by Paul Stephenson (2000) published by Cambridge University Press
- „The Economic History of Byzantium“ by Angeliki E. Laiou (2002) published by Dumbarton Oaks
- „The Oxford History of Byzantium“ by Cyril Mango (2002) published by Oxford University Press
- „Byzantium at War AD 600-1453“ by John Haldon (2003) published by Osprey Publishing
- „The Serbs“ by Sima M. Ćirković (2004) published by Blackwell Publishing
- „A History of Byzantium“ by Timothy E. Gregory (2005) published by Blackwell Publishing
- „История южных и западных славян в средние века (Учебник МГУ, Том I, Чехия, Польша, Болгария)“ by Екатерина Ескина и Максим Кирсанов (2005) published by Московском Государственном Университет
- „The Byzantines“ by Averil Cameron (2006) published by Blackwell Publishing
- „Basil II and the Governance of Empire (976-1025)“ by Catherine Holmes (2006) published by Oxford University Press
- „A Concise History of Bulgaria“ by R. J. Crampton (2006) published by Cambridge University Press
- „The Fall of Constantinople“ by David Nicolle, Stephen Turnbull & John Haldon (2007) published by Osprey Publishing
- „Eastern Europe“ by Tom Masters, Brett Atkinson, Greg Bloom, Peter Dragicevich & Lisa Dunford (2007) published by Lonely Planet
- „History of Serbs: Saint Vladimir“ филм на РТС
Ajax
уредиКорисникот Ajax веке 5 пати ревертува промена за коjа веке има одлука и прекршува 3RR правилото. Те молам да jа вратиш промената за коjа имаше одлука. Jас не можам зашто веке jа вратив два пати (3RR). --Стан (разговор) 22:10, 24 февруари 2009 (UTC)
Викификатор
уредиКирил, те молам преведи го викификаторот на македонски, ако можеш уште денес, и види ја оваа страна на руската. Еден корисник од руската ми рече дека ова ние што го правиме успеало да Википедија на старословенски па може и тука но мора да се преведе. Види ја страната и кажи што има важно во неа. Јас не можам да го уредувам Викификаторот зошто не сум админ. Поздрав--MacedonianBoy 20:46, 26 февруари 2009 (UTC)
Битка кај Хатин
уредиПо мене, накинтересна историја во човештвото е онаа од блискиот исток посебно крстоносните војни. Миломи е шо ја поправи статијата. Поздрав--Астрион (разговор) 14:25, 28 февруари 2009 (UTC)