Разговор со корисник:Kiril Simeonovski/Архива 22
Номинација
уредиЗдраво-живо Кире. Еве, да те известам дека штотуку ја номинирав статијата за Ежен Делакроа. Те молам ако може да биде ставена на гласање. Поздрав.--Вик Ретлхед (разговор) 21:34, 23 ноември 2012 (CET)
Голема благодарност
уредиМногу ти благодарам Кирил за наградата и уште повеќе ми е мило што ти се допаѓаат мојте статии. Изгледа дека само ти го цениш мојот труд овде и многу сум ти благодарен на тоа. Поздрав (Carshalton (разговор) 21:45, 23 ноември 2012 (CET))
Привет с Украиньі! :-)
уредиПривет, Кирил!
Я ответил у себя, тут просто дам ссьілку на недавнее собьітие - презентация работьі Редактирование Википедии. Встреча прошла в Сумском университете. Презентацию проводил мой друг Сергей с Харькова. Ссьілка - http://wikimediaukraine.wordpress.com/2012/11/23/sumdu-nov20-2012/
Уже два университета в Украине сотрудничают (официально) с Википедией. Многие вузьі уже давно используют в обучении студентов знания из википедии. Недавно прошел конкурс Вики любит памятники. Вот тут можно почитать - http://wlm.org.ua/
Удачи! Пиши, что у вас происходит! ;-) С уважением, --Nickispeaki (разговор) 15:56, 24 ноември 2012 (CET)
- Лучше писать на украинской странице Користувач:Nickispeaki. Я там бьіваю часто, а тут вот случайно зашел. Очень рад бьіл ответу. :-) --Nickispeaki (разговор) 16:00, 24 ноември 2012 (CET)
Хипотеза о истој граматици - Граматиката на српскиот јазик#Наводи
уредиХипотеза о истој граматици
уредиВи треба да докажете хипотезу да је реч о две исте граматике, а то Вам опет не значи да је реч о два иста појма. Тако су на мк.вики могући ови појмови, који су само на први поглед идентични.
- Кралство на Србите, Хрватите и Словенците /// Кралство Југославија
- Федеративна Народна Република Југославија /// Социјалистичка Федеративна Република Југославија
- Категорија:Федерална Држава Македонија /// Категорија:Социјалистичка Република Македонија
- Категорија:Народни херои на Македонија /// Категорија:Македонски народни херои
- Србија и Црна Гора /// Сојузна Република Југославија
Не требам ја да доказујем да нешто није исто, јер се нигде на свету не доказује да црно није бело. Терет доказа је на оном ко тврди да нешто јесте тачно, а овде је доказано да граматика српског језика постоји јер постоје извори који потврђују хипотезу о постојању граматике српског језика. Хипотеза да постоји само српскохрватска граматика је нетачна хипотеза, јер тај приступ негира босанску граматику и црногорску граматику. Могло би се ту српскохрватску хипотезу оквалификовати југословенским наци(ј)онализмом.
Дати су и литература и извори (Наводи) на ср.викисоурце.орг
Наводи
уреди- Душанка Вујовић, Граматоломија : прегледна граматика српскога језика, Нови Сад : Либер, 2012, ISBN 978-86-85461-13-2
- Живко Н. Стефановић, Граматика српскога језика : за I разред средњих школа, Београд : Књижарница Радомира Д. Ћуковића, 1941.
- Живојин Станојчић, Љубомир Поповић, Граматика српскога језика : уџбеник за I, II, III и IV разред средње школе, Београд : Завод за уџбенике и наставна средства, 1995, ISBN 86-17-03871-3
- Милош Милошевић, Граматика српскога језика : приручник за познавање српског књижевног језика, Београд : Драганић, 2001, ISBN 86-441-0221-4
- Бранислав Уљаревић, Граматика - књижевност : основе граматике и књижевности српскога језика, Београд : Б. Уљаревић, 2012, ISBN 978-86-912289-3-4
- Стојан Новаковић, Српска граматика, 1894, 1902.
- Живојин П. Симић, Српска граматика, 1922.
- Ѓуро Даничиќ (Ђуро Даничић)
- Вук Стефановиќ Караџиќ
Мк.википедија треба да прикаже све углове и све појмове неутрално и без инсистирања на правоверној српскохрватској граматици из југословенско-нацијоналистичке перспективе.-- Лингви (разговор) 17:42, 27 ноември 2012 (CET)
Википедија на англиски
уредиВикипедија на англиски није исто што и Википедија на македонски!-- Лингви (разговор) 17:47, 27 ноември 2012 (CET)
Кандидат за избрана статија
уредиДобра вечер Кире. Еве, да те замолам ако можеш да видиш до кај е кандидатурата за Кандид, зашто ја предложив пред некое време. Прво види дали ги исполнува критериумите, па после стави ја на гласање. Патем, со среќа на испитот. Позз.--Вик Ретлхед (разговор) 23:15, 21 декември 2012 (CET)
- Здраво Игор. Содржински статијата е во ред, но мислам дека има некој проблем си наводите. Најпрво ќе биде потребно истиот да се среди, па потоа кандидатурата би можела да биде целосна. Инаку, гледам дека статијата на Виикипедија на англиски е во доста добра состојба, па би можеле и оттаму да искористиме некој извор ако се усогласени содржините на двете јазични изданија. И ти благодарам за убавите зборови. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 02:04, 22 декември 2012 (CET)
Новата избрана статија
уредиФала ти Кире за убавите зборови! :) -- Бојан имаш за кажување? 11:56, 23 декември 2012 (CET)
Кандид
уредиГи погледав наводите и одлично се совпаѓаат со содржината на статијата. Вториот дел од наводите ќе го додадам некој нареден ден. Туку, ако можеш да ја преименуваш статијата Смат во SMUT, зашто така им е правилното име. Сум го помешал бидејќи во весниците ги пишуваат Смат. Пријатно.--Вик Ретлхед (разговор) 15:19, 23 декември 2012 (CET)
- Преименувано.--Kiril Simeonovski (разговор) 15:21, 23 декември 2012 (CET)
Potvrdi izmene na ovom članku vratio sam vandalizam. --Kolega2357 (разговор) 14:37, 29 декември 2012 (CET)
- Направив измена со којашто ги вратив категориите и интервики врските кон другите јазични изданија. Сметам дека правописните исправки од страна на Бојан се во ред. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:42, 29 декември 2012 (CET)
Ацтечки јазик
уредиЗдраво Кирил. Статијата е супер и може да биде кандидирана, но недостасуваат уште три-четири секции (писмо, книжевност и јазичен контакт). Реков ќе ја пишувам полека полека, па затоа и подолг период ја проширувам. Да ја кандидираме сега или откако ќе ги допишам и овие три секции? Јас би ја предложил на крај кога ќе биде готова. Позз--Никола Стоіаноски 10:32, 31 декември 2012 (CET)
ПОЛЕ или Долно Поле е дел од Етно-географската целина на Македонија!!!
уредиЗдраво Кирил, би сакал да ја пополниме темава што ја наметнувам за областите западно од гр.Дебар во соседна Р.Албанија во кои живеат Македонци од двете конфесии, имено се работи за начнатата од мене област ,,Долно Поле,, во која покрај другите села каде помалку или повеќе живеат Македонци попрецизно во селата Ербеле(Рбеле) или на алб. Хербел, Горно Крчиште, Долно Крчиште и главното и најпознато Макелари тие се во апсолутно мнозинство за овие неколку села и нивната околина има материјал од Божидар Видоески со анализа на говорот како и неколку мапи кои мене не ми се достапни!.Ке ти оставам веб адреса од статијата која е напишана за овој регион http://home.uchicago.edu/~vfriedm/Articles/Review73.pdf Оваа област по средното течение на р.Дрим во Источна Албанија, во област Дебар(Дибер) општина Макелари, во минатото се надоврзувала на етнографската област Дебарско Поле со мали говорни и обичајни разлики , и во продолжение со Горанската етнографска целина ја преставувала најзападната македонска етнографска граница. Поздрав ДраганКитаноски--Dragan Kitanoski (разговор) 22:22, 16 јануари 2013 (CET) Ке заборавев сакам да прашам и за мислење дали треба да се создаде нова статија или да се уфрли во склоп на постоечките статии за Макелари, Пешкопеја или Пешкопија, ...?--Dragan Kitanoski (разговор) 22:24, 16 јануари 2013 (CET)
- Здраво Драган. Мое мислење е дека за секое населено место е добро да има статија на Википедија на македонски јазик. Со тоа се решава проблемот на непрегледност, бидејќи податоците за едно место си се во посебна статија. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:23, 17 јануари 2013 (CET)
Знаме на Босна
уредиКире, ај види го шаблонот со знамето на Босна, нешто средував ама изгледа не сум направил како што треба.--Вик Ретлхед (разговор) 00:18, 19 јануари 2013 (CET)
- Средив работа, видов како MacedonianBoy го направил шаблонот за Соломоните.--Вик Ретлхед (разговор) 11:22, 19 јануари 2013 (CET)
- Извини што немав прочитано, но ако веќе си го средил е во ред.--Kiril Simeonovski (разговор) 11:51, 19 јануари 2013 (CET)
Статии
уредиЗдраво Кирил. Сакам да те прашам, дали има уште за правење статии поврзани со ѕвезди/ соѕвездија? Мислам за тие што ги правеше со ботот, мислам беа ѕвезди. Ако нема, дали може да се подготват слични такви проекти? Позз--Никола Стоіаноски 14:18, 22 јануари 2013 (CET)
- Има уште неколку илјади за правење, но периодов немам време и заради тоа ги немам пуштено. Освен тоа, најпрво сакам да ги досредам овие коишто се направени досега, бидејќи се потребни пренасочувања и технички средувања.
- Може без проблем да се подготват и други слични проекти, но кај нив ќе има малку повеќе работа и ќе треба да бидат вклучени неколку корисници. Идејата е да се земе база на податоци од некој попис за населени места во некоја земја и да се уредуваат статии за истите. Содржината на ваквите статии ќе биде многу поголема од оние што рачно ги уредувавме пред неколку години и би наликувала на овие што неодамна ги уредуваше ботот. Единствен проблем е што е потребно да се преведуваат имињата на овие населени места, а тоа е напорна работа и за брзо да се заврши ќе треба да бидат вклучени повеќе корисници. Сепак, ако има интерес и успееме да се организираме во преведувањето, мислам дека нема да биде проблем да се пуштат уште неколку илјади статии. На крајот на краиштата, редно време е да се доближиме и да надминеме 100.000 статии. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:05, 22 јануари 2013 (CET)
Дупликат статија
уредиЗдраво Кире, статијава 2011 Светско Акватичко Првенство треба да биде избришана бидејќи постои друга целосна статија за истото првенство - Светско првенство во водени спортови 2011. Поздрав. TheGreatMKD (разговор) 15:20, 27 јануари 2013 (CET)
- Избришано.--Kiril Simeonovski (разговор) 20:14, 27 јануари 2013 (CET)
Место за вики-средбата
уредиЗдраво Кирил, сакам да го најавам моето присуство на Вики-средбата во понеделник, 11.02., и воедно да прашам дали локалот Every Day е зад ОУ „Браќа Миладиновци“ во нас. Острово (Аеродром) како што е прикажано на картата? Поздрав - Марио Шаревски - Македонец (разговор) 16:29, 5 февруари 2013 (CET)
- Да, кафе-ресторанот EveryDay се наоѓа веднаш зад училиштето. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:40, 5 февруари 2013 (CET)
Украина
уредиHi Kiril! How are you? I spoke with Dimce about villages and towns in Ukraine. I wrote article about my native town Турбив, but the problem is I don't know how to write „селище міського типу“ in Macedonian. I wrote „урбана населба“, but I'm not sure if it's written correctly. So, please help me with this if you know how to do it. Best wishes from Ukraine, --Visem (разговор) 00:29, 6 февруари 2013 (CET)
- Hi Viktor. The exact translation of „селище міського типу“ would be „населено место од градски тип“, which is pretty lame to use in the title and can be therefore replaced with „урбана населба“ as term with almost the same meaning. Best regards.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:28, 7 февруари 2013 (CET)
- Thank you very much for help and thank you for joining the project! --Visem (разговор) 00:07, 8 февруари 2013 (CET)
- Помош за инфокутијата на Олег Блохин. Фала однапред и поздрав.--Вик Ретлхед (разговор) 21:59, 12 февруари 2013 (CET)
- Направив некои измени во инфокутијата и гледам дека сега податоците ги покажува како што треба. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:34, 12 февруари 2013 (CET)
- Помош за инфокутијата на Олег Блохин. Фала однапред и поздрав.--Вик Ретлхед (разговор) 21:59, 12 февруари 2013 (CET)
- Thank you very much for help and thank you for joining the project! --Visem (разговор) 00:07, 8 февруари 2013 (CET)
Здраво
уредиЗдраво-живо, wiki-пријатели. Им е потребна помош во пишување на оваа статија Музична культура Республіки Македонії. Украина нема експерти во македонската музика и јас го напишао тоа што го најдов. Ако може да им помогне, имајте на ум, грчки претставници сакате да го менуваат значењето на музиката Македонија. Помош за да најдете информации за:
- Фото располагање со слободна лиценца;
- Информации за музички корени на Македонија на сајтови Македонија;
- Информации за рок-музиката, панк;
- На музички ТВ шоу;
- Други интересни факти;
- Биографии македонски музичари и пејачи.
Остави информации на оваа страница Благодарам! Даринка Когутяк
НУМС награди
уредиВикимедија Украина обезбеди награди за највредните учесници во проектот „Википедија:Недела на македонско-украинска соработка“. Сите уредувачи се потенцијални добитници на наградата. Наградите ќе ги додели Викимедија Македонија во име на Викимедија Украина. Доделувањето ќе биде направено на некоја од наредните вики-средби откако ќе се направи изборот. За оние кои нема да може да учествуваат на вики-средбата, наградите ќе бидат испратени по пошта на нивната адреса. Секој може да номинира учесник за кој смета дека треба да добие награда, или самиот да се номинира. Секој може да учествува во изборот на највредни уредувачи. Ранг листата ќе биде направена врз основа на добиените гласови.--brest (разговор) 17:33, 6 март 2013 (CET)
Преместување
уредиЗдраво Кирил. Ако сакаш да извршиш преместување на статијата Автомобилски регистарски таблички во Абхазија во Абхазија, како што е исправно. А чудна работа, и порано во неколку наврати не ми давало вака да преместувам.--Вик Ретлхед (разговор) 14:07, 8 март 2013 (CET)
- Здраво Игор. Сигурен ли си дека е правилно да се употребува „Абхазија“ наместо „Абхазија“ и сите изведени придавки од овој поим? Мене едно време исто така ми беше чудно зошто се употребува „Абхазија“, но не бев сигурен и затоа не се вмешам да дискутирам за тоа како е правилно. Она што го имаме сега е „Абхазија“ и „апхаски јазик“, така што воопшто не сум сигурен дали е правилно со „п“ или „б“. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:24, 8 март 2013 (CET)
- Не го видов тоа. Сигурно го имам некаде прочитено со „б“ па мислев и така треба. Ако јазикот им е апхаски, нека остане со „п“.--Вик Ретлхед (разговор) 14:28, 8 март 2013 (CET)
Помош
уредиЗдраво! Јас имам проблем со узурпацијата на Stefan Stojkovski од оваа википедија. Поставив барање до тројцата бирократи, уште на 27 јануари и сеуште нема одговор,а како што гледам тие не постирале на својата разговорна страна уште од поодамна. Потоа видов дека ти си му честитал роденден на 28 февруари на Misos кој што е еден од бирократите. Те молам ако си во контакт со некој од тројцата бирократи да ми помогнеш да го узурпирам Stefan Stojkovski од оваа википедија затоа што е неактивен, а мојто глобален wikimedia account го има истото име. Исто така пробав со steward-ите од metawiki ама тие ми велат дека морам да го решам проблемот со бирократите бидејќи се активни(иако не постирале одамна). Ти благодарам! --194.149.136.248 (разговор) 14:43, 12 март 2013 (CET)
- Здраво. Најпрво сакам да се извинам за задоцнетиот одговор. Искрено, јас како администратор не можам да помогнам околу „узурпирањето“ на туѓо корисничко име. Тоа ќе треба да се реши со некој од бирократите, коишто за жал не се многу активни во последно време. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:46, 14 март 2013 (CET)
СУ „Никола Карев“ - Струмица
уредиЗдраво Kiril Simeonovski, мислам дека би можело малку пољубезно да постапуваме кон новите корисници кои се обидуваат да ги направат првите чекори на википедија. Ревертирањето на нивниот полчасовен труд, без никакво образложение мислам дека воопшто не е во духот на Википедија. Поздрав. --brest (разговор) 07:18, 18 март 2013 (CET)
- Мислам дека уредувањето коешто го вратив беше крајно лошо напишано и не верувам дека „духот на Википедија“ треба да игра голема улога во тој случај. Пишувањето со големи букви навистина го отежнува читањето и не е препорачливо да се користи при уредувањето. Понатаму, текстот содржи многу неенциклопедиски податоци и мислам дека воопшто не се совпаѓа со она што Википедија треба да го има во своите статии. Понатаму, во статијата нема ниту еден извор којшто треба да ја поткрепи веродостојноста на содржината, што е уште едно оправдување дека текстот треба да биде избришан. Како заклучок, статијата со додадената содржина личи на сè, но само не на статија каква што ѝ припаѓа на една енциклопедија (за повеќе информации постојат страниците: Што не е Википедија, Проверливост, Без оригинално истражување, Прирачник за стил). Освен тоа, времето коешто го трошите да ми пишете на мене, можеби би било покорисно да се потроши за да му се укаже на корисникот како треба правилно да се уредува. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 11:21, 18 март 2013 (CET)
- P.S. Во моментов има голем број на нови корисници коишто ги дополнуваат статиите за училиштата во Македонија, но јас на поголемиот дел од нив им ги одобрувам уредувањата. Ако ми била целта да враќам уредувања, тогаш тоа секому би му го правел по ред.--Kiril Simeonovski (разговор) 11:30, 18 март 2013 (CET)
- Извинете што одземав од вашето драгоцено време, но незнам зошто потрошивте дел од вашето време мене да ми објасните дека „пишувањето со големи букви навистина го отежнува читањето, ...“, можевте да бидете поефикасни и да му укажете на корисникот, нели зборуваме за неискусен корисник, па добро е да ја претпоставевте неговата добронамерност и евентуално да му посочевте на кој стил се пишува на Википедија. Поздрав. --brest (разговор) 11:36, 18 март 2013 (CET)
- Мојот единствен аргумент не е дека читањето со големи букви го отежнува читањето. Тоа, се разбира, не е добро, но изнесов и други аргументи за тоа дека содржината не е енциклопедиска. Не сум знаел дека љубезноста се крие во тоа да им се дозволува на корисниците да пишуваат што сакаат и за што и да е, без притоа да ги почитуваат основните правила на Википедија и на македонскиот јазик. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 11:43, 18 март 2013 (CET)
- Извинете што одземав од вашето драгоцено време, но незнам зошто потрошивте дел од вашето време мене да ми објасните дека „пишувањето со големи букви навистина го отежнува читањето, ...“, можевте да бидете поефикасни и да му укажете на корисникот, нели зборуваме за неискусен корисник, па добро е да ја претпоставевте неговата добронамерност и евентуално да му посочевте на кој стил се пишува на Википедија. Поздрав. --brest (разговор) 11:36, 18 март 2013 (CET)
Бот
уредиЗдраво Кирил, можете да ми мејл на (igabidullin@mail.ru) испрати писма (Скрипт на питоне) (и ако може да Eksele) NGC Википедија бот?--Ilnur efende (разговор) 15:01, 29 март 2013 (CET)
Доделување уреднички права
уредиДобар ден Кире. Еве, да те прашам дали мислиш дека треба да му доделиме уреднички права на корисникот 1987bt? Забележав дека постојано создава и уредува нови содржини, па мислам дека заслужува такво овластување. Се слушаме во некоја друга прилика. Поздрав.--Вик Ретлхед (разговор) 18:13, 13 април 2013 (CEST)
- Од она што можам да го забележам, корисникот навистина има добри придонеси, па затоа ќе му доделам уредувачки права. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:34, 13 април 2013 (CEST)
Статистика
уредиКирил, што се случува со статистиката за бројот на статии, моментално покажува број од 69.000 статии. Дали има некаков технички проблем или пак се бришат некои статии. Исто така, надвор од ова, можеби и ти си видел, но гледам во шаблонот што го внесуваше низ годините, во некои години имаш проблем и за секоја од годините стои „Грешка во изразот“. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 21:33, 14 април 2013 (CEST)
- Не знам што е работата со бројот на статии и зошто истиот е намален, а за годините пред новата ера се јавува проблем во шаблонот за годианта во другите календари, којшто треба дополнително да се доработи и грешката да се исправи. Ќе го средам тоа кога ќе имам време. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 03:17, 15 април 2013 (CEST)