Разговор со корисник:Kiril Simeonovski/Архива 14

Благодарам for your support!

уреди

Здраво!, well I'm really impressed by the wonderful collective spirit, swiftness you all act and efficience! I guess this is a really great Wikipedia where people work really well together! I just wanted to express my gratitude to all of you and especially congratulate Brainmachine who alleviated me a lot of work looking for all of you. Благодарам for your support! I'm sure you have a great country at least at heart if not in space! I wish all the best to you, your Wikipedia and your language and also a wonderful, pleasant and sunny summer. If you ever need something from me (or our Association) about Catalan, Occitan or whatever just let me know, I'll be real glad to help! Take care my friend! Capsot (разговор) 15:38, 11 август 2010 (CEST) By the way, your national flag is really nice!Одговори

Ацтеки и Инки

уреди

Освен ако некои естетски работи сум пропуштил, двете статии се супер и опфаќаат сè. Ацтечките месеци ги транскрибирав и за Инките дека е мала статијата не би рекол, супер е - опфаќа сè и истата е како англиската. Ако фали нешто ќе додадам секако тоа јас и го правам еден куп статии за Инките имам направено и ако има потреба ќе вметнеме во самата статија. Но јас мислам нема потреба бидејќи си има шаблон каде се наведени главните статии и категорија која е мошне добро средена. За Ацтеките немам коментар, ми се допаѓа статијата. Поздрав и сè најдобро--Никола Стоіаноски 14:24, 18 август 2010 (CEST)Одговори

И мене ми се допаѓаат статиите, но веќе се договоривме да бидеме построги во избирањето на статии. Исто така, добро ќе биде доколку статиите бидат раздвоени на главната страница, со отприлика еден месец, во кој ќе објавиме некои други статии (веќе избрани), бидејќи предметот на содржината е ист.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:23, 18 август 2010 (CEST)Одговори
Добро, јас ги ставив за гласање па нема врска кога ќе бидат објавени. Инаку проблем е што во моментов немаме нова избрана статија. Последна е Базилика Свети Петар, а Ацтеките и Инките завршуваат со гласање дури во вторник. Но мислам не е проблем, до недела нека трае гласањето па една ќе ставиме за избрана и веднаш да се кандидира нова статија ако не сакаме да имаме Ацтеки и Инки едно по друго. Поз--Никола Стоіаноски 18:28, 18 август 2010 (CEST)Одговори
Да, но веќе се договоривме да не брзаме со нови избрани статии, туку да се сконцентрираме и на старите. Не е некое назадување ако објавуваме други избрани статии, кои веќе биле објавени.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:02, 18 август 2010 (CEST)Одговори

Macedonians (ethnic group)

уреди

Моменталното име на статијата Македонци на англиската википедија е Macedonians (ethnic group) што според мене е доста добро компромисно решение. Но пред неко време на страницата за разговор еден грк отворил расправа тоа да се промени во Macedonians (modern ethnic group) или Macedonians (South Slavs) што и двете се апсурдни. Ќе те замолам да гласаш за против промена на името на статијата и ако си во можност да известиш се повеќе македонски корисници да се изјасната исто. Поздрав Tомица1111 (разговор) 11:54, 30 август 2010 (CEST)1111tomicaОдговори

Ре: Белешки

уреди

Благодарам Кирил. Поздрав. -- Бојан имаш за кажување? 20:27, 5 септември 2010 (CEST)Одговори

Избрана

уреди

Здраво Кирил. Бидејќи јас сега не можам да седам подолго на Википедија (ми се спие :)) ако можеш вечерва кандидирај ја Шаховска олимпијада за избрана, за да ја гласаме за следната седмица, а јас ќе кандидирам уште две ако успеам да ги средам и дополнам следните денови. Поз--Никола Стоіаноски 00:34, 29 септември 2010 (CEST)Одговори

Нема проблем. Позз.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:48, 29 септември 2010 (CEST)Одговори

2010

уреди

Hello Kiril, I think it should read Марио Варгас Љоса, with an i in the first name? Greetings, Aspiriniks (разговор) 20:20, 7 октомври 2010 (CEST)Одговори

You're right. Thanks.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:42, 8 октомври 2010 (CEST)Одговори

Московски уметнички театар

уреди

Кирил зошто ја одобри статијата Московски уметнички театар кога пишува дека е под промена? Сепак, повторно проверија. Stefan Milosevski (разговор) 18:12, 9 октомври 2010 (CEST)Одговори

Здраво. Направив неколку измени во статијата, откако забележав дека може да се поправат. Забележав дека ти си го отстранил шаблонот „во изработка“ во меѓувреме, па бидејќи моето уредување беше последно, практично го одобрив моето уредување. Не се секирај, прво ја прочитав статијата, па ги направив измените, што значи дека истата е проверена. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:17, 9 октомври 2010 (CEST)Одговори

Се извинувам ако те вознемирив. Поздрав и пријатан работа. Stefan Milosevski (разговор) 18:19, 9 октомври 2010 (CEST)Одговори

Уживај. Ако имаш уште нешто слободно пиши ми. Затоа и се страниците за разговор. --Kiril Simeonovski (разговор) 18:21, 9 октомври 2010 (CEST)Одговори

Template:Infobox military structure

уреди

Кирил ако можеш направи го шаблонов Template:Infobox military structure и Template:Infobox military structure/doc зашто ми треба а јаз не знам да правам шаблони. Поздрав. Stefan Milosevski (разговор) 18:31, 9 октомври 2010 (CEST)Одговори

Нема проблем. Позз.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:35, 9 октомври 2010 (CEST)Одговори
Повторно извини ако те вознемирувам. Stefan Milosevski (разговор) 18:36, 9 октомври 2010 (CEST)Одговори

Фала премногу!

уреди

Утрово кога ја видов номинацијата на Стефан си реков дека би требало и јас да се пријавам ама ко што секогаш и за администратор викам уште ми е рано, викам и за ова сега-за сега нема потреба. И еве! Фала многу, секако дека прифаќам! :) --Макс(разговор) 17:38, 10 октомври 2010 (CEST)Одговори

Да, штотуку ги одговарав :) Фала, за се уште еднаш и голем поздрав! --Макс(разговор) 19:06, 10 октомври 2010 (CEST)Одговори

Статии за години

уреди

Полека полека ќе се заврши, не мора да брзаме. Битно полека да се пополнуваат, а времето е ирелевантно. Колку што ќе можам ќе помагам и за овие статии. Поз--Никола Стоіаноски 11:50, 12 октомври 2010 (CEST)Одговори

дали би можел да ми дадеш објаснување како се пополнува и како се работи во смисла дали има некој рок до кога треба да се пополнат... поздрав--Єдєң Мақєдөңєц... (разговор) 13:16, 12 октомври 2010 (CEST)Одговори

добро... ќе видам па ќе размислам... поздрав--Єдєң Мақєдөңєц... (разговор) 20:05, 12 октомври 2010 (CEST)Одговори

Кирил, здраво како си? Само да те известам дека директно нема да учествувам во пополнувањето на т.н. празни статии, но преку додавање на биографските статии на шаблонио за раѓање и смрт, планирам кога ќе завршам (во ова има бајаги работа), да ги додадам на датите, соодветно, за Родени или Починати. Поздрав и мислам дека идејата ми е добра.--Тиверополник (разговор) 16:36, 15 октомври 2010 (CEST)Одговори
Ок. Нема проблем. Впрочем, кога ќе бидат готови овие статии, ќе се оди на уредување на статиите за години.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:22, 15 октомври 2010 (CEST)Одговори
Лично немам искуство со Бот-услугите. Доколку би поднел барање, што следува понатаму и како одат работите. Како што гледам, од десетина само еден е реализиран а останатите се во тек. Лично не ми е тешко, ова би го направил за период од месец време. Чекам твое мислење--Тиверополник (разговор) 18:03, 15 октомври 2010 (CEST)Одговори
Фала Кирил, ќе си ја пробам среќата. Поздрав и пријатна работа--Тиверополник (разговор) 19:55, 15 октомври 2010 (CEST)Одговори

Избрани

уреди

Здраво Кирил. Нема пропуст, туку фали една (или две) избрани статии. За тие една/ две седмици, се користеа статии од 2009 година. Види тука и ќе забележиш дека Египетска митологија и Станислав Лем се стари. Не сме избрале нови статии за овие две седмици и редоследот се поремети, ама води се според последната избрана (Камбоџа) таа ти кажува која седмица сме. --Никола Стоіаноски 21:25, 15 октомври 2010 (CEST)Одговори

Да, лесно е тоа. Таа седмица пренасочува до таа старата. Може да се пронајде соодветно и лесно. Ќе ги средиме, прво да ги елиминираме овие пренасочувачките.--Никола Стоіаноски 21:40, 15 октомври 2010 (CEST)Одговори
А да, знам дека некаде ја видов и таа. Ај да пресметам колку седмици имаме до сега и колку ни фалат. Сега значи три стари се појавиле на главната. --Никола Стоіаноски 21:43, 15 октомври 2010 (CEST)Одговори

Оценувач

уреди

Кирил зошто се уште не сум оценувач, а гласањето заврши успешно??? Stefan Milosevski (разговор) 22:39, 16 октомври 2010 (CEST)Одговори

Ревизија

уреди

Морам една забелешка да дадам за ревизијата. Ова на македонската Википедија не функционира зошто немаме корисници. Мој предлог е да се ревизира статија без формалностите сега што се пропишани (без отворање нова страница за ревизија), туку статијата која се планира да се кандидра да се ревизија, па се става шаблон добра статија и се кандидира. Јас вака правам и мислам е успешно. Не треба многу бирократија, формалности и слично. Едноставно немаме луѓе за тоа. поздрав --Никола Стоіаноски 00:15, 21 октомври 2010 (CEST)Одговори

Моментно ја изработувам главната страница за ревизија, а кутијата можам да ја отстранам, па ревизијата да ја вршиме со дискусија на самата страница. Инаку, ќе има посебен шаблон за „поранешна избрана статија“, кој ќе се разликува од шаблонот за „добра статија“. Потребна е и категорија за поранешни избрани статии, страници за истата намена и шаблон. Сепак, ако се јави потребата за ревизија во посебни страници, слично како за избрани, ќе мора да се интервенира. Искрено се надевам дека ќе оди многу лесно, но има премногу избрани статии кои не исполнуваат голем дел од критериумите. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:21, 21 октомври 2010 (CEST)Одговори
Значи вака, ако некој сака да кандидира статија, ќе треба да се рецензира (најлесно е на самата статија, без никави дополнителни страници), па потоа става шаблон за добра статија и се кандидира. Ова е најлесно и мислам на ова зборуваше. А тоа за поранешни статии со шаблон е новина? Тука ќе бидат статии на кои им биле одземени статусите на избрани? Ако е така, да одиме една по една и да им ги одземеме. За разлика од рецензијата каде нема потреба од посебни страници, тука за секое одземање мора да има посебна страница за архивирање за да може да се стави понатака шаблон на страницата за разговор на избраната дека повеќе не е, односно е поранешна избрана. --Никола Стоіаноски 00:25, 21 октомври 2010 (CEST)Одговори
Целата работа би требало да оди исто како за избрана статија, што значи би требало да има посебни страници. Мене само ме загрижува, што ако се појави интерес за рецензија на статијата за време на ревизијата. Така, сите статии би биле рецензирани, а сите ревизии неуспешни, односно целиот процес би бил излишен. Но, за жал немаме луѓе, кои постојано ќе го работат ова, па затоа има потреба од ревизија. Најдобро е прво да се остават статии за рецензија, па доколку по неколку дена не се рецензирани, да се стават на гласање. Друга, поусовршена можност е целиот процес на ревизија да се претвори во барање за рецензија, па на посебни страници да се дискутираат недостатоците на избраните статии. Сепак, има потреба од проширување на статии, што официјално е го опфаќа рецензијата, па потребата од ревизија и одделна дискусија за секоја статија е неопходна.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:36, 21 октомври 2010 (CEST)Одговори

Ги разгледав избраните статии и мој впечаток е дека само заради недостигот од наводи и други видови извори, како и недостигот на содржина за одделни теми, уште од почеток ќе има околу 20 статии за рецензија. Јас, ќе ги предложам, но колку проширувањето е рецензија не знам. Уште помалку, колку ќе биде потребно истите да се средат. Целта на ревизијата е како избрани статии да останат само оние кои навистина заслужуваат. Моментно има над 200 избрани статии, што реално е надувана бројка. Со ревизијата овој број ќе се намали и со активна работа околу избирањето на нови избрани статии се надевам дека ќе се дојде до 365 статии и повеќе, што би ни овозможило да размислуваме за воведување на дневна статија на главната страница.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:44, 21 октомври 2010 (CEST)Одговори

Супер е што ќе започнеме со разгледување на избраните. Мое мислење е да се одземе статус на избрана на секоја статија која е под 30 или 40 кб, нема извори и не ја опфаќа темата целосно. Убаво е што ми посочи некои статии, но мој предлог е да одиме по ред за сите избрани и тие што треба да се разгледаат да се стават во список за полесна работа. Мене ми е оваа новина супер. Поз--Никола Стоіаноски 11:53, 21 октомври 2010 (CEST)Одговори
ОК, јас ќе ги разгледам сите избрани статии од 2009 и 2010 и тие кои мислам не ги исполнуваат стандардите ќе ги ставам во специјална листа. Потоа ако сакаш ти (или кој било друг) нека ги прочешла пак па ќе почнеме со отворање засебни страници за секоја статија. Сега нешто ќе почнам. --Никола Стоіаноски 18:09, 21 октомври 2010 (CEST)Одговори
Полесно е да ги ставиме сите статии кои мислиме не ги исполнуваат критериумите во еден список, таков направив, бидејќи така подоцна ќе ни биде полсено при одземање или не на статусот. Табелата ја направив со три елементи и е едноставна. А дали ќе направиш Категорија:Ревизија на избрани статии за да ја ставиме кај сите страници за ревизија?--Никола Стоіаноски 18:25, 21 октомври 2010 (CEST)Одговори
Да, таа забелешка за годината ќе важи кога ќе дискутираме за посочената статија. Значи ако се кандидира некоја избрана за ревизија, а е мала и не може повеќе да се зголемува, тогаш ова ќе се земе предвид. Инаку види го списокот, и провери по мене пак за секоја година да не сум заборавил некоја лоша избрана да ја ставам во списокот.--Никола Стоіаноски 20:23, 21 октомври 2010 (CEST)Одговори
Што се однесува за тоа, јас имам два предлога.
  1. Да се направи шаблон кој ќе се става на страната за разговор на поранешната избрана статија каде ќе вели дека „оваа статија е поранешна избрана статија на Википедија на македонски јазик“, каде ќе има врска до гласањето за уназадувањето. И мислам ова е доволно.
  2. Да се направи шаблон каде ќе има напишано „оваа статија се појавила на Главната страница во периодот од XX.XX.XXX до YY.YY.YYYY“ со врска до страницата за гласање за избрана. Овој шаблон се додава и кај поранешните и кај сегашните избрани. На ен Вики го има овој.

Ако некоја статија е добра, а поради извори или големина била уназадена, може да се рецензира и да се стави шаблон Добра статија. Без соодветни критериуми не смееме да ставаме шаблон за Добра статија. Уште едно нешто, неповрзано со ова. Нели кога една статија ќе биде избрана кај нас се става шаблонот {{Link FA|mk}} на ен Вики (и кај нас за други јазици). Е има еден шаблон и викиврска која кај нас ја нема, а таа е {{Link GA|mk}} кој кажува на останатите јазици дека таа статија е добра на мк Вики. На ен Вики ставав за една или две добри мк статии, види en:Latvian language. --Никола Стоіаноски 20:50, 21 октомври 2010 (CEST)Одговори

Тоа со шаблонот за поранешн избрана, секако дека ќе се реализира.--Kiril Simeonovski (разговор) 20:55, 21 октомври 2010 (CEST)Одговори
Јас веќе предложив пет статии за одземање на правата. Разгледај.--Никола Стоіаноски 21:08, 21 октомври 2010 (CEST)Одговори

Проект за нови корисници

уреди

ОК мене ми се допаѓа оваа идеја и мислам е корисна. Значи треба да се направат награди и истите да се рангираат. После да се објасни што можат да бидат на Википедија и да ставиме врска до Почетниот курс. Мој предлог е на тој проект да ги наредиме сите најискусни корисници за да новите корисници можат да ги контактираат за одредени проблеми. Исто така не е лошо до секој искусен корисник да пишеме за што е најкомпетентен за полесно саоѓање од страна на новите корисници. Поз--Никола Стоіаноски 21:07, 26 октомври 2010 (CEST)Одговори

Fundraising 2010_Translation & Localization

уреди
 

Greetings Kiril, my name is Sam and I am working for the Wikimedia Foundation during the 2010 Fundraiser as the liaison between the Macedonian community and the Foundation. This year's fundraiser is intended to be a collaborative and global effort; we recognize that banner messages that perform well in the United States don't necessarily translate well, or appeal to international audiences. I'm contacting you as I am currently looking for translators who are willing to contribute to this project, helping to translate and localize messages and suggesting messages that would appeal to Macedonian readers on the Fundraising Meta Page. Please let me know if you'd be interested in helping with this project, and add your feedback to the proposed messages as well! I look forward to working with you during this year's fundraiser. Schapman

Малку помош!

уреди

Фала за честитките (со мало задоцнување, не бев активен неколку денови)! Вака, пребарав доста на нашава Википедија и нема некои помошни страници за оценувачи. Од тоа што можев да видам - сфатив дека можностите ми се целосно исти! Само стискам доле дали е одобрена статијата. Тоа можев да го правам и пред да станам оценувач! Што е разликата? Исто така ако страницата е целосно вандализирана што треба да стиснам? Несоодветна? Исто така еве денес гледам си направил ти лично промена на некоја статија и пишува дека треба да се прегледа. Ми нема логика нели ако си администратор, автопотврден корисник или оценувач страната што ја уредуваш автоматски се смета за прегледана. Ништо не сфаќам. Ги мешам и поимите оценувач и патролер? Исто така некој нерегистриран уредувач ќе направи промена и промената се прикажува директно. Нели по табот читај е оригиналната верзија? И за крај ако некој отвори статија која сметам дека треба да се избрише да поставам само шаблон или да го избришам текстот?

Со години регулирам вандализам ама сега според новиов систем ништо не ми е јасно. Те молам ако може да ми објасниш, навистина сум збунет. Барам помошни страни но нема, или пак нема конкретно тоа што го барам.

P.S. Само ова го најдов! :) Поздрав--Макс(разговор) 14:54, 28 октомври 2010 (CEST)Одговори

Добро, фала. Во главно, ми го одговори прашањето. Сфатив отприлика, ќе читам уште е најверојатно ќе сфатам се што барам. Уште еднаш фала и голем поздрав!

P.S. Зошто не ми се појавуваат известувања на врвот на статијата (моментално е за одземање на статусот „избрана“ статија). Ако се одјавам тие се тука, а инаку не. Најверојатно нешто сум стиснал, ама што? Фала однапред и уште еднаш поздрав. --Макс(разговор) 16:08, 28 октомври 2010 (CEST)Одговори

Добри статии

уреди

Здраво Кирил, како е? Нешто мене не ми е јасно, до скоро шаблонот за добра статија функционираше одлично. Го ставаш шаблонот во статија, и статијата се појавува во инкубаторот. Сега не е така. Сто пати е подобро да се појават статиите во Инкубаторот за да знам кои се за дообработка за избрана. Поз--Никола Стоіаноски 14:27, 29 октомври 2010 (CEST)Одговори

ПС: Почнав да ја проверувам статијата Семејно насилство, ќе ја биде супер избрана статија. Само не знам дали ќе издржам со проверката, треба време и долга е многу :) --Никола Стоіаноски 14:28, 29 октомври 2010 (CEST)Одговори
Ќе помогнам околу средувањето на статијата колку можам. Деновиве немам многу време, а сум зафатен и околу преведувањето на статиите за новата акција на прибирање на средства, според која корисниците на сите јазични изданија ќе смислуваат и предложуваат банери и ќе ги поставуваат на страниците на нивните јазични изданија, со цел да привберат средства од државите од кои имаат најмногу посетители. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:36, 29 октомври 2010 (CEST)Одговори

Банери

уреди

Да ти кажам искрено, не знам што е таа акција. Дали е некоја голема акција за собирање доброволни средства или? Не знам како би помогнал. Поз--Никола Стоіаноски 16:10, 1 ноември 2010 (CET)Одговори

Persondata

уреди

Еве шаблон за кој разговаравме пред некој ден, Шаблон:Persondata. Фактички треба да го разработиме, да се вметне во секоја биографска статија а потоа врз основа на податоците содржани во него со бот може да се генерираат разни списоци: Владетели по години, писатели, уметници, спортисти, научници и сл. Треба да се доработи овој шаблон и да се вметнат параметрите кои се неопходни.--brest (разговор) 14:03, 2 ноември 2010 (CET)Одговори

Translation

уреди

Dear Kiril, can you please help me with a small translation? In the article de:Lazar Mojsov I have a list of three of his books, and tried to translate the book titles into German, but in the third one, I don't unterstand the part: "средби, луѓе, настани" - can you translate this into English or German? And should it read "во соработка и конфронтација" or "во соработка о конфронтација" (if o: what does "vo ... o" mean? vo ... i I would understand as "in cooperation and confrontation")? Thank you! -- Aspiriniks (разговор) 21:09, 3 ноември 2010 (CET)Одговори

Hello Aspiriniks. The usage of "o" instead of "i" is wrong, since in Macedonian "i" („и“) means "and" (und) and there is no conjunction such as "o" („о“) in the language, nor as a correlative or coordinated conjunction. Hence, it should be "во соработка и конфронтација". The translation of the part "средби, луѓе, настани" into English would be "meetings, people, events" (probably Begegnungen, Leute, Ereignisse in German). I point out "meetings" as "rendezvous", because it is used formally. Best regards.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:19, 3 ноември 2010 (CET)Одговори
Vielen Dank! Gruß, Aspiriniks (разговор) 19:25, 4 ноември 2010 (CET)Одговори

Добри статии и избрани

уреди

Кирил како е? Што бидна со шаблонот Добра статија? Зошто не се појавуваат статиите кои имаат статус на Добра во Инкубаторот? Каде да ги најдам за да кандидираме статија? Ај те молам, ама сварно да го направиш ако можеш, да кандидраш статија за гласање за избрана зошто имаме избрано за до 14 ноември, а еве кај е 14 ноември имајќи го фактот дека една статија се гласа 7 дена. Поз--Никола Стоіаноски 00:10, 4 ноември 2010 (CET)Одговори

Имаше грешка со категоријата и во инкубаторот, па затоа не ги јавувало, но го средив тоа. Инаку, околу избраните статии, добро ќе биде да се нафатиме, но деновиве немам многу време. Мој предлог е да се закрпи статијата „Семејно насилство“ и да се поправат врските и додадат слики во статијата „Евгеника“. Во инкубаторот гледам дека има добри статии, но веќе премногу е да избираме само историски и шаховски статии. Позз.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:22, 4 ноември 2010 (CET)Одговори
Аха, а јас не ги гледам статиите во Инкубаторот, не знам зошто. Инаку семејно насилство може да биде скоро готова, не ветувам, ама ќе пробам да ја направам. Ти среди ја другата. Поз--Никола Стоіаноски 00:32, 4 ноември 2010 (CET)Одговори

Коментар на Селска чешма

уреди

Здраво Кирил, Колку што можев да видам, ти си ми избришал еден коментар на Селска чешма. Тоа е непристојно, и те молам да не ти се повтори. Црноризец (разговор)

Ве молам посочете ми! Такво нешто не сум направил. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 10:48, 5 ноември 2010 (CET)Одговори

Минати избрани

уреди

Здраво Кирил. Да ти кажам право на почетокот се мислев дали да ги оставаме или не, и се решив на отсранување поради една причина. Имено, кога ќе одиш на архивата за соодветната година, ако не ги бришев ќе ти се појавуваше текст дека таа статија била избрана. За да биде попрегледно и да се види кои се а кои не се веќе избрани се решив на тој начин. Значи дава прегледност на тој што ќе пребарува дека таа статија на тој ден била избрана и остранета на тој и тој датум. Мене ми седи ок, ако не е кажи како да средиме. Поздрав --Никола Стоіаноски 20:08, 8 ноември 2010 (CET)Одговори

Па добро тоа не е некој голем проблем. Ако има реакции, ќе отвориме дискусија и ако има потреба од враќање на малиот текст ќе го вратиме и ќе ја додадеме сегашната реченица на дното. Инаку, ја предложив летонски јазик за избрана, сега ќе ја предложам семејно насилство (при крај сум со рецензија) и предложив нови за ревизија. Провери ги ако сакаш. поз--Никола Стоіаноски 20:59, 8 ноември 2010 (CET)Одговори
Да, мислам дека е за оваа статија мислев Внатрешна македонска револуционерна организација (Автономистичка). поз--Никола Стоіаноски 21:12, 9 ноември 2010 (CET)Одговори
Нелоу Кирил. Ај ако сакаш види ги предложените статии за ревизија, па ако ти фаќа око. Инаку тука гласал некој нов корисник и не знам дали е валиден. Провери ти сепак. Поз--Никола Стоіаноски 15:37, 10 ноември 2010 (CET)Одговори

Благодарам за наградата... поздрав--Єдєң Мақєдөңєц... (разговор) 19:57, 11 ноември 2010 (CET)Одговори

Кремљска награда

уреди

Благодарам од се срце за наградата, чест ми е. Се надевам дека ќе продолжам(е) во постојано темпо и се надевам дека Вие заслужувате многу повеќе од мене. Подрав и пријатна работа--Тиверополник (разговор) 20:05, 15 ноември 2010 (CET)Одговори

Благодарам и мала помош

уреди

Благодарам Кирил. Нов сум на Википедија и немам големи познавања, ама лека-полека учам. Во иднина ќе ставам се повеќе статии поврзани со економија, а можеби и со други теми. Кирил, би Ве замолил за мала помош. Јас ја создадов статијата за селото Мраморец (јас потекнувам оттаму) и не знам како да ги направам следниве промени: прво, веднаш на почетокот (од десно), на местото каде што пишува име, координати, поштенски број итн., кога ќе кликнам на уреди, никако не можам да видам каде треба да го ставам повикувачкиот број. Бројот е 046, така што ќе Ве молам да го додадете ова; второ, не знам како можам да додадам фотографии за Мраморец (го прочитав упатството, но многу ми изгледа компликувано или пак јас не се снаоѓам). На www.google.com најдов фотографии од селската црква, но не знам како да ги прикачам.

Уште еднаш Ви благодарам и Ве поздравувам ГП (разговор) 22:59, 4 декември 2010 (CET)Одговори

Назад на корисничката страница на „Kiril Simeonovski/Архива 14“.