Јака - 80 (фармацевтска компанија)

АД Јака 80 - Радовиш/Скопје е современа фармацевтска, козметичка и диететска куќа, која е формирана 1980 година во градот Радовиш, Република Македонија.

АД Јака 80
ВидАкционерско друштво
ДејностФармацевтска индустрија
Основано1980
СедиштеМакедонија Скопје, Македонија
Мреж. местоwww.jaka80.com.mk

Со трансформација на општествениот капитал во 1996г. Јака 80 станала акционерско друштво.

Со фирмата управува Одбор на директори, составен од седум директори, шест неизвршни и еден извршен - генерален директор, на чие чело се наоѓа Претседател.

Во фирмата во моментов работат 450 вработени, од кои висок процент се високообразовани и специјализирани стручни кадри од областа на фармацијата, хемијата, медицината, економијата и др.

Готовите производи АД ЈАКА 80 ги пласира како на домашниот пазар на Македонија, така и на странските пазари. Структурата на продажбата во овој момент ја чинат 60% домашниот пазар и 40% извозот, при што извозот е во постојан пораст. Фирмата е присутна на пазарите на: Србија, Хрватска, Словенија, БиХ, Русија, Белорусија, Украина, Азербејџан, Латвија, Ерменија и др.

Во март 2008 година фабриката доби забрана за производство на лекови во погонот во Радовиш бидејќи не ги исполнувала GMP стандардите (за добра производствена пракса).[1]. После забраната производството од Радовиш е преселено во Скопје во погонот на ИЦН Македонија, сместен во кругот на ОХИС. Со ова и практично престана производството во Радовиш.[2]

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди