Рудник „Дамјан“
Рудникот „Дамјан“ близу Радовиш, е наоѓалиште на железна руда, што ги зазема централните делови од рудниот реон Бучим–Дамјан–Боров Дол.[1] Со истражувања се утврдени резерви од околу 6,5 милиони тони руда со 35% железо. Рудникот во редовна експлоатација бил во периодот 1968–1992 година. Во градбата на ова наоѓалиште учествуваат: палеогени седименти, терциерни вулканити и скарнови. На контактот помеѓу вулканските пробои и палеогениот флиш е создадена моќна скарновска зона со Fe–минерализација.[2] Fe–оруднувањето е сместено претежно во скаровите, а на места и во чисто варовничките партии на палеогениот флиш. Рудните тела имаат облик на псевдослоеви (издолжени складови и леќи) изградени претежно од компактни магнетитско-хематитски руди.[3]
- За други значења на поимот Дамјан видете на појаснителната страница
Во близина на рудникот за железо се наоѓа рудникот Бучим за бакар, злато и сребро.
Наводи
уреди- ↑ Тодор Серафимовски, Металогенетске карактеристике Fe–лежишта Дамјан (магистерска раб.), РГФ, Белград, 1978
- ↑ Тодор Серафимовски, Геолошке карактеристике скарновског Fе–лежишта Дамјан, XI конгрес геолога Југославије, Тара, 1986
- ↑ T. Serafimovski and O. Spasovski, Structural-textural characterstics and paragenetic relationships in the Damjan deposit, eastern Macedonia. Geologica Macedonica, Vol. 13, 1999