Александар Милановиќ
Александар Милија Милановиќ ( 1922 во Радовиш — 1943 во Скопска Црна Гора, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиПотекнувал од сиромашно семејство. Завршил основно училиште ѝ во 1931 година со своето семејство, се доселил во Скопје. Работел како општ работник. По окупацијата се приклучил во организираната борба против окупаторот. Учествувал во акциите за собирање оружје, муниција и друг материјал за партизаните. Во јули 1942 година бил компромитиран во илегална активност. Затоа заминал во Велешкиот партизански одред. Во состав на истиот учествувал во разни акции против окупаторските сили. Во почетокот на 1943 година храбро загинал, во крвавата борба против бугарската фашистичка полиција на теренот на Скопска Црна Гора.[1]