СОУ „Коста Сусинов“ - Радовиш
Средното општинско училиште „Коста Сусинов“ — средно училиште кое се наоѓа во Радовиш[1]. Во ова училиште има околу 1146 ученици и 52 вработени. Во 2010 година било реконструирано.[2]
Коста Сусинов | |
Место | |
Општина: | Радовиш |
Место: | Радовиш |
Адреса: | Кеј“8 септември“ бр 8 |
Основни информации | |
Директор: | Гоце Лазаров |
Настава на: | македонски |
Контактни информации | |
Портал | kostasusinov.schools.edu.mk |
Основање и развој
уредиСместено во источниот централен дел на градот со добар транспортен пристап до него, училиштето опфаќа ученици од општините Радовиш, Конче, а еден мал дел и од соседните општини, па и пошироко. Основано е во далечната 1960 година на Народниот одбор на општина Радовиш со решение број 01-4058 од 25.08.1960 година го основа училиштето под називот Страшо Пинџур. Во учебната 1960/61 година во училиштето учеле 38 ученика, за да сега бројот на учениците достигне до 950. Местоположбата на училиштето овозможува комуникација со поголем број ресурси со кои располага опкуржувањето: културни, образовни, здравствени, спортски, стопански и нестопански објекти. Од својот почеток па сè до денес училиштето постигнува солидни резултати во своето работење кои овозможија афирмација на локално ниво и пошироко. За ова сведочат голем број доделени награди и признанија. Училиштето ќе продолжи и понатаму со постигнување на нови успеси. Се бележат педесет и четири година неуморно чекорење по патеките на образованието, со различно име но со цврст став: Со учениците – За учениците'.
- 1960/61 — гимназија „Страшо Пиџур“
- 1977/78 — гимназија „Коста Сусинов“
- 1982/83 — ЦСНО „Јосип Броз“
- 1993/94 — ЦСНО „Коста Сусинов“
- 1999/2000 — ДСУ „Коста Сусинов“
Приоритети
уредиУчилиштето се стреми да создаде здрава училишна средина во која учениците пристојно ќе се чувствуваат, со можност секое дете да научи и се здобие со знаење, поединечно да се развива и стекнува доверба во себе, во наставниците и другите вработени во училиштето, учениците да бидат постојано активни, а со тоа да стекнат и трајни знаења кои ќе им послужат понатаму во секојдневниот живот. Секое програмирање на работата на училиштето се темели на квалитетот на наставната работа и нејзиното сè поголемо педагошко ефектуирање. За да може училиштето да ја реализира својата мисија, тоа ќе ги следи промените во општеството, но и самото ќе ги создаде потребните промени. Визијата на СОУ Коста Сусинов Радовиш е тоа да биде безбедна и дисциплинирана средина за сите ученици, препознатливо и привлечно за школување, константно да се развива и еволуира. Воспитно-образовниот процес да се одвива квалитетно, со современи форми и методи на работа прилагодени на потребите и интересите на учениците, наставниците, на локалната средина и воопшто на државата. Учениците со задоволство да се образуваат во училиштето и по завршувањето успешно да одговорат на современите предизвици.
За остварување на мисијата и визијата во училиштето во тековната учебна 2013 / 14 г. на ниво на училиште како приоритетни се поставуваат следните цели и инвестиции:
Подобрување на техничките услови за работа во училиштето
- Опремување на кабинетите со нагледни средства
- Реконструирање на училниците
- Опремување на фитнес сала
- Реконструкција на парното греење
- Набавка на средства за почеток на работилница за изработка на златен и сребрен накит
- Ботаничка градина
Унапредување на воспитно-образовниот процес.
- Континуиран професионален развој на вработените
- Унапредување на воспитно-образовниот процес
- Соработка со други училишта
- Ангажирање на нови ресурси
Подобрување на комуникациите со заедницата
- Едукација на учениците за сексуално воспитување, болести на зависност, сида, во борбата за здрава креативна личност.
- Зголемување и подобрување на соработката со локалната заедница ибизнис секторот.
- Подобрување на соработката меѓу наставници- локална заедница - родители.
Настава
уредиВоспитно - образовната работа во СОУ „Коста Сусинов“ - Радовиш се остварува преку програмите за: гимназиско образование, со подрачјата: општествено – хуманистичко и природно – математичко, стручно образование, со геолошко-рударска и металуршка струка и електротехничка струка Во училиштето има вкупно 36 паралелки распоредени во:
- Прва година - 6 паралелки гимназиско образование (2 на турски наставен јазик), 1 паралелка геолошко-рударска и металуршка струка и 1 паралелка електротехничка струка
- Втора година - 7 паралелки гимназиско образование (2 на турски наставен јазик), 1 паралелка геолошко-рударска и металуршка струка и 1 паралелка електротехничка струка
- Трета година - 7 паралелки гимназиско образование (2 на турски наставен јазик), 2 паралелки геолошко-рударска и металуршка струка
- Четврта година - 8 паралелки гимназиско образование (2 на турски наставен јазик), 2 паралелки геолошко-рударска и металуршка.
Организација на воспитно-образовната дејност во училиштето.
Образование
уредиГимназиско
уредиСтручно
уредиУчество на натпревари
уредиОсвоени награди
уредиПознати личности кои учеле во ова училиште
уредиПознати личности кои предавале во ова училиште
уредиЗадачи и активности
уредиВоспитно-образовните цели и задачи во СОУ “Коста Сусинов” се реализираат преку конкретно планирани активности од различната сфера на училишното живеење. Во зависност од активностите истите се реализираат од соодветен професионално подготвен кадар и во соодветен и благовремен временски период на дејствување. Целите и задачите ги опфаќаат повеќе сегменти на општиот училиштен живот. Покрај редовните наставни активности се реализираат и низа на слободни ученички активности сè со цел за продлабочување и проширување на ученичките знаења што резултира со голем број на освоени награди. Во рамките на училиштето, учениците се вклучени во работата на дел од младинските организации со своја програма и активности (Средношколска унија, Кариерен центар), КУД - НВО Во годишната програма е предвидено да се изведат ученички излети и екскурзии според програма изготвена по упатство за планирање и организирање на истите.
Ликовен хепенинг
уредиУчиме право
уредиЕко активности
уредиМакедонија без отпад
уредиЦел на кампањата „Македониија без отпад“ е да се исчисти и селектира отпадот од училишниот двор и пошироката околина околу училиштето. На 6 октомври, 2012(сабота) година ширум нашата држава се организираше акција “Ајде Македонијо – да ја исчистиме Македонија од отпадот”. Нашето училиште, како поддршка на оваа акција, а во склоп на своите еко активности ја организираше кампањата “Македонија без отпад” на следниот начин: Најпрво сите ученици беа запознаени со акцијата преку едукација и дискусија на третиот наставен час на 3.10.2012 (среда). Потота следниот ден беше одржан состанок помеѓу координаторот на еко програмата, Катерина Сусинова и учениците-членови на еко одборот, како и учениците-членови на средношколската унија, на кој состанок учениците даваа свои идеи за организирање на кампањата, а потоа во петокот истите ученици изработија пароли за кампањата (пр. “Есенско чистење на илузиите дека отпадот ќе исчезне сам од себе”, “Собери, Селектирај, Реупотреби” , “Македонија без Отпад” и сл.) Во саботата, на денот на кампањата, настанот започна со flesh-mob, танцова точка на група ученички од нашата гимназија, кои ја претставија кампањата преку нивната изведба под мотото “Не биди губре – Не расфрла губре”. Потоа сите присутни ученици и професори излегоа надвор во училишниот двор, да ја спроведат акцијата “Собери, Селектирај, Реупотреби”, каде што се собра и се селектираше отпадот во училишниот двор и блискиот кеј на реката. После тоа група ученици и професори патролираа низ градот со пароли за да се разнесе веста за оваа кампања, како и да се разбуди свеста кај граѓаните за како правилно да управуваат со отпадот.
Климатски промени
уредиЦел на кампањата е да се развие свеста кај учениците и пошироката јавност од нашиот град за важноста на заштитата на природата и климатските промени коишто настануваат како резултат од човековата негрижа. Учениците од нашето училиште го одбележаа светскиот „Ден на акција“, на 7 ноември,2012, на следниов начин: Најпрво група ученици одржаа презентација за темата „Климатски промени“ во аулата на гимназијата за да ги образоваат останатите ученици на спомнатата тема. За време на презентацијата исто така беше претставена маската „Суво дрво“, како симбол на последиците од климатските промени која беше украсена со листови на кои имаше напишано пораки поврзани со темата. Потоа група ученици со маската, како и ученици на ролери и велоспеди се упатија кон центарот на градот каде беше направена анкета меѓу месното население со цел да се испита јавното мислење за темата „Климатски промени“.
Во здраво тело - здрав дух
уредиПо повод денот на исхрана, 16 октомври, еко одборот на нашето училиште организира кампања “Во здраво тело, здрав дух”, кој имаше за цел да ги образова учениците за правилен начин на исхрана. Кампањата беше организирана во вид на еко квиз во кој учениците од еко одборот поделени во тимови се натпреваруваа одговарајќи на прашања во врска со здрава исхрана и култура на здраво живеење. Најдобриот тим беше награден со наградата “Семафор од здрава храна”, т.е. овошја во трите бои на семафорот – црвена, жолта, зелена. Со сето ова учениците натпреарувачи и оние кои го следеа натпреварот беа образовани за здрава исхрана и начин на здраво живеење.
Собирам-рециклирам
уредиПо повод денот на акција “Ајде Македонијо- да ја исчистиме Македонија од отпад”, кој се одржа ширум државата на 5 октомври 2013, сабота, нашето училиште ја спроведе кампањата “Собирам – Рециклирам” , на 4 октомври 2013, петок, на која учениците и професорите донесоа пластични шишиња и хартија, кои по завршувањето на кампањата беа однесени на рециклирање. Целата кампања беше организирана во вид на наградна игра за учениците, со цел да се поттикнат учениците да донесат повеќе отпад т.е. пластични шишиња и хартија (на пр. стари весници, тетратки и сл.). За оној клас кој ќе донесе најмногу, следува награда (ќе бидат наградени како најдобар еко клас и ќе бидат однесени на еднодневна еко прошетка). Речиси сите класови земаа учество во кампањата, а беа донесени и собрани околу 50 кг пластични шишиња, и 100 кг хартија.
Меѓународен ден без автомобили
уредиНа 23 септември, 2013 година (понеделник), по повод Меѓународниот ден без автомобили (22 септември), беше организирана кампања под мотото “Ние ја чуваме и почитуваме животната средина, а вие?!?” Многу бевме задоволни од исходот на целата оваа кампања, а посебно поради тоа што и градоначалникот на градот, г-н Сашко Николов, зема учество во истата. Самата организација на кампањата се одвиваше вака: Координаторот на еко програмата, Катерина Сусинова, на 17.09.2013 (вторник), одржа состаноци со професорите-членови на еко одборот, учениците-членови на еко одборот и родителите-членови на еко одборот, и сите ги запозна со меѓународниот ден без автомобили, како и планот на нашето училиште да го поддржи истиот. Најзаслужни се учениците кои дадоа свои идеи за како да биде организирана целата таа кампања. Па така на 19.09.2013 (четврток) беа изработени флаери со мотото на кампањата , со слика на дете како вози велосипед, и со слоган “Возам велосипед како птица во лет, ја следам модата се грижам за природата!”. Потоа, во петокот на 20.09.2013 беа запознаени сите ученици и вработени од училиштето за настанот кој ќе се одржи во понеделник, а исто така беа испратени и покани до градоначалникот и советот на општина Радовиш, како и до локалните телевизии. Исто така беше известена и градската полиција за улиците низ кои ќе поминат велосипедите да бидат обезбедени на тој ден во 13 часот. На денот на кампањата учениците од еко одборот, други ученици од нашето училиште, како и од основните училишта од градот, професори, директорката, и градоначалникот, сите со велосипеди, се упатија по однапред предвидената маршрута низ улиците на градот за да се обележи меѓународниот ден без автомобили и да се развие свеста на граѓаните на таа тема. Во центарот на градот учениците ги поделија флаерите меѓу луѓето кои ги сретнаа таму, па се продолжи со возењето велосипеди, кое повторно заврши во дворот на гимназијата. Видеото можете да го погледнете на следниов линк:http://www.youtube.com/watch?v=XmHTaaUAUL0&feature=youtu.be
Trash fashion
уредиПо повод „Светскиот ден на Земјата“ во 2013 година во СОУ „Коста Сусинов“ - Радовиш беше спроведена кампања за собирање и реупотреба на отпадоци како што се пластични кеси и шишиња, хартија, лименки, капачиња и сл. Целиот настан беше организиран во вид на натпревар, училиштен “Trash Fashion”, на кој имаше пријавено 6 тима по 5 ученици, кои истовремено најмногу придонесоа за реализација на кампањата. Настанот се спроведе во училишната аула во вид на модна ревија, а од 6те тимови беше избран најдобриот модел (од страна на петчлено стручно жири – проф. по ликовна уметност, проф по спорт и спортски активности, локален сопственик на модна конфекција, локален фризер, локален сопственик на козметичко студио) кој го претставуваше нашето училиште на државниот натпревар “Trash Fashion” на 5 јуни во Скопје.
Наводи
уреди- ↑ Листа на средни училишта во кои е застапено стручното образование во Република Македонија
- ↑ „Реконструкција на средните училишта во Република Македонија“. Министерство за образование и наука. Архивирано од изворникот на 2010-12-17. Посетено на 2010-12-19.
Надворешни врски
уреди- http://kostasusinov.schools.edu.mk Архивирано на 14 април 2009 г. Мрежно место на училиштето
- Портал за основните и средните училишта во Македонија Архивирано на 16 октомври 2011 г.
- Официјално мрежно место на Министерството за образование и наука