Радовишки Шоплук
Радовишки Шоплук претставува регион што ги опфаќа селата на југозападниот дел на планината Плачковица. Тука спаѓаат селата: Козбунар, Ново Село, Шипковица, Шаинташ, Штурово и Вртешка. Според пописот од 2002 година, населението во Радовишки Шоплук го сочинуваат 34 жители, Македонци - Шопи, а во минатото живееле повеќе жители.