Претседателски избори во САД (2016)
Претседателски избори во САД, 2016 — 58. претседателски избори во САД одржани на 8 ноември 2016 година. Републиканскиот кандидат за претседател Доналд Трамп како и кандидатот за потпретседател и гувернер на Индијана, Мајк Пенс издвоиле победа над кандидатот за претседател и поранешен државен секретар на САД од редовите на Демократската партија, Хилари Клинтон и поранешниот сенатор од Вирџинија и кандидат за потпретседател Тим Кејн. Трамп и Пенс стапиле на функциите претседател односно потпретседател на САД 20 јануари 2017 година на инаугурацијата што се одржала во Вашингтон.
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Мапа на резултатите по сојузна држава. Црвената боја ги означува сојузните држави каде што победил Трамп, додека сината ги означува сојузните држави каде што победила Клинтон. Бројките го означуваат бројот на добиени изборни гласови распределени на победникот во секоја држава. „безнадежните изборни гласови“ биле за Колин Пауел (3), Џон Кејсик, Рон Пол, Берни Сандерс и Забележаниот Орел освоиле по еден изборен глас.[4]. | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
Гласачите ги бирале членовите на Изборниот колегиум во секоја држава, во најголемиот број на случаи според мнозинскиот метод т.н. „победникот освојува се“ (англиски: winner-takes-all), а потоа избирачите гласале за новиот претседател и потпретседател на 19 декември 2016 година. Трамп го освоил потребното мнозинство за стапување на функцијата претседател освојувајќи мнозинство на гласови во 30 сојузни држави со вкупен број од 306 ветени избирачи од вкупните 538.[б 1] Неговата победа не била предвидена од поголемиот број на медиуми и изборни прогнози. Хилари Клинтон освоила околу 2,9 милиони гласови повеќе на национално ниво, односно со разлика од 2.1% од вкупниот број на гласови.
На гласањето на Изборниот колегиум на 19 декември имало 7 изборни гласови против кандидатот за кои избирачите се избрани да гласаат или таканаречени „безнадежни избирачи“, односно, 2 изборни гласови против Трамп и 5 против Клинтон. Дополнителни 3 избирачи се обиделе да гласаат против Клинтон но биле заменети или натерани да гласаат повторно. На крајот, Трамп добил 304 изборни гласови додека Клинтон добила 227. Колин Пауел освоил 3 изборни гласови, а Џон Кејсик, Берни Сандерс и Вера Забележаниот Орел по еден изборен глас.
Трамп е 5. кандидат за претседател во историјата на САД кој бил избран покрај тоа што загубил на народното гласање.[5][6][7] Трамп е биде првиот американски претседател без никаква претходна воена или јавна функција, додека Клинтон стана првата жена кандидат за претседател номинирана од страна на голема политичка американска партија.
Заднина
уредиЧленот 2 од Уставот на САД како услов за личноста да стане претседател или потпретседател на САД предвидува дека мора да биде роден/а на територијата на САД, да има најмалку 35 години, и да престојува во САД најмалку 14 години. Кандидатите за претседател обично се номинирани од страна на политичка партија, која што користи метод (како внатрепартиското гласање) со цел да го избере кандидатот за кој поддржувачите и членовите на партијата сметаат дека е најсоодветен за таа позиција. Традиционално, внатрепартиските избори се посредни каде што гласачите го даваат својот глас за делегат кој ветил дека ќе гласа за еден од кандидатите за претседател од партијата на конвенцијата која партијата ја одржува по завршувањето на внатрепартиските избори. Изборите во ноември исто така се посредни, каде што гласачите гласаат за распределба на избирачите во Изборниот колегиум. Потоа избирачите директно гласаат за изборот на претседател и потпретседател.
Барак Обама како досегашен претседател немал можност да се кандидира за трет мандат поради ограничувањата во XXII амандман во Уставот на САД. Во согласност со точката 1 од XX амандман, неговиот мандат завршува во 12 часот на 20 јануари 2017 година.
Републиканска партија
уредиВнатрепартиски избори
уредиВо внатрепартиските избори на републиканската партија се кандидирале седумнаесет кандидати, почнувајќи со кандидатурата на Тед Круз на 23 март 2015 со тоа претставувајќи најобемни внатрепартиски избори според бројот на кандидати од сите американски политички партии во историјата на САД.[8]
Пред внатрепартиското јавно гласање во Ајова на 1 февруари 2016, Пери, Вокер, Џиндал, Грахам и Патаки се повлекле поради нискиот рејтинг во анкетите. Покрај водството кое Трамп го имал во Ајова според поголемиот број на анкети, сепак изгубил од Круз, што резултирало со дополнителни повлекувања од трката од страна на Хакаби, Пол и Санторум. По победата на Трамп во Њу Хемпшир, Кристи, Фиорина и Гилмор исто така ја напуштиле трката. Подоцна Џеб Буш ја напуштил трката по освоеното четврто место по Трамп, Рубио и Круз на внатрепартиското гласање во Јужна Каролина. На 1 март 2016, првиот од четирите таканаречени „избори на Супер четврток“ (англиски: Super Tuesday primaries), Рубио издвоил победа во Минесота, Круз во Алјаска, Оклахома како и неговата матична сојузна држава Тексас, додека Трамп издвоил победа во останатите седум држави каде што се гласало тој ден. Поради неуспехот во овој период, Карсон се повлекол од трката неколку дена подоцна.[9] На 15 март 2016, на вториот „Супер четврток“, Кејсик ја освоил својата прва и единствена сојузна држава, Охајо, додека Трамп издвоил победа во пет сојузни држави каде што се гласало вклучувајќи ја и Флорида. По поразот во Флорида, Рубио ја напуштил трката за републиканската номинација.[10]
Помеѓу 16 март и 3 мај 2016, останале само три кандидати во трката: Трамп, Круз и Кејсик. Круз го освоил поголемиот број на делегати во четири западни сојузни држави и Висконсин, со тоа одржувајќи ги своите шанси за спротивставување на номинација на Трамп за која што биле потребни најмалку 1.237 делегати. Трамп подоцна ја продолжил низата на победи во Њујорк и пет останати североисточни држави во април, меѓу кои и била и Индијана, сојузна држава која што била многу важна за Круз со цел спротивставување на Трамп во поглед на делегати. По победата на Трамп на 3 мај 2016 во Индијана, освојувајќи ги тамошните 57 делегати, без никакви шанси за оспорување на номинацијата на Трамп, Круз[11] и Кејсик[12] ги суспендирале своите кампањи за републиканска номинација. Трамп останал единствениот активен кандидат и бил прогласен за најверојатен републикански кандидат за претседател од страна на претседателот на Репбуликанскиот национален комитет Рејнс Прибус.[13]
Номинирани
уредиКандидати на Републиканската партија | |||||||||||||||||||||||||||||
Доналд Трамп | Мајк Пенс | ||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
за претседател | за потпретседател | ||||||||||||||||||||||||||||
Претседател и извршен директор на Организација Трамп (1971–денес) |
Гувернер на Индијана (2013–денес) | ||||||||||||||||||||||||||||
Лого на кампањата | |||||||||||||||||||||||||||||
[14][15][16] |
Останати кандидати
уредиТрамп освоил вкупно 14.010.177 гласови во внатрепартиските републикански избори. Трамп, Круз, Рубио и Кејсик освоиле барем еден внатрепартиски избор во сојузните држави. Круз го освоил вториот најголем број на гласови.
Кандидатите се распределени според датумот на кој се повлекле од внатрепартиските избори | |||||||
Џон Кејсик | Тед Круз | Марко Рубио | Бен Карсон | Џеб Буш | Џим Гилмор | Карли Фиорина | Крис Кристи |
---|---|---|---|---|---|---|---|
Гувернер на Охајо (2011–денес) |
од Тексас (2013–денес) |
од Флорида (2011–денес) |
Болница Џон Хопкинс (1984–2013) |
Гувернер на Флорида (1999–2007) |
Гувернер на Вирџинија (1998–2002) |
(1999–2005) |
Гувернер на Њу Џерси (2010–денес) |
4.287.479 гласови |
7.811.110 гласови |
3.514.124 гласови |
857.009 гласови |
286.634 гласови |
18.364 гласови |
40.577 гласови |
57.634 гласови |
Ренд Пол | Рик Санторум | Мајк Хакаби | Џорџ Патаки | Линдзи Грахам | Боби Џиндал | Скот Вокер | Рик Пери |
од Кентаки (2011–денес) |
од Пенсилванија (1995–2007) |
Гувернер на Арканзас (1996–2007) |
Гувернер на Њујорк (1995–2006) |
од Јужна Каролина (2003–денес) |
Гувернер на Луизијана (2008–2016) |
Гувернер на Висконсин (2011–денес) |
Гувернер на Тексас (2000–2015) |
66.781 гласови |
16.622 гласови |
51.436 гласови |
2.036 гласови |
5.666 гласови |
222 гласови |
1 дополнително запишан глас во Њу Хемпшир |
1 дополнително запишан глас во Њу Хемпшир |
Демократска партија
уредиВнатрепартиски избори
уредиПоранешната државна секретарка на САД Хилари Клинтон, поранешна 42. прва дама на САД која служела и во Сенатот, станала првиот голем демократски кандидат објавувајќи ја својата кандидатура за претседател на 12 април 2015 преку видео порака.[52] Иако според анкетите на национално ниво во 2015 укажувале на тоа дека Клинтон е апсолутен фаворит, во 2016 таа се соочила со Берни Сандерс, сенатор од Вермот.[53] Сандерс станал вториот демократски кандидат во внатрепартиските демократски избори на 30 април 2015 година.[54] Анкетите од септември 2015 укажувале на тоа дека разликата помеѓу Клинтон и Сандерс постепено се намалувала.[53][55][56] Поранешниот гувернер на Мериленд Мартин О'Мали на 30 мај 2015 ја објавил својата кандидатура со тоа станувајќи третиот демократски кандидат кој се приклучил на демократската внатрепартиска трка.[57] Линколн Чејфи, поранешен независен гувернер и републикански сенатор од Род Ајленд ја најавил својата кандидатура на 3 јуни 2015 година.[58][59] Поранешниот гувернер на Вирџинија Џим Веб ја објавил својата кандидатура на 2 јули 2015 година[60] додека професорот по право на Харвард Лоренс Лесиг ја објавил својата кандидатура на 6 септември 2015 година.[61] На 20 октомври 2015, Џим Веб се повлекол од демократската номинација и планирал да се кандидира како независен кандидат.[62][63] Линколн Чејфи се повлекол од трката на 23 октомври, надевајќи се на „завршување на бесконечните војни и почеток на нова ера за САД“.[64] Лоренс Лесиг се повлекол околу една недела подоцна, односно на 2 ноември.[65]
Во доста неизвесна трка, Хилари Клинтон победила на јавното гласање во Ајова одржано на 1 февруари 2016 година, за помалку од еден процент, а во меѓувреме Мартин О'Мејли се повлекол од трката. Берни Сандерс издвоил победа во Њу Хемпшир со 60% од гласовите во однос на 38% за Клинтон. Во Невада, Хилари Клинтон издвоил победа со 53% од гласовите во однос на 48% за Сандерс.[66] Исто така, Хилари Клинтон издвоила исклучителна победа на изборите во Јужна Каролина на 27 февруари 2016 со нешто повеќе од 73% од гласовите.[67] На 1 март единаесет држави гласале на таканаречениот „Супер вторник“ каде што Клинтон победила во: Арканзас, Џорџија, Масачусетс, Тенеси, Тексас и Вирџинија со тоа освојувајќи 504 делегата, додека Сандерс победил во Колорадо, Минесота, Оклахома и Вермонт вкупно освојувајќи 340 демократски делегати. Следниот викенд Сандерс издвоил победа во Канзас, Небраска и Мејн со разлика од 15 до 30 бода, додека Клинтон победила во Луизијана со 71% од гласовите. На 8 март и покрај тоа што според анкетите ниеднаш немал предност, Сандерс издвоил победа во Мичиген со 1,5 бода разлика, со тоа надминувајќи ги анкетите за повеќе од 19 бода, додека Клинтон издвоила победа во Мисисипи со 83% од гласовите.[68] На 15 март, на вториот „Супер вторник“, Клинтон издвоила победа во Флорида, Илиноис, Мисури, Северна Каролина и Охајо. Помеѓу 22 март и 19 април 2016, Сандерс издвоил победа на шест јавни гласања и тоа во Ајдахо, Јута, Алјаска, Хаваи, Вашингтон и Вајоминг како и на гласањето во Висконсин, додека Клинтон издвоила победа во Аризона. На 19 април, Клинтон издвоила победа во Њујорк со 58% од гласовите. На 26 април, односно на третиот „Супер вторник“, таа издвоила победи во Конектикат, Делавер, Мериленд и Пенсилванија, додека Сандерс победил во Род Ајленд. Во мај, Сандерс повторно изненадил на гласањето во Индијана[69] и исто така победил во Западна Вирџинија и Орегон, додека Клинтон победила на внатрепартиските гласања во Гуам и Кентаки.
На 4 и 5 јуни, Клинтон победила во Американските Девствени Острови и Порторико. На 6 јуни Associated Press и NBC News известиле дека Клинтон станала најверојатниот демократски кандидат за претседател по освојувањето на потребниот број на делегати, вклучувајќи ги ветените како и суперделегатите, со тоа станувајќи првата жена што освоила номинација за кандидат за претседател на една од двете големи политички партии во САД.[70] На 7 јуни, Клинтон обезбедила мнозинство од ветените делегати по победата во внатрепартиското гласање во Калифорнија, Њу Џерси, Њу Мекско и Јужна Дакота, додека Сандерс издвоил победа само во Монтана и Северна Дакота. Клинтон исто така издвоила победа и напоследното внатрепартиско гласање одржано во дистриктот Колумбија на 14 јуни 2016. На крајот на внатрепартиските избори, Клинтон освоила 2.204 ветени делегати (54% од вкупниот број) со победите на внатрепартиските и јавни гласања, додека Сандерс освоил 1.847 (46%). Од 714. неветени или суперделегати кои требале да гласаат на Демократската национална конвенција, Клинтон освоила поддршка од 560 (78%), додека Сандерс освоил 47 (7%).[71]
Иако Сандерс официјално не се повлече од демократската трка за номинација, тој на 16 јуни 2016 најавил дека негова главна цел во следните месеци ќе биде соработка со Клинтон со цел да го поразат Трамп на претседателските избори.[72] На 8 јули, претставници од кампањите на Клинтон, Сандерс како и претставници од Демократскиот национален комитет преговатале за нацрт план за платформа на партијата.[73] На 12 јули, три дена по стартот на Демократската национална конвенција, претставници од кампањата на Клинтон најавиле дека како кандидат за потпретседател од редовите на демократите бил избран Тим Кејн.
Номинирани
уредиКандидати на Демократската партија | |||||||||||||||||||||||||||||
Хилари Клинтон | Тим Кејн | ||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
за претседател | за потпретседател | ||||||||||||||||||||||||||||
67. Државен секретар на САД (2009–2013) |
Сенатор од Вирџинија (2013–денес) | ||||||||||||||||||||||||||||
Лого на кампањата | |||||||||||||||||||||||||||||
[74][75][76] |
Останати кандидати
уредиКандидатите се распределени според датумот на кој се повлекле од внатрепартиските избори | ||||||||
Берни Сандерс | Мартин О'Мали | Лоренс Лесиг | Линколн Чафи | Џим Веб | ||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Гувернер на Мериленд (2007–2015) |
(2009–2016) |
Гувернер на Род Ајленд (2011–2015) |
од Вирџинија (2007–2013) | |||||
13.167.848 гласови во внатрепартиското гласање односно 1.846 делегати |
110.423 гласови |
4 дополнинтелно напишани гласови во Њу Хемпшир |
0 гласови |
2 дополнинтелно напишани гласови во Њу Хемпшир | ||||
[81] |
Резултати
уреди- Извори
- uselectionatlas.org
- За Берни Сандерс и Џон Кејсик: Калифорнија: [5] и [6] Њу Хемпшир: [7] Архивирано на 15 септември 2017 г. Вермонт: [8] Архивирано на 11 август 2017 г. Северна Каролина: [9] Пенсилванија: [10]
(a) Изборни гласови добиени од безнадежен избирач
(b) Два безнадежни избирачи од Тексас го дале својот глас за претседател за Рон Пол и Џон Кејсик. Избирачот Крис Сапран изјавил дека го дал својот претседателски глас за Џон Кејсик, а потпретседателскиот за Карли Фиорина. Другиот безнадежен избирач во Тексас, Бил Грин, го дал својот претседателски глас за Рон пол но потпретседателскиот глас го дал за Мајк Пенс. Џон Кејсик добил дополнувани гласачки ливчиња во Алабама, Џорџија, Илиноис, Њу Хемпшир, Северна Каролина, Пенсилванија и Вермонт
(c) Кандидатот ги добил гласовите како дополнети. Точниот број на дополнети гласови за Сандерс биле објавени во 3 сојузни држави. Во Калифорнија неговиот официјален кандидат за потпретседател била Тулси Габард, додека во Њу Хемпшир и Вермонт немал кандидат за потпретседател.[82] It was possible to vote Sanders as a write-in candidate in 14 states.[83]
Белешки
уредиНаводи
уреди- ↑ Околу 138.9 милиони дадени гласови од вкупно 251.1 милион лица со право на глас. Ова претставува пораст во вкупниот број на гласови како и процентот на излезност во споредба со изборите во 2012 (130,292,355 гласови од вкупно 241 милион лица со право на глас).„2016 November General Election Turnout Rates“. www.electproject.org. Посетено на December 17, 2016.
- ↑ 2,0 2,1 Schmdt, Kiersten; Andrews, Wilson (December 19, 2016). „A Historic Number of Electors Defected, and Most Were Supposed to Vote for Clinton“. The New York Times. Associated Press. Посетено на December 20, 2016.
- ↑ 3,0 3,1 Leip, David (December 17, 2016). „2016 Presidential General Election Results“. Dave Leip's Atlas of U.S. Presidential Elections. Newton, Massachusetts. Посетено на December 17, 2016.
- ↑ Electoral college's 'faithless electors' fail to stop Trump but land democratic blow, Гардијан, 19 декември 2016
- ↑ „Electoral College Box Scores 1789-1996“. archives.gov. National Archives and Records Administration. Посетено на November 10, 2016.
- ↑ Austin, Erik (1986). Political Facts of the United States Since 1789. Columbia University Press. стр. 92. ISBN 0231060947.
- ↑ Duignan, Brian (2009). The Executive Branch of the Federal Government: Purpose, Process, and People. Rosen Publishing. стр. 366. ISBN 1615300236.
- ↑ Linshi, Jack (July 7, 2015). „More People Are Running for Presidential Nomination Than Ever“. Time. Посетено на February 14, 2016.
- ↑ Rafferty, Andrew (March 4, 2016). „Ben Carson Suspends 2016 Campaign at CPAC“. NBC News. Посетено на March 9, 2016.
- ↑ Peters, Jeremy; Barbaro, Michael (March 16, 2016). „Marco Rubio Suspends His Presidential Campaign“. The New York Times. Посетено на March 16, 2016.
- ↑ Rosenfeld, Everett (May 3, 2016). „Ted Cruz suspends presidential campaign“. CNBC. Посетено на May 4, 2016.
- ↑ Kaplan, Thomas (May 4, 2016). „John Kasich Drops Out of Presidential Race“. The New York Times. ISSN 0362-4331. Посетено на May 4, 2016.
- ↑ „Reince Priebus on Twitter“. Twitter. May 3, 2016. Посетено на November 13, 2016.
.@realDonaldTrump will be presumptive @GOP nominee, we all need to unite...
- ↑ „Donald Trump is running for president“. Business Insider. June 16, 2015. Посетено на June 16, 2015.
- ↑ „Donald Trump announces presidential bid“. The Washington Post. June 16, 2015. Посетено на June 16, 2015.
- ↑ „Donald Trump FEC filing“ (PDF). FEC.gov. June 22, 2015. Посетено на June 24, 2015.
- ↑ „John Kasich FEC Filing“ (PDF). FEC.gov. July 23, 2015. Посетено на July 28, 2015.
- ↑ Mascaro, Lisa; Lauter, David (March 22, 2015). „Texas Republican Sen. Ted Cruz Launches Presidential Bid“. Los Angeles Times. Посетено на March 23, 2015.
- ↑ Zezima, Katie (March 23, 2015). „Ted Cruz Announces He's Running for President“. The Washington Post. Посетено на March 23, 2015.
- ↑ „Ted Cruz FEC filing“ (PDF). FEC.gov. March 23, 2015. Посетено на April 1, 2015.
- ↑ Parker, Ashley (April 13, 2015). „Marco Rubio Announces 2016 Presidential Bid“. The New York Times. Посетено на April 13, 2015.
- ↑ Nelson, Rebecca (April 13, 2015). „Marco Rubio Makes His Pitch as the Fresh Face of the GOP in 2016“. National Journal. Посетено на April 14, 2015.
- ↑ „Marco Rubio FEC Filing“ (PDF). FEC.gov. April 13, 2015. Посетено на May 7, 2015.
- ↑ Terris, Ben (May 3, 2015). „Ben Carson announces presidential campaign“. The Washington Post. Посетено на May 4, 2015.
- ↑ Rafferty , Andrew (May 4, 2015). „Ben Carson Announces 2016 Run“. NBCNews.com. Посетено на May 4, 2015.
- ↑ „Ben Carson FEC Filing“ (PDF). FEC.gov. May 4, 2015. Посетено на May 7, 2015.
- ↑ Rafferty, Andrew (June 15, 2015). „Jeb Bush Makes 2016 Run Official“. NBC News. Посетено на June 15, 2015.
- ↑ „Jeb Bush FEC Filing“ (PDF). FEC.gov. June 15, 2015. Посетено на June 16, 2015.
- ↑ Allen, Cooper (July 30, 2015). „Jim Gilmore formally joins GOP presidential race“. USA Today. Посетено на July 30, 2015.
- ↑ „Jim Gilmore FEC Filing“ (PDF). FEC.gov. July 29, 2015. Посетено на July 29, 2015.
- ↑ Gass, Nick (May 4, 2015). „Carly Fiorina: 'Yes, I am running for president'“. Politico. Посетено на May 4, 2015.
- ↑ „Carly Fiorina FEC Filing“ (PDF). FEC.gov. May 4, 2015. Посетено на May 7, 2015.
- ↑ Barbaro, Michael (June 30, 2015). „Chris Christie Announces Run, Pledging 'Truth' About Nation's Woes“. The New York Times. Посетено на June 30, 2015.
- ↑ „Christopher J. Christie FEC Filing“ (PDF). FEC.gov. July 1, 2015. Посетено на July 6, 2015.
- ↑ Lambert, Lisa (April 7, 2015). „Republican Rand Paul announces 2016 presidential run on website“. Reuters. Архивирано од изворникот на 2015-04-07. Посетено на April 7, 2015.
- ↑ Killough, Ashley (April 7, 2015). „Rand Paul: 'I am running for president'“. CNN. Посетено на April 7, 2015.
- ↑ „Rand Paul FEC filing“ (PDF). FEC.gov. April 8, 2015. Посетено на April 9, 2015.
- ↑ Jackson, David (May 27, 2015). „Santorum officially begins 2016 presidential campaign“. USA Today. Посетено на May 28, 2015.
- ↑ „Rick Santorum FEC filing“ (PDF). FEC.gov. May 27, 2015. Посетено на June 1, 2015.
- ↑ Trip, Gabriel (May 5, 2015). „Mike Huckabee Joins Republican Presidential Race“. The New York Times. Посетено на May 5, 2015.
- ↑ „Mike Huckabee FEC Filing“ (PDF). FEC.gov. Посетено на May 10, 2015.
- ↑ „George Pataki FEC filing“ (PDF). FEC.gov. June 2, 2015. Посетено на June 4, 2015.
- ↑ Jaffe, Alexandra (June 1, 2015) "Graham bets on foreign experience in White House bid announcement", CNN. Retrieved June 1, 2015.
- ↑ „Lindsey Graham FEC Filing“ (PDF). FEC.gov. June 1, 2015. Посетено на June 2, 2015.
- ↑ Fahrenthold, David A.; Hohmann, James (June 24, 2015). „Bobby Jindal announces entry into 2016 presidential race“. The Washington Post. Посетено на June 24, 2015.
- ↑ „Bobby Jindal FEC Filing“ (PDF). FEC.gov. June 29, 2015. Посетено на June 30, 2015.
- ↑ Burlij, Terence; Lee, MJ; LoBianco, Tom (July 13, 2015). „Wisconsin Gov. Scott Walker officially enters 2016 presidential race“. CNN. Посетено на July 13, 2015.
- ↑ „Scott Walker FEC filing“. FEC. FEC.gov. Посетено на July 13, 2015.
- ↑ 49,0 49,1 „2016 Presidential Primary - Republican President - NHSOS“. sos.nh.gov. Архивирано од изворникот на 2016-10-10. Посетено на October 9, 2016. Укажано повеќе од еден
|accessdate=
и|access-date=
(help) - ↑ Beckwith , Ryan Teague; Rhodan, Maya (June 4, 2015). „Rick Perry Announces Presidential Bid“. Time. Посетено на June 4, 2015.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ „Rick Perry FEC filing“ (PDF). FEC.gov. June 19, 2015. Посетено на June 22, 2015.
- ↑ Keith, Tamara; Montanar, Domenico (April 10, 2015). „Hillary Clinton Expected To Go Small With Big Announcement“. NPR. Посетено на April 12, 2015.
- ↑ 53,0 53,1 „Second straight poll shows Bernie Sanders leading in New Hampshire“. Boston Globe. Посетено на August 26, 2015.
- ↑ Merica, Dan (April 30, 2015). „Bernie Sanders is running for president“. CNN. Посетено на July 6, 2015.
- ↑ „Bernie Sanders surpasses Hillary Clinton in New Hampshire polls“. The Huffington Post. August 25, 2015. Посетено на August 25, 2015.
- ↑ „Huffpost Pollster“. The Huffington Post. October 1, 2015. Архивирано од изворникот на 2015-10-01. Посетено на October 1, 2015.
- ↑ Jackson, David & Cooper, Allen (May 30, 2015). „Martin O'Malley jumps into presidential race“. USA Today. Посетено на May 30, 2015.
- ↑ DelReal, Jose A. (June 3, 2015). „Lincoln Chafee announces long-shot presidential bid“. The Washington Post. Посетено на June 3, 2015.
- ↑ „Rhode Island's Chafee enters 2016 Democratic contest“. Boston Herald. Associated Press. June 3, 2015. Посетено на June 3, 2015.
- ↑ Catanese, David (July 2, 2015). „Jim Webb Announces For President“. U.S. News & World Report. Посетено на July 2, 2015.
- ↑ Meyer, Theodoric (September 6, 2015). „Lessig: I'm running for president“. Slate. Посетено на September 7, 2015.
- ↑ „Biden says he's not running in 2016“. OnPolitics. Посетено на October 25, 2015.
- ↑ „Joe Biden Not Running for President“. ABC News. October 21, 2015. Посетено на October 25, 2015.
- ↑ Wagner, John; Weigel, David (October 23, 2015). „Lincoln Chafee ends Democratic bid for president“. The Washington Post. ISSN 0190-8286. Посетено на October 25, 2015.
- ↑ 65,0 65,1 Strauss, Daniel (November 2, 2015). „Lessig drops out of presidential race“. Politico. Посетено на November 2, 2015.
- ↑ „Nevada Caucus Results“. New York Times Online. Посетено на February 28, 2016.
- ↑ „South Carolina Primary Results“. New York Times Online. Посетено на February 28, 2016.
- ↑ „Why The Polls Missed Bernie Sanders's Michigan Upset“. FiveThirtyEight. March 9, 2016. Посетено на May 1, 2016.
- ↑ Roberts, Dan; Jacobs, Ben (May 4, 2016). „Bernie Sanders pulls off shock victory over Hillary Clinton in Indiana“. The Guardian. Посетено на May 4, 2016.
- ↑ Dann, Carrie (June 6, 2016). „Clinton hits 'magic number' of delegates to clinch nomination“. NBC News. Посетено на June 7, 2016.
- ↑ „Democratic Convention 2016“. thegreenpapers.com. Посетено на May 14, 2016.
- ↑ „Sanders vows to help Clinton beat Trump, but keeps campaign alive“. Reuters. June 17, 2016. Посетено на June 20, 2016.
- ↑ „Sanders backers frustrated by defeats at Orlando platform meeting“. Orlando Sentinel. Посетено на July 25, 2016.
- ↑ Chozick, Amy. „Hillary Clinton Announces 2016 Presidential Bid“. The New York Times. Посетено на April 12, 2015.
- ↑ Karni, Annie (April 12, 2015). „Hillary Clinton formally announces 2016 run“. Politico. Посетено на April 18, 2015.
- ↑ „Hillary Rodham Clinton FEC filing“ (PDF). FEC. April 13, 2015. Посетено на April 13, 2015.
- ↑ „Bernie Sanders endorses Hillary Clinton“.
- ↑ Yglesias, Matthew (February 1, 2016) "Iowa Results: Martin O'Malley drops out after third place finish", Vox.com. Retrieved February 1, 2016.
- ↑ Fritze, John (June 9, 2016). „Martin O'Malley endorses Hillary Clinton“. Baltimore Sun. Архивирано од изворникот на 2016-06-14. Посетено на June 20, 2016.
- ↑ Merica, Dan; LoBianco, Tom (October 23, 2015) "Lincoln Chafee drops out of Democratic primary race", CNN.com. Retrieved October 23, 2015
- ↑ Walsh, Michael (October 20, 2015) "Jim Webb drops out of Democratic primary race", Yahoo! Politics. Retrieved October 23, 2015.
- ↑ CA: [1] and [2] NH: [3] Архивирано на 15 септември 2017 г. VT: [4] Архивирано на 11 август 2017 г.
- ↑ Dwilson, Stephanie Dube (November 16, 2016). „How Many Write-In Votes Did Bernie Sanders Get in the Election?“.