Мајк Пенс
Мајкл Ричард „Мајк“ Пенс (роден на 7 јуни 1959) — американски политичар, поранешен гувернер на Индијана и поранешен потпретседател на САД.
Мајк Пенс Mike Pence | |
---|---|
48. Потпретседател на САД | |
На должноста 20 јануари 2017 – 20 јануари 2021 | |
Претседател | Доналд Трамп |
Претходник | Џо Бајден |
Наследник | Камала Харис |
50. Гувернер на Индијана | |
На должноста 14 јануари 2013 – 9 јануари 2017 | |
Намесен управник | Сју Елсперман Ерик Холкомб |
Претходник | Мич Даниелс |
Наследник | Ерик Холкомб |
Член на Претставнички дом на САД од Индијана | |
На должноста 3 јануари 2001 – 3 јануари 2013 | |
Претходник | Дејвид Мекинтош |
Наследник | Лук Месер |
Изборна единица | Втор дистрикт (2001–2003) Шести дистрикт (2003–2013) |
Претседавач на домот на републиканската конференција | |
На должноста 3 јануари 2009 – 3 јануари 2011 | |
Водач | Џон Бонер |
Претходник | Адам Путнам |
Наследник | Џеб Хенсарлинг |
Лични податоци | |
Роден(а) | Мајкл Ричард Пенс 7 јуни 1959 Колумбо, Индијана, САД |
Партија | Републиканска партија (1983-сега) |
Други припадности | Демократска партија (1977-1983) |
Сопружник | Карен Бејтен (в. 1985) |
Деца | 3 |
Живеалиште | Кармел, Индијана, САД |
Установа | Колеџ Хановер (Диплома за уметности) Правен факултет Роберт Х. Мекини, Универзитет Индијана (докторат) |
Потпис |
На функција потпретседател на САД стапува на 20 јануари 2017 година и завршува на 20 јануари 2021 година.. Пред извршување на функцијата потпретседател, Мајк Пенс бил 50-ти гувернер на државата Индијана во периодот од 2013 до 2017 година. Исто така тој бил и член на Претставничкиот дом на САД од 2001 до 2013.
Пораснат во Колумбо, Индијана, дипломирал на Универзитетот во Индиана (Robert H. McKinney School of Law). По завршувањето на високото образование тој ја започнува својата политичка кариера. По губењето на двете шанси за да добие место во Американскиот конгрес (1988 и 1990), тој станува водител на конзервативна радио-тв програма од 1994 до 1999 година. Подоцна во 2000 година Пенс ќе биде избран во Американскиот конгрес и таму ќе ja претставува неговата држава Индијана (2-ра област) и 6-та област во Претставничкиот дом на САД во период од 2001 до 2013 година. Тој ќе биде и претседател на Републиканската конференција (2009 до 2011)[1]. Мајк Пенс важи за „принципиелен конзервативен политичар‘‘ и поддржувач на конзервативното ‚‚Tea Party‘‘ движење[2], наведувајќи постојано дека тој е ‚‚христијанин, конзервативец и републиканец, по овој редослед‘‘[3].
Откако станува Гувернер на Индијана, јануари 2013 година, Пенс го иницира најголемото даночно намалување во историјата на државата Индијана и поттикнува зголемување на средствата за нови иницијативи во образованието.
Мајк Пенс е познат во јавноста и како голем противник на абортусот и правата на ЛГБТ. Со потпишувањето на Законот за верски слободи(Religious Freedom Restoration Act), тој ќе наиде на силен притисок од страна на некои членови на неговата партија, деловната заедница и лгбт кои ќе сметаат дека со тој закон се дискриминираат правата на геј популацијата. Кратко потоа, тој ќе потпише закон со кој се забранува дискриминација врз основа на сексуалната ориентација, родов идентитет и други основи[4].
На 8 ноември 2016 година, Пенс беше избран за потпретседател, откако во јули ја напуштил својата кампања за гувернаторски реизбор во Индијана. Тој во својство на кандидат за потпретседател на државата заедно со тогашниот кандидат-претседател Доналд Трамп трчаа да ги добијат Претседателските избори во САД (2016) и со тоа да ги освојат двете највисоки функции во САД, Претседател на Соединетите Американски Држави (Д.Т) и Потпретседател на Соединетите Американски Држави (Мајк Пенс). На тие избори нивен против кандидат беше Хилари Клинтон[5].
Наводи
уреди- ↑ „Indianapolis Politics/Government | Indianapolis Star | indystar.com“. 2015-01-29. Архивирано од изворникот на 2015-01-29. Посетено на 2018-01-19.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ Hulse, Carl (2016-11-11). „Mike Pence Emerging as a Commanding Figure in Trump Administration“. The New York Times (англиски). ISSN 0362-4331. Посетено на 2018-01-19.
- ↑ MikePence08 (2010-08-18), Mike Pence, Standing Strong for Indiana, Посетено на 2018-01-19
- ↑ Holpuch, Amanda (2016-10-04). „Before he was Trump's running mate, Mike Pence led the anti-LGBT backlash“. the Guardian. Посетено на 2018-01-19.
- ↑ „United States presidential election, 2016“. Wikipedia (англиски). 2018-01-17.