Посредни избори
Посредни избори се избори во кои гласачите не ги избираат директно кандидатите или партиите за некоја функција, туку избираат свои посредници кои го прават изборот. Тој е еден од најстарите форми на избори и се користи во многу земји за изборот на шефови на држави (како што се претседатели), кабинети, шефови на влади (како што се премиери), и претставници до горните законодавни домови.
Шефови на држави
уредиСАД
уредиПретседателот на САД се избира посредно, а не директно. На претседателските избори во САД, гласачите гласаат за избирачи во Изборниот колегиум, кои претходно јавно изјавуваат дека ќе поддржат одреден претседателски кандидат.[1] Кога заседава Изборниот колегиум, набрзо после изборите, формално го избира кандидатот кој освоил мнозинство од членовите на Изборниот колегиум. Членовите на федералниот кабинет, вклучувајќи го и потпретседателот, се номинирани од страна на претседателот, и на тој начин се избираат индиректно.[2] Изборниот колегиум е контраверзно прашање во политиката на САД, особено после претседателски избори на кои гласањето е географски поларизирано на таков начин што Изборниот колегиум избира кандидат кој не го освоил мнозинството од гласовите.[3]
Парламентарни системи
уредиРепубликите со парламентарен систем обично го избираат својот шеф посредно (на пр. Германија, Италија, Естонија, Латвија, Малта, Унгарија, Индија, Израел, Бангладеш).[4] Други, пак, парламентарни републики, како што се Ирска, Австрија, Хрватска, Бугарија и Чешка, го избираат претседателот на непосредни избори.[5]
Наводи
уреди- ↑ Ross, Robert (2016). „Federalism and the Electoral College: The Development of the General Ticket Method for Selecting Presidential Electors“. Publius: The Journal of Federalism. 46 (2): 147–169. doi:10.1093/publius/pjv043.
- ↑ Uscinski, Joseph (January 2012). „Smith (and Jones) Go to Washington: Democracy and Vice-Presidential Selection“. PS: Political Science & Politics (англиски). 45 (1): 58–66. doi:10.1017/S1049096511001715. ISSN 1537-5935. S2CID 155697464.
- ↑ Waller, Allyson (2021-01-05). „The Electoral College Explained“. The New York Times (англиски). ISSN 0362-4331. Посетено на 2023-04-10.
- ↑ Sargentich, Thomas O. (1993). „The Presidential and Parliamentary Models of National Government“. American University International Law Review. 8 (2/3): 579–592.
- ↑ „Parliamentary System“. Annenberg Classroom (англиски). 2017-08-04. Посетено на 2023-04-11.