Државен секретар на Соединетите Американски Држави

Државен секретар на Соединетите Американски Држави ― член на Федералната влада на САД кој е на чело на Стејт департментот во чија надлежност се надворешните работи. Тој е највисоко рангиран член на американскиот кабинет на претседателот.

Амблем на американскиот Стејт департмент
Грб на државниот секретар на САД

Функцијата е креирана во 1789 година, а Томас Џеферсон бил прв носител оваа функција. Државниот секретар ги претставува САД пред странските земји, и затоа се поистоветува со министер за надворешни работи во други земји. [1] [2] Државниот секретар го именува претседателот на Соединетите Американски Држави, а потоа го гласа Сенатот.

Актуелен државен секретар е Ентони Блинкен, кој на 26 јануари 2021 година бил изгласан од Сенатот. [3]

Историја

уреди

По ратификувањето на Уставот на Соединетите Држави, првиот Конгрес на Соединетите Американски Држави го креирал Стејт Департманот и создал Канцеларија на државниот секретар за да го води одделот. [4]

Должности и одговорности

уреди

Должности на државниот секретар се: да ја надгледува работата на дипломатските претставништва на САД, надзор врз политиката за имиграција и да раководи со Стејт департментот. Секретарот, исто така, го советува претседателот поврзани со надворешните работи на САД, како што е назначување и отповикување на дипломати и амбасадори. Државниот секретар може да води преговори, да толкува и раскинува договори кои се однесуваат на надворешната политика. Секретарот може да учествува и на меѓународни конференции, организации и агенции како претставник на САД. Тој, исто така, дава услуги на американски граѓани кои живеат или патуваат во странство, како што се обезбедување акредитиви во форма на пасоши. Со тоа, секретарот обезбедува и заштита на граѓаните, нивниот имот и интереси во странство.[5]

Шест државни секретари подоцна станале американски претседатели: Томас Џеферсон, Џејмс Медисон, Џејмс Монро, Џон Квинси Адамс, Мартин Ван Бурен и Џејмс Бјукенан. Многу други, меѓу кои се и Хенри Клеј, Даниел Вебстер, Луис Кас, Џон К. Калхун, Џон М. Клејтон, Вилијам Џенингс Брајан , Александар Хејг, Џон Кери и Хилари Клинтон биле кандидати за претседател на САД, без разлика дали пред или по нивниот мандат како државен секретар, но загубиле на изборите. Според тоа, позицијата на државен секретар се смета за утешна награда за неуспешните претседателски кандидати. [6]

Наводи

уреди
  1. "Heads of State, Heads of Government, Ministers for Foreign Affairs", Protocol and Liaison Service, United Nations.
  2. NATO Member Countries, NATO.
  3. „U.S. Senate: U.S. Senate Roll Call Votes 117th Congress – 1st Session“. www.senate.gov. Посетено на January 31, 2021.
  4. „1 United States Statutes at Large, Chapter 4, Section 1“. Архивирано од изворникот на 2022-04-08. Посетено на 2023-01-04.
  5. „Duties of the Secretary of State“. U.S. Department of State. Посетено на February 1, 2017.
  6. Празен навод (help)

Надворешни врски

уреди