Правилник за четите на ТМОРО

Правилникот за четите на ТМОРО е регулативен акт на Македонската револуционерна организација со него биле точно определени местото и улогата на четите во македонското националноослободително движење.

Правилник на четите на ТМОРО

Создавање

уреди
Македонска револуционерна
организација (МРО)
 

Правилникот бил изработен од страна на Гоце Делчев и Ѓорче Петров во 1900 година [1], и тоа врз членот 11 од Уставот на ТМОРО и окружното на ЦК од октомври 1898 година. Според Борис Сарафов, правилникот бил изработен од Ѓорче Петров и капетанот Димитар Венедиков. Правилникот бил хектографиран и верификуван од страна на Централниот комитет. За време на Солунската провала од 1901 година, правилникот се нашол во рацете на турските власти, и од тука најверојатно потекнуваат бројните негови варијанти, односно слободни толкувања кој се нашле меѓу солунските конзули.

Состав

уреди

Правилникот се состоел од 47 члена, поделени во 5 глави. I глава не била нумерирана и на свој начин претставувала преамбула. Во II глава се регулирани а) агитацијата, б) организацијата, в) извршените задачи г) крајните задачи на четата. III глава се однесува на општите правила за четата. Во IV глава се утвредени односите помеѓу комитетот и четата. V глава ги регулира составот и внатрешниот ред на четите.

I глава

уреди
Во секој револуционерен реон се утврдува по една чета, која е неразделен дел на Организацијата. Таа се движи тајно во реонот по потреби на делото и по распоред на Месниот комитет [2]

II глава

уреди
член 1. Четата како дополнителен дел на месната организација ги разјаснува и шири меѓу населението идеја, целта и задачата на Организацијата, определени во нејзиниот Устав и Правилник, член 3. Четата треба да влијае морално кај населението во корист на идејата за самоворужување, член 5. Четата е должна да го обучува населението во воен поглед, член 6. Четата е должна да се грижи за воружувањето на населението, член 7. Четата е должна да му помага на месниот комитет при насилно собирање пари за потребите на делото, член 8. По наредба на Комитетот, четата ги исполнува смртните казни, член 9. Четата е должна да ги прогонува разбојниците независно од ниваната вера и национална припадност. Истовремено таа ги преследува сите други чети на својата територија, кои не припаѓаат на ТМОРО, член 10. Четата не смее да прави никакви политички обири и грабежи во името на ослободителното дело, член 11. Четата како вооружена јатка на повик на ЦК треба прва да го крене и разве знамето на востанието.

III глава

уреди
член 16. мерки од покрупен карактер, кои можае да ја завлечат организацијата предвремено во борба, се сметаат за престапни и предавнички. Виновниците се гонат и казнуваат како престапници и народни душмани.

IV глава

уреди
член 19. Четат е потчинета на месното раководно тело, ги исполнува неговите наредби, а за своите намери бара дозвола од него и го известува за стореното, член 25. Четата не смее да го напушти својот реон без дозвола на ЦК.

V глава

уреди
член 27. Четата се состои од 7 или повеќе души, според потребите и условите во кои се наоѓа реонот. Секоја чета има свој началник кој се определува од ЦК, член 29. Составот на четниците е направен во согласност со месното раководство, четата не може да прими нов член без знаење на раководителот, но ни тој не може да и наложи таков без нејзина согласност, член 30. Се допушта привремено засолнување во четата на лица кои се компромитирани пред властите, член 42. Четниците и нивниот началник сносат еднаква одговорност пред Комитетот за постапките на четата, член 45. Интригите, среброљубието, егоизмот и непослушноста се казниви, член 46. Смртна казна следува за а) предавството кон поединец, четата или Организацијата, б) поради издавање на тајна со која е доведена во опасност Организацијата, четата или поединец в) ако поради своеглавост и од лични амбиции се преземаат дејства спротивни од намената на четата и духот на Организацијата г) дезетерство за време на акција д) кога четата по подолго набљудување на некого оцени дека заслужува смрт, член 47. Решенијата за смрт се донесуваат од целата чета и со одобрување на реонското раководно тело.

Извори

уреди
  1. Димески, Д. Македонското нацинално движење во Битолскиот вилает 1893 - 1903.
  2. Правилник за четите на Тайната Македонско - Одринска революционна организация, ам. ф. Фо, мф 329, 195/2157, No. 207.

Надворешни врски

уреди
  • www.angelfire.com (Правилник на четите на Тајната македонско-одринска револуционерна организација)