Портал:Стар Рим
Македонија · Уметност · Биографија · Географија · Историја · Јазик · Математика · Филозофија · Наука · Општество · Технологија уреди
СТАР РИМРимската држава била создадена на Апенинскиот Полуостров. Опкружен од три страни со мориња, слабо разгранет брег, имал блага клима и мошне плодна земја. Северниот дел од полуостровот е рамничарски и погоден за земјоделие, а средниот и јужниот се планини кои се погодни за развој на сточарството. Во страриот век на Апенинскиот Полуостров живееле многу племиња. Најпознати биле: Галите, Италите, Латините, Умбрите, Самнитите и други. По Италите подоцна Апенинскиот Полуостров го добил името Италија. Во јужниот дел на Апенинскиот Полуостров и на Сицилија живееле колонии на Хелените и овој дел бил наречен Магна Граециа. Етрурците ја населувале Средна Италија (ден. област Тоскана). Тие биле едни од најстарите жители на Италија. Нивното потекло сè уште не е точно утврдено. Тие во 8 и 7 век п.н.е имале свои градови со развиено занаетчиство и трговија. Градовите биле со поплочени улици, тротоари, канализација и водовод. Етрурците имале високо развиена култура. За тоа сведочат голем број на материјални остатоци. Тие извршиле големо културно и политичко влијание на римската држава. Прочитајте повеќе уреди
Избрана статијаМузиката бил важен дел од секојдневниот живот во Стариот Рим. Многу приватни и јавни настани биле придружувани од музика, од вечери до воени паради и маневри. Меѓутоа дискутирајќи за било која античка музика, нестручњаците, а и многу музичари мора да се присетат колку денешната музика зависи од нејзиниот развој во последните 1000 години; така, нашите поимувања за мелодија, скали, хармонија, па дури и инструментите кои ги користиме, би им се виделе необични на римјаните. Чудно е, но денес помалку се знае за римската, отколку за старогрчката музика. За грците имаме ред (иако делумни) извори. На пример, ова се музичките теории на Питагора и Аристоксен (некои преку грчки, а некои преку подоцнежни римски извори), и има околу 40 дешифрирани примери за старогрчка музичка нотација. Прочитајте повеќе уреди
Дали сте знаеле...
уреди
Избрана слика
уреди
Избрана биографијаГај Плиниј Сесил Втори (латински: Gaius Plinius Caecilius Secundus) (63 - околу 113), подобро познат како Плиниј Помладиот, бил правник, автор и природен философ во Стариот Рим. Плиниј е роден во Комум, Италија, како син на замјопоседнк по име Луциј Сесил и неговата жена Плинија. Плиниј Помладиот исто така бил внук (по мајчина линија) на Плиниј Постариот. Татко му умира млад; како резултат на тоа, Плиниј веројатно живеел со мајка си. Неговиот заштитник бил Луциј Вергиниј Руф, познат по дигањето на бунт против Нерон. По првичното туторување дома, Плиниј допатувал до Рим каде го продолжил образованието и учел реторика кај големиот учител и автор Квинтилијан и Никет Сакердос од Смирна. Прочитајте повеќе уреди
Категорииуреди
Работи кои може да ги направиш
уреди
Поврзани портали
|