Едил (лат.> aedilis од aedes: зграда, куќа) е назив за виш службеник на градската управа во Римското Царство.

Секоја година се избирале по два плебејски (од 494 г. п.н.е.) и два курулски едили (од 367 г. п.н.е.)[1] и тие биле помошници на народните трибуни и се грижеле за организирањето на јавните игри, за прехранувањето на населението, за одржувањето на јавните згради и патишта, за јавниот ред и морал, за управувањето со државните архиви итн.

Во периодот на царевите функцијата на едилот била ограничена, а во периодот на Диоклецијан едилите сосема исчезнуваат како функционери на градските магистрати.

Ознаки на функцијата биле:

  • тога praetexta (тога со широка пурпурна лента)
  • Sella curulis (столче на расклопување од слонова коска - само за курулските едили).

Оваа функција е еквивалент на старогрчката функција агораном.

Наводи

уреди