Портал:Архитектура/Избрана биографија/2009

Избрани биографии во порталот:Архитектура се оние статии поврзани со животниот пат на архитектите кои корисниците на Википедија ги сметаат за најквалитетни најсодржајни. За една биографија да биде избрана најпрвин треба да биде изгласана. Избраната биографија опстојува на порталот еден месец.

Предлагачот на статијата треба само да предложи извадок од некоја статија поврзана со некој шахист на разговорната страница којашто потоа треба да биде изгласана од корисниците на Википедија.

Гласањето се одвива така што секој може да го даде својот глас или својот коментар, користејќи ги предлошките: {{за}}, {{воздржан}}, {{против}} или {{коментар}}. Само гласовите од регистрираните корисници се земаат во предвид. Гласањето завршува на последниот ден од месецот во 24 часот.

декември
Имхотеп
во хиероглифи
M18mR4
Имхотепстароегипетски полихистор, кој служел за време на III династија како канцелар на фараонот Џосер и како свештеник на сончевиот бог Ра во Хелиополис и се смета за првиот архитект и лекар во историјата кој се знае по име.

Имхотеп е единствениот смртник прикажан на подложниот камен на кралевата статуа и еден од малкуте обични граѓани воздигнати до божество по смртта. Центар на неговиот култ бил Мемфис. Од Првиот преоден период па натаму, Имхотеп бил длабоко почитуван и како поет и философ. Прочитајте повеќе


ноември

Жил Ардуен Мансар (1646 — 1708) — француски архитект чии дела се сметаат за врвот на француската барокна архитектура, означувајќи ја моќта и величественоста на кралот Луј XIV.

Роден е по име Жил Ардуен, и учел кај прославениот брат на дедо му, Франсоа Мансар, еден од основачите на класичната традиција во француската архитектура; Ардуен потоа ја наследил неговата збирка на планови и нацрти и го присвоил неговото прочуено име. Учел и од Либерал Бриан, архитектот на болницата на кралските ветерани во Париз, неречена Les Invalides („Инвалидски дом“). Ардоен Мансар станал главен архитект на Луј XIV, најпрвин доградувајќи го кралскиот дворец Сен-Жермен-ан-Ле, а потоа Версај од 1675. Тогаш станал и Надзорник на Зградите на кралот (surintendant des Bâtiments du Roi). Прочитајте повеќе


октомври

Микелоцо Микелоци (1391 — о. 1472) —бил италијански архитект и вајар.

Работел во мермер, бронза и сребро. Негово дело е статуата на младиот Св. Јован над вратата на црквата Санта Марија дел Фјоре („дуомо“-то) во Фиренца, од спротива на Крстилницата; исто така направил и прекрасна сребрена статуетка на Јован Крстител на предниот олтар во црквата Сан Џовани. Голем пријател и патрон на Микелоци бил Козимо Медичи, кого го придружувал во Венеција во 1433 за време на неговото кратко прогонство. Додека бил во Венеција, Микелоцо ја изградил библиотеката во Сан Џорџо Маџоре, а таму проектирал и други згради. Прочитајте повеќе


септември

Андре Ле Нотр (1613 — 1700) — пејзажен архитект и градинар на Луј XIV од 1645 до 1700 год. Негово најзначајно дело е паркот на Версај. Неговите урбанистички дела се исто така од значење, како оние кај Тујлерискиот дворец каде ја проширил глетката западно, место кое подоцна станува булеварот Елисејски Полиња и ја сочинува т.н. Историска оска.

Ле Нотр проектирал и многу други градини и паркови, како оние кај Шантији, Фонтенблоскиот дворец, Рокониџи, Сен-Клуд, Сан-Жермен-ан-Лај и Св. Џемјсовиот парк. Исто така соработувал и со Луј Ле Во и Шарл Ле Брен на паркот на Во-ле-Виконт. Татко му на Андре Ле Нотр, Жан Ле Нотр бил градинар на Луј XIII. Прочитајте повеќе


август

Лудвиг Мис ван ден Рое (1886 — 1969) — германски, а подоцна американски архитект. Од неговите колеги, студенти, од писателите и многу други бил и менуван со Мис.

Мис, заедно со Валтер Гропуис и Ле Корбизје се смета за едни од основоположниците на современата архитектура. Тој бил во потрага по архитектура, која ќе биде огледало на животот во 20. век. Неговите градби се одликуваат со чисти форми и со интензивна употреба на стакло, челик и бетон. Неговата работа придонела за појавата на згради со стаклени фасади. За градбите кои ги конструирал, велел дека се „коска и кожа“. Прочитајте повеќе


јули

Јакопо Сансовино (1486 — 1570) — италијански вајар и архитект, прочуен по своите градби околу плоштадот Св. Марко во Венеција. Во предговорот на неговите „Четири книги за архитектурата“, архитектот Андреја Паладио сметал дека Сансовиновата Марцијанска библиотека била најдобрата градба изградена по Антиката. Во книгата „Животите на најинзвонредните сликари, вајари и архитекти“, Џорџо Вазари му оддал чест на Сансовино со тоа што го испечатил неговата биографија посебно. Прочитајте повеќе


јуни

Иниго Џонс —(1573 — 1652) — првиот истакнат британски архитект и првиот кој ја донел ренесансната архитектура во Англија. Дал и важни придонеси кон сценографијата.

За младоста на Џонс се знае малку. Роден е во Смитфилд во центарот на Лондон, како син на текстилец-католик, и крстен е во црквата Свети Вартоломеј Малиот. Кон крајот на XVI век, бил еден од првите Англчани кои учеле архитектура во Италија, посетувајќи ја земјата на двапати. Првата посета (~1598-1603) веројатно ја остварил со парични средства на Роџер Менерс, Петтиот Ерл од Ратленд. Прочитајте повеќе


мај

Оскар Нимаер (1907 — 2012) — бразилски архитеклт, кој се смета за еден од најзначајните претставници на меѓународната модерна архитектура. Тој е еден од пионерите во истражувањето на можностите за искористување на железниот бетон на естетски план.

Неговите градби се одликуваат со тоа што се пространи и оголени, со мешавина на волуменот и слободниот простор за да се создадат оригинални декорации, кои често се потпрени на пилотис. И критичарите и оние што го фалат го сметаат за „вајар на споменици“. Прочитајте повеќе


април

Ланселот Браун (1716 — 1783) — англиски пејзажен архитект. Запаметен е како „последниот голем англиски уметник од XVIII век на кого му се оддало достојно признание“, како и „најголемиот градинар на Англија“. Браун има проектирано над 170 паркови, а многу од нив постојат и денес. Неговото влијание е толку големо, што придонесите кон англиската пејзажна градина на Чарлс Бриџман и Вилијам Кент често остануваат незабележани.

Роден е во селцето Киркхарли, Нортамберленд во Англија, а одел на училиште во Камбо. Во Киркхарли како момче работел во градината на главната резиденција на Сер Вилијам Лорен. Прочитајте повеќе


март

Џорџо Вазари (1511 — 1574) — италијански сликар и архитект, денес познат по неговите биографии на италијански уметници со кои тој се смета за основоположник на историјата на уметноста.

Вазари е роден во Арецо, Тоскана. Уште на рана возраст, неговиот братучед Лука Сињорели го препорачува како ученик на Џуљелмо да Марзиља, вешт сликар на витражи. На шеснаесет годишна возраст, кардиналот Силвио Пасерини го праќа во Фиренца, и таму Вазари му се приклучува на кругот на Андреа дел Сарто и неговите ученици Росо Фјорентино и Јакопо Понтормо каде се стекнува со хуманистичка наобразба. Таму се спријателува со Микеланџело, чиј стил на сликање извршува влијание врз сопствениот. Прочитајте повеќе


февруари

Џон Неш (1752 — 1835) — англиски архитект одговорен за изгледот на Регентски Лондон.

Роден е во Ламбет, Лондон како син на велшки млиноконструктор и учел кај архитектот Сер Роберт Тејлор, но неговата кариера била првично краткотрајна и неуспешна. По добивањето на големо наследство, тој се повлекол да живее во Велс, но го изгубил речиси целото богатство по пат на лоши инвестиции и во 1783 банкротирал. Ова го натерало да продолжи со работата како архитект, првично фокусирајќи се на куќи на село, во успешно орташтво со пејзажниот градинар, Хемфри Рептон; тие соработувале така што едниот го правел објектот, а другиот неговиот терен. По некое време, Неш се почувствувал способен за да се врати на работа во Лондон, во 1792. Прочитајте повеќе


јануари

Винченцо Скамоци (1548 — 1616) — италијански архитект и архитектонски писател, главно активен во Виченца и Венеција во втората половина на XVI век. Тој е најважната фигура во регионот, заедно со Андреја Паладио и Балдасаре Лонгена, единствениот ученик на Скамоци.

Скамоци е роден во Виченца. Татко му, Џан Доменико Скамоци, бил геометар и градежен изведувач; тој бил воедно и неговиот прв учител, задојувајќи го со принципите на Себастијано Серлио. Во периодот од 1579-1580, Винченцо го посетил Рим, а потоа во 1581 се преселил во Венеција. Во 1600 ја посетил и Франција и таму оставил книга на скици со неговите впечатоци од француската архитектура, откриена дури во 1960 г. Прочитајте повеќе


Архива на избрани биографии
2010
Јакопо Бароци да Вињола · Антони Гауди · Донато Браманте · Френк Лојд Рајт · Филипо Брунелески · Ото Вагнер · Кензо Танге · Леон Батиста Алберти · Луис Саливен · Сенмут · Осип Бове · Франческо Боромини
2009
Винченцо Скамоци · Џон Неш · Џорџо Вазари · Кејпабилити Браун · Оскар Нимаер · Иниго Џонс · Јакопо Сансовино · Лудвиг Мис ван ден Рое · Андре Ле Нотр · Микелоцо Микелоци · Жил Ардуен Мансар · Имхотеп
2008
Џан Лоренцо Бернини · Андреја Паладио · Синан · Витрувиј