Балдасаре Лонгена

Балдасаре Лонгена (итал. Baldassare Longhena; 159818 февруари 1682) — венецијански архитект од XVII век, еден од најголемите барокни дејци во своето време.

Најпознатото дело на Лонгена, базиликата Санта Марија дела Салуте

Животопис

уреди

Лонгена е роден во Венеција, учел кај архитектот Винченцо Скамоци. По смртта на својот учител ги довршил неговите згради за Новите прокурации на плоштадот Свети Марко - величествен комплекс од домови и канцеларии на венецијанските функционери кои му го даваат денешниот изглед на плоштадот.

Неговото најпознато дело е отмено украсената базилика Санта Марија дела Салуте, започната во 1631 г. како благодарност кон Дева Марија за спасот на Венеција од чума. Оваа двокуполна црква на полуостровот помеѓу Големиот канал итн. „Сплавови“ е една од најпознатите знаменитости на градот. Главниот влез на црквата, обликуван по пример на римските триумфални арки, подоцна станал предмет на имитација во неколку последователни катедрали во Венеција и пошироко.

Лонгена проектирал многу други цркви во Венеција, меѓу кои се т.н. Оспедалетска црква и црквата Санта Марија дељи Скалци, изградени помеѓу 1656 и 1680 г., иако фасадата на второспоменатата црква е дело на Џузепе Сарди.

Едно од неговите најголеми дела е катедралата во Кјоџа, изведена помеѓу 1624 и 1647 г. Со завршувањето на катедралата, Лонгена проектирал две елегантни палати на Големиот канал во Венеција - Ка' Рецонико и Ка' Пезаро, обете завршени по неговата смрт.

Починал во Венеција во 1682 г.

Наводи

уреди
  • Frank, Martina, Baldassare Longhena, (Studi di arte veneta. 8), Венеција 2004
  • Andrew Hopkins, Baldassare Longhena, Милано, 2006

Галерија на дела

уреди

Наводи

уреди
  • Frank, Martina, Baldassare Longhena, (Studi di arte veneta. 8), Venice 2004
  • Andrew Hopkins, Baldassare Longhena, Milan, 2006