Јакопо д'Антонио Сансовино (итал. Jacopo d'Antonio Sansovino; 2 јули 148627 ноември 1570) — италијански вајар и архитект, прочуен по своите градби околу плоштадот „Св. Марко“ во Венеција. Во предговорот на неговите „Четири книги за архитектурата“, архитектот Андреја Паладио сметал дека Сансовиновата „Маркова библиотека“ (Biblioteca Marciana) е најдобрата градба изградена по антиката. Во книгата „Животите на најизвонредните сликари, вајари и архитекти“, Џорџо Вазари му оддал почит на Сансовино со тоа што го испечатил неговата биографија посебно.

Портрет на Јакопо Сансовино од Тинторето.
Марковата библиотека во Венеција
Лоџетата на камбанаријата на „Св. Марко“ во Венеција

Животопис

уреди

Сансовино е роден во Фиренца и чиракувал кај Андреја Сансовино чие име подоцна го прифатил, променувајќи го неговото родено име Јакопо Тати.

Во Рим бил забележан од Браманте и Рафаело, и изработил восочен модел на „Положувањето на Христа“ како нагледно средство за сликарот Пјетро Перуџино. Во 1511 Сансовино се вратил во Фиренца каде добил нарачки за мермерни скулптури на Св. Јаков за Дуомото и статуа на богот Бах, денес во Барџело. Меѓутоа неговите предлози за украсување на фасадата на базиликата Сан Лорецо, биле отфрлени од Микеланџело, кој бил надлежен за проектот. За ова Сансовино во 1518 му напишал горко протестно писмо.

Во периодот од 1510-17 Сансовино држел студио заедно со сликарот Андреја дел Сарто, со кој користеле и заеднилки модели. како и сите италијански архитекти од XVI век, Сансовино вложувал големо време и труд на сложени, но привремени градби за дворски свечености. Триумфалното влегување на папата Лав X во Фиренца во 1515 го претставува врвот на овој жанр. Подоцна Сансовино се вратил во Рим каде останал 9 години, а потоа се преселил во Венеција истата година кога се случил Грабежот на Рим.

Во 1529 Сансовино станал главен архитект и надзорник на имотите („Протомаестро“ или „Прото“) на прокураторите на „Св. Марко“, и со тоа станал еден од највлијателните уметници во Венеција. За ова тој примал плата од 80 дукати и бил сместен во стан близу камбанаријата на „Св. Марко“. За една година платата му се накачила на 180 дукати годишно [1] . Меѓу неговите ремек дела се и важните згради и градби во центарот на градот близу плоштадот „Св. Марко“, особено рустичната Цека (ковница за пари), богато украсената Лоџета и скулптурите крај камбанаријата, како и разни статуи и релјефи за базиликата „Свети Марко“. Учетсвувал и во обновата на разни згради, цркви, палати и установи меѓу кои црквите Св. Јуијан, Сан Франческо дела Виња, Св. Мартин, Сан Џеминијано (денес урната), Санто Спирито на Изола, и црквата при Инкурабилите. Меѓу палатите и зградите се вбројуваат Големата Милосрдна школа (првични планови), Ка' де Дио, Палацо Долфин, Палацо Корнер, Палацо Моро, и Новите работилници кај мостот „Ријалто[2].

Неговото најзначајно ремек-дело е библиотеката на базиликата Свети Марко, наречена Маркова библиотека (Biblioteca Marciana), една од најбогато украсените ренесансни градби во Венеција, која е сместена пред Дуждовата палата од другата страна на пјацетата. Изградбата траела 50 години и чинела над 30,000 дукати[3]. Во ова дело тој успешно го употребил јазикот на of класицизмот, традиционално сметан за строг и воздржан, на начин прифатлив за Венецијанците кои љубеле украсени фасади. Ова приготвило теренот за грациозната архитектура на Андреја Паладио.

Сансовино умрел во Венеција, а неговата гробница се наоѓа во крстилницата на базиликата „Св. Марко“. Неговиот најзначаен следбеник во вајарството е Алесандро Виторија.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. D. Howard, стр. 9.
  2. D. Howard
  3. D. Howard, стр. 155.

Литература

уреди
  • Boucher, Bruce. The Sculpture of Jacopo Sansovino. 2 vols. (New Haven: Yale University Press) 1991. Monograph and catalogue raisonnée of the sculpture.
  • Tafuri, Manfredo (Jessica Levine, translator). Venice and the Renaissance. (Cambridge MA: MIT Press) (1985) 1989. Sansovino's cultural context.
  • Deborah Howard. Jacopo Sansovino Architecture and Patronage in Renaissance Venice. Yale University Press 1975.</ref>