Портал:Архитектура/Избрана биографија

Џовани (Џан) Лоренцо Бернини (1598 — 1680) — истакнат италијански барокен вајар, архитект, сликар, писател, режисер и организатор на јавни свечености.

Бернини се родил во Неапол во семејството на способниот маниристички вајар Пјетро Бернини, родум од Фиренца. На седум-годишна возраст Џан Лоренцо го придружувал татка си во Рим, каде тој работел на неколку значајни проекти. Таму сликарот Анибале Карачи и папата Павле V ја приметиле умешноста на момчето, па така Бернини се стекнал со ексклузивното покровителство на кардиналот Шипионе Боргезе внук на Папата. Неговите први дела биле инспирирани од хеленската скулптура. Прочитајте повеќе