Четири книги за архитектурата

Четири книги за архитектурата (италијански: I Quattro Libri dell'Architettura) — архитектонско дело издадено во 1570 г., во четири тома, чиј автор е Андреја Паладио (1508-1580), кој е творецот на правецот наречен паладијанска архитектура.

Насловна страница на Четири книги за архитектурата

„Четири книги за архитектурата“ е трактат на тема архитектура. Тука Паладио ги изложува своите нацрти кои зборуваат за чистината и едноставноста на класичната архитектура, илустрирана од самиот архитект. на англиски книгата за првпат е издадена во Лондон во 1715. Јаснотијата на книгите инспирирале многу патрони и други архитекти. Паладијанската архитектура станала мошне популарна ширум Европа и до XVIII век се проширила и во Северна Америка. Томас Џеферсон, тогашен претседател на САД, бил обожавател на Паладио и еднаш рекол за книгата дека е „Библија“. Четирите книги му послужиле за сопственото дело како архитект на Монтичело при Вирџинискиот универзитет.

Книгата дава систематски правила и планови за згради кои биле креативни и уникатни во своето време. Паладиевиот стил на вили се темели на деталите применети врз структурниот систем изграден од цигли. Паладио нуди два вида на општи правила во делото: нацртни правила – засновани на изглед, и структурни правила – засновани на логикатаљ на изградбата на вили. Тука правилата за двата вида се назначени во множества од кој можат да се постават подмножества на показатели и правила.

Секое од деветте множества од правила содржат многу подпоказатели од составни делови и процедури за физичка изградба. Множеството правила „Ѕидови“ кој дава пет подправила засновани на дебелината на ѕидот има потреба само од правила за изградба; нема потреба од правила засновани на стил. За разлика од ова, правилата за „Костури“ е заснована на геометрискиот стил на кривините и пропорциите на облиците. Резултатите даваат јасни идентитети за композиција на граматиката на облиците која може да се заснова на физичката изградба на визуелниот стил. Овие идентитети се земени од првата книга за архитектурата како и преглед на изградени вили. Еве ги деветте множества од правила кои го определуваат индентитетот:

  1. Ѕидови - параметарска формула
    Вила Пизани во Четири книги за архитектурата
  2. Плафон - параметарска формула
  3. Скалила - параметарска формула
  4. Столбови - параметарски објект
  5. Врати - параметарска формула
  6. Прозорци - параметарска формула
  7. Костури - параметарски објект
  8. Покрив - параметарска формула
  9. Детали - параметарски објект и формула

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди