Портал:Архитектура/Избрана биографија/2009/декември
Имхотеп во хиероглифи | ||||
|
Имхотеп — староегипетски полихистор, кој служел за време на III династија како канцелар на фараонот Џосер и како свештеник на сончевиот бог Ра во Хелиополис и се смета за првиот архитект и лекар во историјата кој се знае по име.
Имхотеп е единствениот смртник прикажан на подложниот камен на кралевата статуа и еден од малкуте обични граѓани воздигнати до божество по смртта. Центар на неговиот култ бил Мемфис. Од Првиот преоден период па натаму, Имхотеп бил длабоко почитуван и како поет и философ. Прочитајте повеќе