Микелоцо ди Бартоломео Микелоци (италијански: Michelozzo di Bartolomeo Michelozzi) (1391 - 1472?) — италијански архитект и вајар.

Микелоцо
НационалностИталијанец
Познат(а) повајарство, архитектура
Значајни делаПалацо Медичи
ПравецРана ренесанса
Палацо Медичи Рикарди во Фиренца

Животопис

уреди

Роден е во Фиренца како син на кројач, и во младоста бил ученик на Донатело.

Работел во мермер, бронза и сребро. Негово дело е статуата на младиот Св. Јован над вратата на црквата Санта Марија дел Фјоре („дуомо“-то) во Фиренца, од спротива на Крстилницата; исто така направил и прекрасна сребрена статуетка на Јован Крстител на предниот олтар во црквата Сан Џовани. Голем пријател и патрон на Микелоци бил Козимо Медичи, кого го придружувал во Венеција во 1433 за време на неговото кратко прогонство. Додека бил во Венеција, Микелоцо ја изградил библиотеката во Сан Џорџо Маџоре, а таму проектирал и други згради.

Во 1428, заедно со Донатело, Микелоцо подигнал проповедница на отворено, на аголот на катедралата Св. Стефан во Прато. Величествениот дворец Палацо Медичи Рикарди во Фиренца, изграден за Козимо, е исто така негово дело; ова е еден од најблагородните примери на италијанската архитектура од XV век, во кој одличниот вкус и способност на архитектот ги искомбинирале деликатната леснотија на италијанската готика со масивната достоинственост на класичниот стил. Со своите големи инженерски вештини, Микелоцо ја поправил и делумно реизградил палатата Палацо Векјо, која тогаш била пропадната, и додал многу важни соби и скалишта. Кога во 1437, благодарение на Козимовата либералност, манастирот Св. Марко во Фиренца бил предаден на Доминиканците од Фјезоле, Микелоцо имал задача да го реизгради домашниот дел и да ја ремоделира црквата.

Микелоцо конструирал бројни други згради за Козимо, највеќето од кои се важни зданија. Меѓу овие била гостилницата во Ерусалим за фирентинските аџии, Козимовата летна вила кај Кареџи и силно утврдениот замок Кафаџоло во Муџело. За Џовани Медичи, Козимовиот син, Микелоцо изградил многу голема и величествена палата во Фјезоле. И покрај изјавата на Вазари дека тој умрел на 68-годишна возраст, по сѐ изгледа дека Микелоцо живеел до 1472 год. Погребан е во манастирот Св. Марко, Фиренца.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди

  Оваа статија вклучуват текст од дело кое сега е во јавна сопственостChisholm, Hugh, уред. (1911). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: ref=harv (link)