Портал:Архитектура/Избрана биографија/2008
Избрани биографии во порталот:Архитектура се оние статии поврзани со животниот пат на архитектите кои корисниците на Википедија ги сметаат за најквалитетни најсодржајни. За една биографија да биде избрана најпрвин треба да биде изгласана. Избраната биографија опстојува на порталот еден месец.
Предлагачот на статијата треба само да предложи извадок од некоја статија поврзана со некој шахист на страницата за разговор којашто потоа треба да биде изгласана од корисниците на Википедија.
Гласањето се одвива така што секој може да го даде својот глас или својот коментар, користејќи ги предлошките: {{за}}, {{воздржан}}, {{против}} или {{коментар}}. Само гласовите од регистрираните корисници се земаат во предвид. Гласањето завршува на последниот ден од месецот во 24 часот.
Марко Витрувиј Полион (о. 80-70 п.н.е — ?) — римски писател, архитект и инженер, кој работел во 1 век п.н.е. За неговиот живот се знае многу малку. Дури и неговото име и средно име не се сигурни. Тие се спомнуваат само од Кетиј Фавентин. Речиси сите податоци за неговиот живот се изведени од неговите дела. Роден е како слободен римски граѓанин во Кампанија. Се мисли дека служел во римската војска во Шпанија и Галија под водство на Јулиј Цезар. Таму веројатно тој бил еден од воените инженери, кои конструирале опсадна машинерија. Во подоцнежните години тој бил вработен од неговиот спонзор, царот Октавијан Август, и се здобил со пензија до крајот на својот живот. Годината на неговата смрт не е позната, што значи дека Витрувиј не бил многу славен во своето време. Прочитајте повеќе
Коџа Мимар Синан Ага (1489 — 1588) — главен отомански архитект за султаните Селим I, Сулејман I, Селим II и Мурат III. Неговото најголемо ремек-дело е Селимовата џамија во Едрене, иако неговото најпознато дело е Сулејмановата џамија во Истанбул. Синан исто така бил еден од првите противземјотресни инженери во светот. Синан се родил како христијанин во Анадолија во малото гратче Ааринас близу градот Кајсери, а неговото потекло е или грчко или ермененско (не може точно да се знае бидејќи во отоманските пописи се запишувала само верата).Прочитајте повеќе
Андреја Паладио (1508 — 1580) — италијански архитект од Падова. Како влијателен архитект, Паладио развил свој Паладијански стил кој се придржувал до класичните римски принципи, наспроти богатата орнаментација на ренесансата. Паладио проектирал многу цркви, вили и дворци, особено во Венеција и околината. Стилот на Паладио станал мода во Европа. Во Британија, Иниго Џонс и Кристофер Рен го прифатиле неговиот стил. Друг обожавател на овој стил бил Ричард Бојл, Четвртиот Гроф од Корк, исто така познат како Лорд Берлингтон кој бил архитектот на Чисвишката куќа заедно со Вилијам Кент. Прочитајте повеќе
Џовани (Џан) Лоренцо Бернини (1598 — 1680) — истакнат италијански барокен вајар, архитект, сликар, писател, режисер и организатор на јавни свечености. Бернини се родил во Неапол во семејството на способниот маниристички вајар Пјетро Бернини, родум од Фиренца. На седум-годишна возраст Џан Лоренцо го придружувал татка си во Рим, каде тој работел на неколку значајни проекти. Таму сликарот Анибале Карачи и папата Павле V ја приметиле умешноста на момчето, па така Бернини се стекнал со ексклузивното покровителство на кардиналот Шипионе Боргезе внук на Папата. Неговите први дела биле инспирирани од хеленската скулптура. Прочитајте повеќе
|
|