Роскилде
Роскилде (дан. Roskilde) е значаен град во Данска, во источниот дел на државата. Градот се наоѓа во округот на покраината Селанд, каде со околните населби претставува една од општините, општина Роскилде. Денес Росаклд има околу 47.000 жители во градот и околу 83.000 жители во поширокото градско подрачје.
Роскилде Roskilde | ||
град | ||
|
||
Земја | Данска | |
---|---|---|
Регион | Зеланд | |
Координати | 55°39′N 12°05′E / 55.650° СГШ; 12.083° ИГД | |
Население | 47,828 (2012) | |
Часовен појас | CET (UTC+1) | |
- лете (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Поштенски бр. | 4000 | |
| ||
Портал: http://www.roskilde.dk/ | ||
Роскилде е познат по градската соборна црква, т.н. Роскилдска катедрала, најстарата готска црква во Северна Европа, која истовремено е и гробница на кралското семејство на Данска.
Природни услови
уредиГрадот се наоѓа во источниот дел на Данска. Од главниот град Копенхаген, градот е оддалечен 35 км на запад.
Релјеф
уредиРоскилде е сместен во средишниот дел на данскиот остров Зеланд. Градското подрачје е направено за данските услови. Надморската височина на градот се движи од 0 до 50 метри.
Клима
уредиКлимата во Роскилде е умерено-континентална со влијание на Атлантскиот Океан и топлата голфска струја.
Води
уредиРоскилде се образувал на крајот на заливот наречен Катинга, дел од Северното Море.
Историја
уредиПодрачјето на Роскилде било населено уште во времето на праисторијата. Денешното население првпат се споменува околу 980 година, а веќе во 1020 година настанало епископско средиште. Во 1268 година, местото ги добила градските права.
Со завршувањето на Втората Северна Војна, во 1658 г. е склучен познатиот Роскилдски мировен договор, според кој заедницата Данска-Норвешка морала да се откаже од речиси половината територии во полза на Шведска.
И покрај петгодишната окупација на Данска (1940-1945) од страна на Третиот Рајх, Роскилде е неговото население не стадале премногу.
Население
уредиДенес Роскилде има над 47.000 жители во градските граници и околу 83.000 во околните населби на градот.
Етничкиот состав: Населението на Роскилде до пред неколку децении беше исклучително етнички данско. И ден денес етничките Данци се значајно мнозинство, но мал дел од населението се доселеници.
Стопанство
уредиРоскилде денес првенствено се потпира на третостепеното стопанство, а најмногу на туризмот. Градот е значаен по истоимениот универзитет со меѓународно значење, кој е исто така една од значајните потпори на градското стопанство.
Галерија
уреди-
Роскилдската катедрала
-
Градската куќа на Роскилде
-
Стариот дел на градот
-
Универзитетска читална