Аеродром Милано Малпенза

Аеродромот Милано Малпенза (IATA: MXPICAO: LIMC)[3][4] — сместен во околијата Варезе, околу 45 километри од центарот на Милано, и е еден од трите аеродроми што го опслужува градот. До аеродромот може да се стигне преку автопатот Милано - Варезе, како и со железничката линија која започнува од станицата "Милано Кадерна". Поврзан е со аеродромот Милано Линате со автобуска линија како и со локална транспортација. Аеродромот Милано Малпенза во 2007 година обработуваше околу 23,7 милиони патници (33 милиони заедно со Милано Линате аеродромот, или преку 39 милиони патници заедно со третиот аеродром кој го опслужува Милано, Орио ал Серио аеродромот). До овој момент, Милано Малпенза аеродромот останува број 1 аеродром во Италија по бројот на патници, заедно со аеродромот Леонардо да Винчи во Рим. При крајот на 2007 година, Алиталија изјави дека ја затвора својата база на Милано Малпенза аеродромот, бидејќи беше донесено одлука авиокомпанијата да се фокусира на аеродромот Леонардо да Винчи. Од одредиштате што Алиталија ги опслужуваше од Милано Малпенза, ќе останат само три прекуокеански летови, и тоа до: Њујорк Кенеди, Токио Нарита и Саун Пауло. Аеродромот Милано Малпенза има два терминала, Терминал 1 за комерцијален сообраќак, и Терминал 2 за нискобуџетни авиокомпании. Терминалот 1 има два сателита: А - Релации во Италија и Европа (Шенген зона). Б - Меѓународен сообраќај. Третиот сателит (Ц) — во фаза на изградба, а исто така ќе биде изградена и трета писта. Постои и карго терминал, наречен "CargoCity" кој обработува околу 410,000 тони карго на годишно ниво.

Аеродром Милано Малпенза

Aeroporto Internazionale di
Milano-Malpensa "Silvio Berlusconi"
Општо
ТипPublic
СопственикSEA S.p.A
ОператорSEA Aeroporti di Milano
Опслужуван градMilan metropolitan area
Northern Italy
МестоположбаFerno, Varese, Italy
Отворен21 ноември 1948; пред 76 години (1948-11-21)
Јазол за
Фокусен град заAmazon Air
Operating base for
Изграден1909–1910
Надморска височина234 м / 767 ft
Координати45°37′48″N 8°43′23″E / 45.63000° СГШ; 8.72306° ИГД / 45.63000; 8.72306
Мрежно местоmilanomalpensa-airport.com/en
Карта
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 526: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Italy Lombardy" does not exist
Карта
Писти
Правец Должина Површина
m ft
17L/35R 3.920 12.861 Asphalt
17R/35L 3.920 12.861 Asphalt
Статистика (2023)
Passengers26,1 millions
Passenger change 22–23 20%
Aircraft movements186,626
Movements change 21–22 57.7%
Cargo tons721,255
Cargo change 21–22 -3.5%
Statistics from Assaeroporti [2]

Статистика

уреди
Година Патници Полетувања/Слетувања Карго (тони)
Јан - Јун 2008 9,866,803 114,750 238,884
2007 23,885,391 267,941 486,666
2006 21,767,267 247,456 419,128
2005 19,630,514 227,718 384,752
2004 18,554,874 218,048 361,237
2003 17,621,585 213,554 362,587
2002 17,441,250 214,886 328,241
2001 18,570,494 236,409 323,707
2000 20,716,815 249,107 301,045
Извор: Assaeroporti

Транспортација до аеродромот

уреди

Аеродромот Милано Малпенза е поврзан со станицата Милано Кадорна преку железничката линија Малпенза Експрес, со застанување на станицата Saronno Centrale и Milano Bovisa. Возовите заминуваат од терминал 1 на секои 30 минути и патувањето трае 45 минути.

Автобус

уреди

Малпенза Комби сервисот и Малпенза Bus Express сервисот го поврзуваат аеродромот со централната железничка станица во Милано како и со метрото. Патувањето трае околу 1 час. Бесплатен комби сервис е понуден помеѓу Терминал 1 и Терминал 2, на секои 20 минути, 24 часа дневно. Исто така аеродромот е поврзан со Линате аеродромот како и со автобуски линии до останатите градови во северна Италија и Швајцарија.

Такси

уреди

Такси превоз е достапен на излезот од двата терминали.

Автомобил

уреди

Аеродромот е поврзан со автопатот А8(Што ја поврзува Италија со Швајцарија, како и со автопатот А4 кој води до Торино.

Авиокомпании и одредишта

уреди

Терминал 1-А

уреди

Терминал 1-Б

уреди
 
Терминал 1-Б

Терминал 2

уреди

Товарен терминал

уреди

Наводи

уреди
  1. „FedEx Express opens new Malpensa hub“. Air Cargo News. 14 February 2017. Архивирано од изворникот 12 March 2017. Посетено на 10 March 2017.
  2. „Excel 2022.xls“ (PDF). assaeroporti.com. Посетено на 2023-03-22.
  3. „Official website of Milan Malpensa airport, flights, parking and services“. www.milanomalpensa-airport.com (англиски). Посетено на 2022-03-20.
  4. „Milan Malpensa Airport (MXP)“. www.airportmalpensa.com. Посетено на 2022-03-20.